17 години ... твоето тело го лачи тестостеронот до максимум затоа само ќе се заебеш на велико ако земеш суплемент кој го потикнува лачењето на тестостеронот... тоа збориме за трибулусот.
За хорсот пак, не е штетен но јас освен чешање по телото (од beta-alanine) не осетив некое енормно покачување на силата, за разлика на пример Razor8 кој е според мене многу помоќен стимуланс а имаат слична цена.
Моја препорака ти е само
whey протеин. Бидејќи кај секој кој сака успех во градење на телото познато е дека ако не зема доволна количина на протеини, нема да има голем прогрес.
И уште нешто за крај, тој што ти рекол да земеш трибулус на 17 години, или е недоволно запознаен со ефектите на истиот, или сака само да ти ги земе парите (ако купуваш преку него)
Запозаен со неискуството на денешнава генерација во врска со бодибилдигот, оние кои се навистина сериозно ориентирани, па дури и оние кои го сметаат само за хоби треба да се распрашате пред било што да направите на своја глава.
Државава ни е полна со лицемери и идиоти кои само ќе сакаат да ги земат вашите пари и време.
Најдобронамерен совет од моја страна е да контактирате лице кој е стручен на тоа поле и со сигурност ќе ви помогне.
Без разлика дали се работи за некој суплемент кој сакате да го купите, или пак начин на вежбање.
(Прашања од типот дали да кревам 100 кила 5 пати, а не 200 кила еднаш се дебилни и немаат цел за да бидат одговорени)
Форумот кој ми е во потпис е воедно и форум управуван од преседателот на македонската бодибилдинг федерација, господинот Бобан Ѓороски кој е и член на овој форум и одговара на вашите прашања кога ќе најде време.
Сигурен сум дека од едно скормно поставено прашање нема да го оцени како недоволно добро за да го одговори, секако доколку е во можност.
Дури и јас прашувам од време на време за работи кои не сум сигурен.
Бидејќи еден ден, некој од нас тука ќе биде иднината на македонската бодибилдинг сцена.
Поздрав, LIFT, EAT, SLEEP - REPEAT