Анархија

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не знам :) Гледано од денешен аспект се наметнуваат тие прашања и еден куп други. Мене ме интересира повеќе дали однапред треба да се отфрли помислата на ваков вид на општество, или можеби еден ден треба да му се даде шанса кога ќе се створат услови за тоа.
Треба да се даде шанса, треба за се да се даде шанса.. но треба да се отфрли помислата за розев свет, а да се прифати суровата реалност. Знаеш тоа ти е како да си замислуваш дека онаа девојка од средно што ја шмекаш цело време може да биде твоја, ја посакуваш, дека е супер за ебење и дека животот со нејзе би бил мед и млеко, ама коа ќе ја фатиш за женска, е тогаш може наместо остварување на сонот, да добиеш најлош кошмар...

Вака, прво да си ја прифатиме убаво реалноста, а тоа значи и да ја сфатиме суштината на проблемите што не тиштат (затоа реков, ајде да разговараме за противречностите и авторитетите), па после да најдеме решение. Оти многу е лесно да кажеме WOW анархија, тоа е супер! Е да супер е, ама ако знаеш што да правиш и како да дојдеш до неа...
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
иначе ова за ресторанов ми се допаѓа, брат па ти пак у ресторан, и денес можеш да бираш што сакаш, не знам шо сакаш да кажеш со тоа?! Ако сакаш, ќе јадеш пиперки пржени, ако сакаш ќе јадеш ќебапи, ако сакаш пљескавац, а ако сакаш можеш и сите три работи, а ако сакаш можеш и прасече печење, шо да не! Бај Д веј, искрено и би сакал да работам у ресторан, да праам храна и да послужувам луѓе, ме бива за готвење, пари да не постојат, а си имам добар стан, кола, идам на одмор кај сакам, си имам авионче или бродче некое.. што да не...убаво нели?
Убаво, убаво, уште народот сето тоа да го плаќа најубаво.
Добро рекол Тито кога му рекле дека има проблеми со инфраструктура, со места за живеење.. -све че то народ позлатити-.
Така да супер е да си во некоја соц/ком/анархистичка елита која ќе го цица народот и авиони и се за тебе:)
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Убаво, убаво, уште народот сето тоа да го плаќа најубаво.
Добро рекол Тито кога му рекле дека има проблеми со инфраструктура, со места за живеење.. -све че то народ позлатити-.
Така да супер е да си во некоја соц/ком/анархистичка елита која ќе го цица народот и авиони и се за тебе:)

МА каков народ човече, нитко нече то плачати нит позлатити.. нема потреба од тоа ;)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да не ги мешаме работите, поранешните социјалистички општества ни К, немаат од Комунизам
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Да не ги мешаме работите, поранешните социјалистички општества ни К, немаат од Комунизам
Верувај, секоја идна дистопија ќе го има токму тој резултат.
Оние кои ќе имаат улога врз распределување на суровините и продуктите ќе се појават како нова елита, ќе си тргаат на страна за „нивните“ и целата почетна интелектуална анархистичка егзибиција ќе се сведе пак на некоја вертикална хиерархија. Нема бегање од тоа.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Верувај, секоја идна дистопија ќе го има токму тој резултат.
Оние кои ќе имаат улога врз распределување на суровините и продуктите ќе се појават како нова елита, ќе си тргаат на страна за „нивните“ и целата почетна интелектуална анархистичка егзибиција ќе се сведе пак на некоја вертикална хиерархија. Нема бегање од тоа.
Не случајно спомнав 1984та.
Или “животинска фарма“
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Не случајно спомнав 1984та.
Или “животинска фарма“
Орвел уште во 1948 кога ја напишал 1984 бил свесен за недостатоците на луѓето и што преголемото давање на моќ на државата може да донесе. Во неговата идеја бил СССР, но и современите западни општества, како пример Британија, неговата држава, со преголемиот удел на државата во приватниот живот на граѓаните, каде не се знае до каде е твое до каде е општо и од „национален“ интерес ја сузбива индивидуалноста и потрагата по сопствена среќа.
Убаво кажа во Животинска фарма - сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите, со идејата за правда, за ослободување од луѓето преку револуција, свињите се етаблираа како владеачка класа, која понатаму доведе до расипништво и декаденција, оние работи кои ги гледаме кога на луѓето ќе им се даде премногу моќ за носење на одлуки кои не се во интерес на сите туку за добробитта на нивниот мал специјален круг.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Знаеш.. Многу е подобро кога имаш опција да заработиш и да бираш што сакаш.
Бидејќи -основни ресурси- може во умот на некој иден креатор на систем да се двопек, маргарин и зелка.
Проблемите не можат да се решат, бидејќи Синбад не научи дека човековото око е ненаситно:)
Ај вака...
Дали ти денес можеш да си дозволиш француско сирење или кавијар или викендичка каде било во светот?
Проблеми ќе има, впрочем тие треба да се решат.

Она што прво треба да се направи е да се ограничи моќта на владеачките елити. Прво и основно. Најдобар начин за тоа да се случи е уништување на парите. Но тоа понатака, во блиска иднина битно е да се ограничи што е можно повеќе моќта на владетелите, со самото тоа ќе исчезнат и парите. Впрочем ќе исчезнат откако за секој ќе бидат обезбедени доволно ресурси за доволно луксузен човек.
Понатаму, секој човек ќе мора да направи нешто во животот, некако да придонеси за општеството и развојот. Е сега прашањето... како ќе биде награден кога нема пари? Сигурно ќе измислат некој систем за наградување, поголемо почитување во општеството, популарност, и сл. Па и денеска, многу луѓе работат нешто што сакаат без да бидат наградени. Се е во прашање на интерес. Научник во ЦЕРН не работи за пари.... работи заради што сака да дознае одредени нешта. Еден истражувач не оди да плови по морињата за пари, туку за откривање, желба за знаење. Еден програмер му е многу поинтересно да направи некои програмче што него го интересира, отколку што го плаќаат за некое друго...
Понатаму, тоа е само почеток и нормално тој систем како и да се вика ќе се подобрува.
Што беше капитализмот пред 100 години? Се работеше во фабрики по 18 часа дневно, деца работеа и сл. Ај види каде сме стасани денес?
Системот полека ќе си еволуира и полека ќе си го најде местото - ако е добар.

А еден ден, сите луѓе ќе можат да јадат француско сирење.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Па и животните не случајно се избрани
Свињите да владеат, кучињата за редот...... (зашто ли ми буди некои асоцијации :D)
--- надополнето: Jul 12, 2011 2:19 PM ---
Сигурно ќе измислат некој систем за наградување, поголемо почитување во општеството, популарност, и сл. Па и денеска, многу луѓе работат нешто што сакаат без да бидат наградени. Се е во прашање на интерес. Научник во ЦЕРН не работи за пари.... работи заради што сака да дознае одредени нешта. Еден истражувач не оди да плови по морињата за пари, туку за откривање, желба за знаење. Еден програмер му е многу поинтересно да направи некои програмче што него го интересира, отколку што го плаќаат за некое
Научник во Церн не работи за плата? хаха, како не. А за програмер не ме чепкај (тоа работам) многу работи можда поситни сум направил колку за свое усовршување и пракса, Но за тапшање по рамо, не работам, па макар и за пријател. Се е во парите батка, заеби ти откривање и желба за знаење. Тоа оди како второстепено, прво се парите.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Ај вака...
Дали ти денес можеш да си дозволиш француско сирење или кавијар или викендичка каде било во светот?
Проблеми ќе има, впрочем тие треба да се решат.

Она што прво треба да се направи е да се ограничи моќта на владеачките елити. Прво и основно. Најдобар начин за тоа да се случи е уништување на парите. Но тоа понатака, во блиска иднина битно е да се ограничи што е можно повеќе моќта на владетелите, со самото тоа ќе исчезнат и парите. Впрочем ќе исчезнат откако за секој ќе бидат обезбедени доволно ресурси за доволно луксузен човек.
А еден ден, сите луѓе ќе можат да јадат француско сирење.
Ова добро звучи ако не си владејачка елита.
Но и добро звучи за оние кои се со аспирации да станат владејачки елити.
Досега она кое револуциите ни го покажале, е дека една елита се заменува со друга.
Од аристократија, на буржоазија, од буржоазија, на селаните, па од почеток.
Се се врти се се менува, само оние кои се без к`смет си остануваат на дното.
А тоа дека ќе има ресурси за секој да има луксузен живот, треба да се направи таблица за репер на она што луксуз значи и после да се размислува како да се утилизираат ресурсите за да се постигне за секого подеднакво.
Но пак, нема да е луксуз ако сите се луксузираат. Па ќе има некој нов праг за луксуз и така натака.
А некој да ти р`мба во фабрика за друг да се луксузира со неговата пот, пак ќе најдеш само во некој капиталистичко-феудален систем. Бидејќи во систем во кој ќе има правда за сите и секој ќе добива колку му треба, а не колку приденесува, нема место во природните науки, кои велат дека колку ќе внесеш во некој систем толку и ќе изнесеш, освен ако немаш некоја будала која ќе ти го преплати:)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Научник во Церн не работи за плата? хаха, како не. А за програмер не ме чепкај (тоа работам) многу работи можда поситни сум направил колку за свое усовршување и пракса, Но за тапшање по рамо, не работам, па макар и за пријател. Се е во парите батка, заеби ти откривање и желба за знаење. Тоа оди како второстепено, прво се парите.
Да?
Ај кажи ми ти сега што може се да направиш со парите што ги заработуваш?
Можеш да отидеш на одмор во Шпанија 3 недели? Може секоја година да одеш на одмор во различна земја во светот?
Можеш да си дозволиш 3-4 коли во гаражата? Викендичка негде на Медитеранот?
Едно најобично БМВ од 40 тина илјади евра?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Да?
Ај кажи ми ти сега што може се да направиш со парите што ги заработуваш?
Можеш да отидеш на одмор во Шпанија 3 недели? Може секоја година да одеш на одмор во различна земја во светот?
Можеш да си дозволиш 3-4 коли во гаражата? Викендичка негде на Медитеранот?
Едно најобично БМВ од 40 тина илјади евра?
Јас во оваа вукојебина можда и не можам (како и 98% граѓани тука) ама научникон во Церн може
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Ова добро звучи ако не си владејачка елита.
Но и добро звучи за оние кои се со аспирации да станат владејачки елити.
Досега она кое револуциите ни го покажале, е дека една елита се заменува со друга.
Од аристократија, на буржоазија, од буржоазија, на селаните, па од почеток.
Се се врти се се менува, само оние кои се без к`смет си остануваат на дното.
А тоа дека ќе има ресурси за секој да има луксузен живот, треба да се направи таблица за репер на она што луксуз значи и после да се размислува како да се утилизираат ресурсите за да се постигне за секого подеднакво.
Но пак, нема да е луксуз ако сите се луксузираат. Па ќе има некој нов праг за луксуз и така натака.
А некој да ти р`мба во фабрика за друг да се луксузира со неговата пот, пак ќе најдеш само во некој капиталистичко-феудален систем. Бидејќи во систем во кој ќе има правда за сите и секој ќе добива колку му треба, а не колку приденесува, нема место во природните науки, кои велат дека колку ќе внесеш во некој систем толку и ќе изнесеш, освен ако немаш некоја будала која ќе ти го преплати:)
Тоа и треба да се потрудиме и да пробаме да го смениме.
Инаку напредок има.... робот се борел за слобода и ја добил.
Селанинот се борел против феудалецот за да задржи повеќе од тоа што произведувал и добил.
Работникот пред 100 години се борел за поголемо вреднување на неговиот труд и добил.
Зошто да не се бориме и ние за да можеме да имаме одмор каде сакаме на планетава, секој да има да јаде скоро се што сака и за се помала физичка работа?

Зошто некој да вози кола што троши 20 литри на 100 километри, а друг да вози кола што троши 4 литри?
Какво е тоа користење на ресурсите?
Има доволно ресурси на планетава и за 5 пати повеќе жители одшто има сега да живеат како еден просечно богат западњак. Без да му троши колата 20 литри, а сепак да има скоро исти перформанси. :)
А технологијата е тука.... постојано се развива...
--- надополнето: Jul 12, 2011 2:40 PM ---
Јас во оваа вукојебина можда и не можам (како и 98% граѓани тука) ама научникон во Церн може
Може и обичен работник од Германија. А ти како прогрмер овде не можеш.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Обичен работник? Не баш.
Не баш се од горенаведеното, но голем дел од нив, да, може.
Но не е тоа битното, битното е зошто ти како програмер за заработуваш 500 евра, а обичен работник во Германија да заработува 2000?

Го гледаш проблемот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom