Солидарност, еднаквост, братство и единство имаше во и Советска Русија.
Тебе те мотивира љубов, почит и еднаквост... Тебе те мотивира, тоа е најважното овде, 7 милијарди луѓе има на планетата. Во Русија сите користеа ист вид на сапун, сите возеа исти коли сите... можам до утре да продолжам. Ќе го земам за пример Алекс Пажитнов, човекот кој ја создаде познатата игра тетрис, денар не виде од неа зошто за баксуз се погоди во Русија да живее, да беше роден на другата страна од ѕидот тој денес ќе беше мултимилионер. Не знам каде просечниот човек би ја пронашол мотивацијата ако не постои конкуренција, во комунизмот немаше конкуренција и ете што се случи, државата ги прикриваше сите загуби и државата го земаше профитот. Зошто некој би се мачел да произведува нови и подобри производи, зошто би се мачел да ја зголеми ефикасноста на производството кога исто му се фаќа. Конкуренцијата е таа што го придвижува напредокот на пазарот, не знам како не ти е јасно ова.