Анархија

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не баш се од горенаведеното, но голем дел од нив, да, може.
Но не е тоа битното, битното е зошто ти како програмер за заработуваш 500 евра, а обичен работник во Германија да заработува 2000?

Го гледаш проблемот?
Не е тој проблемот, на пример во индија заработува ни 100 евра.
Зборуваме во светски рамки
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Не е тој проблемот, на пример во индија заработува ни 100 евра.
Зборуваме во светски рамки
Не, проблемот се парите.
Твојата работа е иста со работата што ја работи програмер во Германија. Разликата е во тоа што тој зема 3000-5000 евра а ти земаш 300-500 евра.
Тој може да оди на одмор во Шпанија 3 недели, ти не можеш.

А ресурсите се тука... само пристапот до нив е малку потежок за некои...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не, проблемот се парите.
Твојата работа е иста со работата што ја работи програмер во Германија. Разликата е во тоа што тој зема 3000-5000 евра а ти земаш 300-500 евра.
Тој може да оди на одмор во Шпанија 3 недели, ти не можеш.

А ресурсите се тука... само пристапот до нив е малку потежок за некои...
Е јбг таква ни е државата, која не сака да умре :D
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Е јбг таква ни е државата, која не сака да умре :D
Али кажи шо убо ќе беше да ја работеше таа работа во Германија, а? :)

Комунизмот, кој како што е опишан, можеби е далеку од сега, но систем близок на тој на комунизмот ќе се случи во блиска иднина. Барем почетокот.

Но имајќи предвид со колку голема брзина денес се случуваат промените.... не се знае. :)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Али кажи шо убо ќе беше да ја работеше таа работа во Германија, а? :)
Е ќе беше. Ама ШББКББ...сега е вака.
Комунизмот, кој како што е опишан, можеби е далеку од сега, но систем близок на тој на комунизмот ќе се случи во блиска иднина. Барем почетокот.
Се сомневам. Мислам дека е неможен. Принципите како во кибуците? Да во мал затворен систем функционира...до некаде. Во поголем многу тешко.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Е ќе беше. Ама ШББКББ...сега е вака.

Се сомневам. Мислам дека е неможен. Принципите како во кибуците? Да во мал затворен систем функционира...до некаде. Во поголем многу тешко.
Одамна сме офтопик, а мислам дека и насловов на темава е промашен. :)
Се што се надевам е дека ќе живеам во подобра иднина од оваа денешнава. Во која владетелите ќе ја немаат онаа моќ што ја имаат денес, дека нема да постојат ѓубриња кои несовесно ќе ги трошат ресурсите, дека криминалот во голема мера ќе го снема...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Па и не е многу промашен, Комунизам анархизам исти куац друго паковање.
 
A

AnFem

Гостин
Е па можи ќе сакаш тогаш да го смениш насловот на темава.
Поправи ме ако грешам, ама анархизмот е непостоење на држава, така?
Непостоење на држави значи непостоење на конкуренција.
Непостоење на конкуренција значи немање волја за развој.
Непостоење на развој значи немање напредок.
А без напредок.....STONE AGE, baby....

Организираност не значи и лидерство, но организираност без лидерство.... лутање во празно.

И како што може да забележиш, не сум редовен посетител на подфорумов и многу многу не ме интересираат овие работи. Ме интересира само иднината, а од она што не учи историјата (нели оној кој не ја знае историјата е осуден истата да му се повтори)... ваквата филозофија ќе не врати само назад.
Ах!

Ќе морам овака
http://mk.wikipedia.org/wiki/Анархизам

Тебе мотивација ти е некакво такмичење со другите?
Солидарност, самоорганизираност, еднаквост, правда, слобода, почит, љубов... Тоа е тоа што мене ме мотивира. Тука ја гледам својата иднина и иднината на овој скоро распаднат свет, полн со омраза и завист... Кога овие зборови ќе станат реалност, тогаш и те како ќе се има волја за развој, сега тонеме и се гушиме во капитализмот. Ни го убиваат и оној мал потенцијал што остана во нас. Ни ја гушат креативноста... Каде е тука развојот и напредокот?
 
S

smexy

Гостин
Се што е потребно е да се предизвика хаос,луѓето да се чувствуваат доволно несигурни,да изгубат доверба во власта,да им се стави до знаење дека ништо не може да ги заштити.
Во исто време треба да се создаде јаз и раздор меѓу власта,со шпионирање,кодоши и слично.
Државни но и приватни институции од кои зависи државата да бидат цел на напади.
Да се лиши народот од основните потреби како храна и вода.
Буквално тотален хаос треба.
Тогаш и ќе ги убиеме паразитите.
--- надополнето: Jul 20, 2011 10:39 AM ---
Организираност не значи и лидерство, но организираност без лидерство.... лутање во празно.
Word.
If the King does not lead,how can he expect his subordinates to follow.
На народот му треба симбол на вера,инспиративен авторитет,месија.
Таквите организации кои ќе се борат за бутање на власта,мора да имаат мудар лидер,стратег.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Ах!

Ќе морам овака
http://mk.wikipedia.org/wiki/Анархизам

Тебе мотивација ти е некакво такмичење со другите?
Солидарност, самоорганизираност, еднаквост, правда, слобода, почит, љубов... Тоа е тоа што мене ме мотивира. Тука ја гледам својата иднина и иднината на овој скоро распаднат свет, полн со омраза и завист... Кога овие зборови ќе станат реалност, тогаш и те како ќе се има волја за развој, сега тонеме и се гушиме во капитализмот. Ни го убиваат и оној мал потенцијал што остана во нас. Ни ја гушат креативноста... Каде е тука развојот и напредокот?
Солидарност, еднаквост, братство и единство имаше во и Советска Русија.

Тебе те мотивира љубов, почит и еднаквост... Тебе те мотивира, тоа е најважното овде, 7 милијарди луѓе има на планетата. Во Русија сите користеа ист вид на сапун, сите возеа исти коли сите... можам до утре да продолжам. Ќе го земам за пример Алекс Пажитнов, човекот кој ја создаде познатата игра тетрис, денар не виде од неа зошто за баксуз се погоди во Русија да живее, да беше роден на другата страна од ѕидот тој денес ќе беше мултимилионер. Не знам каде просечниот човек би ја пронашол мотивацијата ако не постои конкуренција, во комунизмот немаше конкуренција и ете што се случи, државата ги прикриваше сите загуби и државата го земаше профитот. Зошто некој би се мачел да произведува нови и подобри производи, зошто би се мачел да ја зголеми ефикасноста на производството кога исто му се фаќа. Конкуренцијата е таа што го придвижува напредокот на пазарот, не знам како не ти е јасно ова.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Постои сериозна разлика помеѓу функцијата водач и улогата водач.

Во анархија, водачите ќе бидат ситуациони. Нема да постојат институции/функции кои ќе го имаат водството.

Секако дека без водење нештата нема да можат да се завршат, но во моментот кога работата ќе биде завршена, структурата на водство ќе се растури, за да се создаде нова, според конкретните барања на проблемот кој треба да се надмине.

Никој нема да има концентрирана моќ повеќе отколку што бара ситуацијата. Hence, ситуационо водство, без идиотските структури, долгорочни функции, бесправно акумулирање на моќ и сл.
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Солидарност, еднаквост, братство и единство имаше во и Советска Русија.

Тебе те мотивира љубов, почит и еднаквост... Тебе те мотивира, тоа е најважното овде, 7 милијарди луѓе има на планетата. Во Русија сите користеа ист вид на сапун, сите возеа исти коли сите... можам до утре да продолжам. Ќе го земам за пример Алекс Пажитнов, човекот кој ја создаде познатата игра тетрис, денар не виде од неа зошто за баксуз се погоди во Русија да живее, да беше роден на другата страна од ѕидот тој денес ќе беше мултимилионер. Не знам каде просечниот човек би ја пронашол мотивацијата ако не постои конкуренција, во комунизмот немаше конкуренција и ете што се случи, државата ги прикриваше сите загуби и државата го земаше профитот. Зошто некој би се мачел да произведува нови и подобри производи, зошто би се мачел да ја зголеми ефикасноста на производството кога исто му се фаќа. Конкуренцијата е таа што го придвижува напредокот на пазарот, не знам како не ти е јасно ова.
Исто како и овој http://en.wikipedia.org/wiki/Grigori_Perelman штета што се роди у Русија.
Mилионер ќе беше...нели?
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Исто како и овој http://en.wikipedia.org/wiki/Grigori_Perelman штета што се роди у Русија.
Mилионер ќе беше...нели?
Генијалците како него ние никогаш нема да ги разбереме, иначе овој има кажано дека, парафразирам: Што ќе ми се пари кога владеам со универзумот. Така некако беше. И има голема разлика, овде станува збор за доброволно одбивање ама истотака и не треба да се заборави дека овој е математичар а не бизнисмен и нема никаква врска со оваа тема, и не го менува фактот дека конкуренција е таа што го придвижува напредокот на пазарот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom