Ајде јас вака непокането да се приклучам на дискусијава... Бруки бруки, пу пу пу срамота, ова за секој што не ја гледал Борн трилогијата. Одлични филмови, третиот е најдобар, па првиот па вториот. Сите се супер како и да е. Нема да ви останат во меморија, акционен филм како акционен филм, не се споредува со одредени филмови на Скорсезе, Линч, Коенови, Хичкок, Кјубрик и така натака. Ама сепак, добро снимена акција Е добро снимена акција, без разлика што приказната е стопати видена - лошите момци од циа бркаат добар лош момак кој е тотален лошогаз... Слободно можам да кажам се работи за филмови кои спаѓаат во категоријата топ 20 акциони филмови од претходната декада. Можно е да ве иритира начинот на кој се снимени (shaky cam) ама не смета до толку.
А Борн Легаси, имам чувство дека ќе биде утка, ама јебига тоа е Холивуд, познати се по тоа што секогаш ќе пробаат да го исцицаат секој можен долар од секоја можна страна.