Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ја сега да не се брукам, знам Clerks воа-ноа, кој филм колкава репутација има, ама Dogma ми е дефинитивно број еден филм со Jay & Silent Bob. Ретко кога бендисувам комедии и овој е еден од ретките што сум ги гледал појќе од еднаш.
Ќе го цитирам Mac)), да доловам на кој начин го кажав тоа - Во Титаник не трчаше Мет Дејмон.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.707
Поени од реакции
34.251
Овој и Овој. И Овој :pos:.
IOsono топло препорачује :)
Добро.. изгледа просечното за Дејмон е доволно кога збориме за глума.
Нема ништо посебно во овие од него, каде тој би го носил филмот, туку филмот го носи него.

Е сега, Нортон како што знае да качи просечен филм на култно ниво.. Дејмон не уште 20, уште 50 филмови повеќе да снима - џабе. Црвенко за тој поназад што го стави Нортон под newbie-то.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834

Добро де, не викаме дека е актериште, ама не е лош воопшто. Нортон е приказна за себе.
 
Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Е сега, Нортон како што знае да качи просечен филм на култно ниво.. Дејмон не уште 20, уште 50 филмови повеќе да снима - џабе. Црвенко за тој поназад што го стави Нортон под newbie-то.
Не видов некој да го ставил Дејмон пред Нортон, можеби сум пропуштил некој пост, нема врска. Не знам ни како дојдовме до тоа да ги споредуваме овие двајца. Но штом веќе почнавме, мислам дека сите тука би се согласиле дека Нортон е многу, многу подобар актер, ама дека Дејмон е newbie...
Се согласувам и за тоа дека Нортон скоро секогаш бил носител на филмовите во кои глумел, а на Дејмон некако, му премина во навика да се појавува во споредни улоги. Сепак, отсекогаш сум го почитувал, има секакви ликови глумено (Не знам зошто Eurotrip ми падна на памет, I don't like that movie :LOL:), прилично версатилен актер е.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Од линкот на Иосоно видов дека Нортон ќе глуми негативец во Bourn Legacy, што значи нема да го глуми Џејсон Борн а филмот ипак ќе се вика Bourn Legacy, малку збунувачки ова. Инаку продолжение од овој серијал без Дејмон ќе биде ко црква без икони, и сега се нафурав трилогијава пак да ја гледам уште еднаш по пети пат :). Чудно тоа што Дејмон рекол дека тој би се вратил доколку го повикаат во четвртото продолжение, затоа што лани некаде прочитав негова изјава дека нема шанси да се врати доколку Пол Гринграс не е режисер на филмов.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.745
Поени од реакции
27.745
Искривен вкус :/
значи... те молам немој со вакви споредби кога воопшто не се реални
ти до сега имаш зборено за десетина игри дека се лоши/досадни што им се допаѓаат на поголемиот дел од народот
имаш зборено за десетина филмови што не ти се допаѓаат а им се допаѓаат на поголемиот дел од народот
и имаш зборено за десетина филмови што не им се допаѓаат на поголемиот дел од народот а ти ги фалиш.

имам уште многу фурни леб за да го стигнам твојот искривен вкус :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
5 Days of War (2011)
Препорака за негледање. Да се избегне по секоја цена. Комплетна пропаганда, војната гледана од едната страна, добрите момци наспроти лошите. Го гледав само за да видам што ќе измислат, иако очекував пропаганда, ме разочараа со начинот на кој го направија тоа, премногу отворено и без срам и перде. Подобро ќе беше да снимат нов дел од Рамбо :)
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.132
Поени од реакции
801
5 Days of War (2011)
Препорака за негледање. Да се избегне по секоја цена. Комплетна пропаганда, војната гледана од едната страна, добрите момци наспроти лошите. Го гледав само за да видам што ќе измислат, иако очекував пропаганда, ме разочараа со начинот на кој го направија тоа, премногу отворено и без срам и перде. Подобро ќе беше да снимат нов дел од Рамбо :)
Ми се чини дека секако немаше да го гледам (се сомневав во ова што го посочи). Фала во секој случај за предупредувањето и прими сочуство што си се заебал.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
значи... те молам немој со вакви споредби кога воопшто не се реални
ти до сега имаш зборено за десетина игри дека се лоши/досадни што им се допаѓаат на поголемиот дел од народот
имаш зборено за десетина филмови што не ти се допаѓаат а им се допаѓаат на поголемиот дел од народот
и имаш зборено за десетина филмови што не им се допаѓаат на поголемиот дел од народот а ти ги фалиш.

имам уште многу фурни леб за да го стигнам твојот искривен вкус :)
ХАХ. Е ај баш да ги најдиш тие 10тина, други 10тина и 3ти дестина филма. Доволно е насловите да ги кажеш.
Значи јас тебе не те обвинувам за „искривен вкус“, така ти реков само за да ти кажам дека не треба да се обвинува за искрувен вкус - со иронија го реков тоа.

Па дури и да се 10-20 филма за кои имам пионакво мислење од мнозинството, недоволни се за да ја докажеш твојата хипотеза за мојот искривен вкус (со забелешка дека на форумов ќе најдеш 3-4 за кои го имам кажано моето забележително различно мислење).

Всушност знаеш што? Најди ми 20 филма со линк до моето мислење за нив и доказ дека тоа е забележително различно од мнозинството (доказот вклучува ти да го имаш изгледано и оценето), и јас ќе се откажам од коментирање на филмови (значи од потфорумов) оти нели не сум компетентен за тоа.

ПС. И нормално и јас ќе си имам одбранбен збор. Е да избери си и порота од... 4ца. Ко на суд.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Ајде јас вака непокането да се приклучам на дискусијава... Бруки бруки, пу пу пу срамота, ова за секој што не ја гледал Борн трилогијата. Одлични филмови, третиот е најдобар, па првиот па вториот. Сите се супер како и да е. Нема да ви останат во меморија, акционен филм како акционен филм, не се споредува со одредени филмови на Скорсезе, Линч, Коенови, Хичкок, Кјубрик и така натака. Ама сепак, добро снимена акција Е добро снимена акција, без разлика што приказната е стопати видена - лошите момци од циа бркаат добар лош момак кој е тотален лошогаз... Слободно можам да кажам се работи за филмови кои спаѓаат во категоријата топ 20 акциони филмови од претходната декада. Можно е да ве иритира начинот на кој се снимени (shaky cam) ама не смета до толку.

А Борн Легаси, имам чувство дека ќе биде утка, ама јебига тоа е Холивуд, познати се по тоа што секогаш ќе пробаат да го исцицаат секој можен долар од секоја можна страна.
 
Не знам зошто ама секој што ќе го прашам третиот им е на прво место (ваљда ради тепачката во Мароко). Мене првиот ми е врв ради целата мистерија која преобвладува. Инаку во однос на акциони филмови од овој тип, за мене трилогијава избива на прво место без конкуренција.
 
Тепачката во Мароко, потерата низ Њујорк, the cat-and-mouse game низ Хитроу и нормално крајот:
Борн е застрелан (дискутабилно) тоне во реката, публиката мисли дека е мртов, следна сцена Ники гледа вести во кои е објавена веста дека телото на Борн сеуште не е пронајдено, во истиот момент Борн почнува да прета и плива а ова е проследено со музиката на Моби, оној битот 'квринг квринг' на почетокот од сцената навистина се совпадна убаво :D
А третиот дел според мене е најдобар највеќе заради акционите сцени но првиот е a close second, мое мислење.
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.380
Поени од реакции
4.934
Dogtooth (2009) Многу е болен филмов. Оди во листата на топ 3 најболни филмови што сум ги гледал.. It keeps me hungry.. Значи многу болни умови живеат на Балканов..:cool:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.451
Поени од реакции
6.139
Добро.. изгледа просечното за Дејмон е доволно кога збориме за глума.
Нема ништо посебно во овие од него, каде тој би го носил филмот, туку филмот го носи него.

Е сега, Нортон како што знае да качи просечен филм на култно ниво.. Дејмон не уште 20, уште 50 филмови повеќе да снима - џабе. Црвенко за тој поназад што го стави Нортон под newbie-то.
Субјективно мислење њот-е ,кое го делам со тебе ,али сепак се работи за различни актери на кои неможат да им лежат слични улоги . Само Нортон да не продожит со филмови како Stone , Pride and glory и Leaves of grass па да заборави да глуми . Од друга страна,објективно Мет има толкувано каде каде подобри улоги во последниве години (2та филма на Иствуд,римејкот True grit ,Departed...). Јебига, подобра филмска екипа се јавува во филмовите на Мет(па од тука помал притисок врз актерот) одколку во тие на Нортон но да не заборавиме дека и во најдобрите филмови на Нортон се јавува добра филмска екипа (Пит-Финчер,Ричард Гир,Ентони Хопкинс...),исклучок и тоа голем - American history x .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom