Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ќе одиме во Турција 10 дена, рај ;)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Која автобуска агенција е најдобра за превоз до Бугарија (добри автобуси и сместувања) и која е цената отприлика?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Кажувај подетално, каков е ноќниот живот?
Со друштво одиме на 19 август.
Лудница, хаос, калакурница, дивина .. Крајот не му се фаќа. Уфилмани и здрвени британци на секој чекор се прават земља-ваздух од понудите на ПР менаџерите пред кафичите и баровите. Еве од мене една листа на барови, кафичи и ивенти кои е препорачливо да се посетат .. :)

- Rescue и Zeros. Одлични 2 кафичи (залепени се еден до друг) кои воедно работат и како ноќни клубови после 12. Обавезно посетете ги, луда атмосфера се ствара после 1-2 саат. Можеби поради вруќината ќе се топите како сладоледи на подиум, али тоа е проводот е битен нели :) . Пробајте да ги фатите за време на викенд (сабота или недела), гужвата и журката почнува уште во 9-10 во самите кафичи, да не се изненадите ако видете 20ина поднапиени англичанки како играат качени на предните шанкови, that's how they roll. :cool:

- Seezle. Тоа е третиот и последен локал во Лаганас кој функционира на принцип кафич-клуб. Не е кој знае што и е доста помал во однос на горе наведените два, ама затоа 2-3 дена во неделата се прават одлични забави. Секоја среда имате ''We all love VIP Wednesdays - All drinks for 90 cents 12am till 4am'' .. Среда вечер значи обавезно летајте во Seezle, сите пијачки за помалце од 60 денари - Па сега напрај го есапот :) и плус тоа, еднаш неделно организираат СРПСКА ЖУРКА, читајте ги плакатите 100% и вие ќе нагазите. Внатре се само срби и македонци. Ние супер си поминавме.

- Останатите ви се кафичи кои не работат како клубови, ама работат до касно т.е. до кога има народ. Би ги издвоил G Spot - тоа е кафич кој се наоѓа веднаш десно од хотелот Албатрос и на врата една од ПР менаџерките е србинка, се вика Јелена, височка онака, со долга бујна кадрава коса. Претставете и се и ќе ве смести убаво внатре, плус некое попустче ова-она ќе ви среди ;) .. Има народ таму до касно навечер, а посебно внимание обратете на келнерките во локалот :love:. Medousa - пријатен кафич на главната улица со свој повеќе од воочлив анект, што го прави уникатен во однос на другите места .. Еден поглед фрли на масите и ќе ти стане јасно за што зборам :cool:. Linekers - доста англичани се собираат таму и има исто гужва, интересни им се девојките на високи нозе кои допринесуваат за атмосферата, се наоѓа веднаш спроти Rescue. Другите кафичи не се нешто посебно, овие три што ти ги издвоив најдобро работат. Ааа околу тоа ќе ве напоменам, никако да не пиете коктели во Coctails and Dreams - местото е стварно добро, има две убави тераси ама никако да не порачате коктели таму, ставаат ѓубре од алкохол и утре дента нема да ви е баш сеедно, trust me :confused:. Поубаво е седнете на пивце таму. И второто, не идете во Three Lions бидејќи имаат најизгор цени во Лаганас.

- Имате и два стриптис барови. Мулен Руж се вика едниот (вториот не се сеќавам како беше) и 3-4 вечери неделно имате шоуа со посебни ''приказни'' .. Ако сте мераклии свратете и исплакнете очи. :D

- Еднаш неделно, во недела на островот Камео кој се наоѓа на крајот од градската плажа имате White Party. Влезот за забавата се плаќа 20 е. и секако мора бидете обелечени во бело. Ние не бевме бидејќи истиот ден се погоди српската журка и повеќето од друштвото влечеа за таму, и поради тоа ми е уште мака :( .. Инаку кој и друг ден да беше 100% ќе одевме. Можеби е малце солено, малце повеќе ама колку што гледав од клипови на youtube, на ова стварно вреди да се присуствува. Инаку островот е отворен секој ден за посети и бањање, се плаќа влез 4 е. и цел ден можеш да отепаш таму до вечер. Плажа нема, само огромни камења ама има патче на страна кое води одма на длабоко и да пливаш на раат. Убаво е да се оди барем на 1 ден, белите чаршави прават филм малце :) .

- И за крај ова, секоја среда во бич барот Mallibooz имате српска журка зачинета со СКАРА :D на плажата од 2 до 8 вечер. Ние бевме и можам да кажам дека тоа ми беше најдобриот ден на ''плажа'' .. Ржничите беа ТОП !!

На вечер ако не ви се оди дома или пак ако ви е жешко, дел од бич баровите работат и таму на лежалките има дружба, пиење, е*ење, ноќни купки и т.д. и т.д.

Поисцрпно од ова и да сакав не можев. Ај поззз и леп провод во август. ;)
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Благодарам што реплицира вака подетално. Очекував 2-3 реда :)
Се надевам на убав провод. Друштво од 3 машки и 3 женски не би требало да биде лошо :D
 
L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
луѓе стварно не знам кај да го поставам прашањево, не сретнав тема, ама ако може што е можно побрзо да ми одговорите, значи:
Колку часа се патува од Германија до Македонија со кола?
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
луѓе стварно не знам кај да го поставам прашањево, не сретнав тема, ама ако може што е можно побрзо да ми одговорите, значи:
Колку часа се патува од Германија до Македонија со кола?
Отвори Google Maps и имаш начини на превоз. Одбери кола и ќе ти каже отприлика колку.
 
Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Бил е некој на Тасос,па да сподели искуството ? :))
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Vo koe mesto i kolku e aranzmanot
Саримсакли, едно местенце што е 4-5 км по Ајвалик, Olympic Berk се вика хотелот, бев еднаш ко мала таму и многу ми се свиде сега пак ќе идам со сестра ми и другарка. И храната е топ од сите кујни има и плажата е преку улица одма. За гости од хотелот не се плаќа лежалка.
200 евра за 10 дена ама не ме фаќај за збор не плаќав ја xD, доручек и вечера, можеш да користиш се од хотелот, базени, билијарди, фитнеси, чуда....
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338

Odis so avtobus i so koja agencija ??
 
Си била во Сармсакли .. Алал ти вера !!!!! :D

Моето прво место на кое летував во Турција. Бевме фамилијарно, планот беше да одиме до Кушадаси ама патот некако многу ни се виде за прв пат и решивме да останеме таму, местенцето е врв. Уште немам пробано поубави кукурек и школки со ориз, од нивните што ги продаваат на улица, како кај нас пуканките.

Ако одите приватно со сопствен превоз (па и да не сте фатете такси) ОБАВЕЗНО посетете во хотелот Temizel кој е малце настрана. Отворен е секој ден и за туристи кои не спијат во хотелот и дозволено е да им го користите базенот. Имаат и убава кујна, каснете нешто you won't regret it ;) . Плус тоа, самата плажа пред хотелот е милина, нема гужва, мирна и чиста вода .. Убавини.

УБАВ ПОМИН !
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Odis so avtobus i so koja agencija ??
Вардар Турс, со бус да. Првиот пат со кола бевме, 24 часа патувавме ама дека имаше уште 2 фамилии со нас па почесто паузи правевме, инаку побрзо се оди. Плус во Турција автопатите се страва, обиколницава наша може вода да носи, а и траекти има на секои 5 минути.
--- надополнето: Jul 12, 2011 11:42 AM ---
Си била во Сармсакли .. Алал ти вера !!!!! :D

Моето прво место на кое летував во Турција. Бевме фамилијарно, планот беше да одиме до Кушадаси ама патот некако многу ни се виде за прв пат и решивме да останеме таму, местенцето е врв. Уште немам пробано поубави кукурек и школки со ориз, од нивните што ги продаваат на улица, како кај нас пуканките.

Ако одите приватно со сопствен превоз (па и да не сте фатете такси) ОБАВЕЗНО посетете во хотелот Temizel кој е малце настрана. Отворен е секој ден и за туристи кои не спијат во хотелот и дозволено е да им го користите базенот. Имаат и убава кујна, каснете нешто you won't regret it ;) . Плус тоа, самата плажа пред хотелот е милина, нема гужва, мирна и чиста вода .. Убавини.

УБАВ ПОМИН !
Даа, во сите тие хотели кујната е беспрекорна, да се убиеш од јадење. :)
 
Член од
18 април 2007
Мислења
18
Поени од реакции
2
Zdravo humans :)
letovo odam za lefkada (nidri), pa me interesira nekoj ako ima da spodeli nekoja informacija , onaka overview na se :)
i ako mozi nekoj da mi kazi kako odat patarini i drugi trosoci za tuneli muneli ova ona.
Thx
 
С

Спенсер

Гостин
луѓе стварно не знам кај да го поставам прашањево, не сретнав тема, ама ако може што е можно побрзо да ми одговорите, значи:
Колку часа се патува од Германија до Македонија со кола?
Лав,до Франкфурт (средна Германија) има 1700км. Просечна брзина со автомобил нека биде 160-170км/ч. Чекање на граници имаш само на влез и излез од Србија.
Понатаму нема граници, ЕУ е таму. значи со застанувања/паузи за кафе/вц за 16 часа си во франквфурт :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom