Не сум баш оптимист дека Sneider би бил добро решение. Со неговото доаѓање ќе добиеме уште еден играч покрај Rooney, Ferdinand, Evra и Vidic кој што ќе мора да игра секогаш кога е здрав. А би можел да игра само во 4-5-1 зад напаѓач, во 4-4-2 многу тешко, и за Интер и за Холандија игра зад напаѓач. Најмногу ме плаши тоа што е дефанзивно катастрофа и во цела кариера најдлабоко што играл е 35 метри од противничкиот гол, а во 4-4-2 треба да игра и до 80 метри од противнички гол. Ама од друга страна и Scholes беше ист па одлично се вклопи во подлабока позиција. Сепак кога би бирал меѓу него и Modric би го избрал вториот. Немора да игра на секој натпревар и многу лесно би се пронашол во улогата на Scholes.