Мала сум, не ме читај уопште.
Многу објективно гледате. Не е финтата до годините. Финтата е во карактерот на луѓето. Некој горе убаво рече, ако имаш сериозна врска се менува мислењето.
Во секоја тема се генерализира. Сегде се генерализира.
Јас знам луѓе шо и на 17 години биле психички многу посозреани за брак отколку некои на 40 со две деца.
Знам парови кои и да ми речат со нивните 20 дека ќе се зимаат, ќе им го оправдам бракот, пошо знам дека ги бива и дека се паметни и знам дека нема да имаат никакви пречки у тоа, знам и такви +30 за коишто ќе се фатам за глава ако чујам дека се женат/мажат.
Значи, генерализирам.
Повеќето мажи пред 25 не се ни обидуваат да имаат сериозна врска. Сакаат да „имаат провод“.
Ќе повторам, не сите, повеќето. Пак генерализирам.
Аха, еве гледам, цела Македонија зема 2.000 евра плата па издржуваат семејство. Иди бре, луѓе со 12.000 денари издржуваат семејство.
Драга моја, јас не сакам да се издржувам со 12.000 денари годишно.
Сакам да идам секоја година на одмор на море, во хотел со доручек, ручек и вечера, а не да готвам додека сум на одмор и да се туткам у еднособен апартман со 2 деца.
Сакам да се возам у пристојна кола, сакам да живеам во пристоен стан/мала куќа, сакам да имам пари да идам еднаш-двапати месечно на шопинг и да не му ја мислам дали да ги запишам децата во странство на факулетет или не.
Ако некој зема 30.000 на 20 години кој му гарантира на тој некој дека за година, две, пет, ќе зема појше?
Ако ти денес си жива, кој ти гарантира дека и утре ќе бидеш? -.-
Ако јас зимам 30к на 20 години (шо чисто сумњам дека постои вакво дете, со свој интелект да зима толкави пари на 20 години, ама ај, колку да ти докажам поента), тоа значи дека ја немам кај да ги трошам парите, пошо иам 20 години. Моите ме издржуваат и живеам кај нив у куќа, веројатно студирам сеуште. Тие 30к би ги тргала на страна и би си ги трошела на шетање и излети по Европа. Нормално, не сите. Во тој случај би била расипник.
Таман додека да стигнам 26, би имала прошетно добар дел од Европа, завршено факултет, со стабилна работа од 30к и мала заштеда на страна. Спремна за да клацкам деца по дома и би ми било голем мерак.
Работата е многу подруга ако си машко. If I were a boy, би собирал пари да отворам сопствен бизнис од кој би имал поголеми приходи од 30к у иднина, за ко ќе ми биде Тина жена, да и напраам 2 деца и да ја носам на одмор секоја година и да не се секира дека ќе треба да живее на кредити цел живот, ко шо праеле нејзините.
Гаранција, не можеш да имаш во
никој случај. И татко ти Рокфелер да е.
Пак многу објективно. Од кај го избаци ова 2-2.5 години? Правило е тоа? Јас знам луѓе кои беа во врска десет години, раскинаа, и по нови врски од некој месец се исповенчаа со други луѓе. Ти со некој можеш да бидеш 100 години, па пак можеш да не го познаваш.
Моите се земале после 6 месеци врска и „уште функционираат“ (се караат секој ден али се гура некако). Знам друг пар кој се земал после 3 години врска и функционираат многу подобро од моите. Ја знам братучетка ми која има врска од веќе 11 години и врската и функционира беспрекорно. Чисто сумњам дека ко ќе се земат нешто ќе се смени.
Има и такви што раскинале долгогодишни врски. Има и такви шо се разведуваат бе. И сеа шо да праам ја? Да си речам: Па шо, и онака има и полоши од мене шо и после 2 месеци се земале, па после се развеле и виделе дека грешат, голема работа, еден брак.
Мислењето ми е многу субјективно, не објективно. Мене ми требаат 2 години најмалку (3 е супер) за да бидам сигурна дека тој е тој со кој треба да си го поминам животот.
Е ова ти е веќе субјективно. Као демек кога ќе се венчаш почнува пеколот? Аманте бе, дај нека не ви ја полнат главата разни натписи по интернет. Од кај знаеш, може поубаво ќе ти биде да клацкаш деца?
Јас не го реков тоа. За мене, поголема радост од дете во животот нема.
Мене и сега би ми било поубаво да клацкам деца отколку да седнам и да учам глупости, ама разумот ми вели: Поубаво е Тино децата да ти живеат без проблеми, без караници дома, без нервирања за кредити, без стегања дали треба да му купиш *вметнирандомименкакојасинтибисакалдајаимаибидалживотзанеа* на син ти и без страв дека утре ден ќе се разбудиш без спокој во себе и ќе бидеш неспособна да им пружиш љубов и внимание на своите деца, пошо ќе бидеш зафатена со доучување на средно/факултет за да најдеш работа.
А, да. Извини за многуброjните цитати.
И да, имам 16 години. <3