- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Внимателно ја читав темата, и само неколку коментари од мене. Лично мислам, дека човештвото, не само на оваа фаза на духовен и материјален развој, туку и на било која друга фаза, нема алтернатива за вертикалната организираност на принципот на владеење, во било каква форма.
Верувањето дека анархијата со помош на некое магично стапче може да ја замени неверојатната сложеност на општествениот и социјалниот живот, без да се појави ДРАСТИЧЕН пад во квалитетот на животот на луѓето од тоа општество, мене ми е фантастична. Многу пофантастична дури и од идејата за невидливата рака на Адам Смит, која без мешање на државата го регулира пазарот.
Ние имаме проблем со конкретните отелотворувања на државата, а не со самиот концепт на држава. Во таа смисла, споредбата Македонија - Чиапас е невалидна, прашањето е Шведска или Чиапас. И не само Шведска, туку самата идеја за држава, која практично секогаш може да се подобрува.
Мислам, иако не можеме да избегнеме од концептот на држава, во секој случај можеме да го модифицираме. Можеби некоја комбинација на вертикална демократија на ниво на полиција и даноци, а хоризонтална демократија во однос на сите други сфери од животот. Не знам, само нафрлам мислења. Максимално намалување на даноците, максимално намалување на администрацијата, укнивање на бесмислените даноци, (данокот на имот на недвижен имот, преку кој не се остваруваа профит на пример, за мене е комплетно бесмислен).
Во секој случај, простор за огромен напредок во однос на конкретните отелотворувања на државата постои, и тоа е правецот во кој општеството треба да се движи.
Сонот за револуција која би довела до анархија како симбол за комплетна слобода на човекот, кој верувам тлее во секој кој размислувал за општествените уредувања, мислам дека е контрапродуктивен...