ЈСП - случки, прашања, дискусии

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Објасни. На сајтот го има новиот летен распоред? Коа почна? И зашто побогу у лето немаат покасно автобуси од 11 саат, освен тие ноќните линии? Кој си легнува во лето пред 11 саат? Глупи се...
Да го има. Си пишува летен возен ред на која бројка и да отвориш.
Почна на 10 јуни, ко ученицине да се враќаат со автобусите после 8 вечер, па баш тие ги скратија. Сеа преку викенд иам автобус на 1 саат од Топанско накај Центар...
Ваљда не мислат дека три месеци се луѓево по одмори и никојне живее во Скопје.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
И јас не сфаќам кој е гревот тука? Се знае од која старосна граница си пензионер, ако е за тоа ајде нека почнат нека се возат и балетани и балерини што имаат бенефициран стаж до 40тина години или помалце, не сум сигурна, ќе треба 20 автобуси само пензионери да возат.
Им сметале контролите, што не ми сметаат мене што плаќам за месечна секој месец. (ми го нема смајлито за тапшање)
Пред една недела имаше некоја од ЈСП на телевизија и се јави некоја пензионерка имала помалку од 62 и се побуни зошто плаќала карта а била пензионер. И оваа и одговори дека бесплатнито превоз важи за жени постари од 62 и мажи од 64, а не стриктно за пензионери.
Ако беше за сите пензионери и БЦ ќе можеше да се вози гратис на 49 години :D (ми го нема :рos: )
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Па така де, со инвалидски пензии, со бенефицирани стажови се собираат повеќе пензионери од вработени, го претеруваат стварно. Се знае кои се пензионери а не секој вторник и петок зомби атак :D
 
H

-HRO

Гостин
Одиш во град, доаѓа време кога треба да се враќаш накај дома, а преморен си максимално и неможеш да си одиш пешки, таксито е 3000ден. до дома, надвор е 50 степени...па логично е да си почекаш автобус.
Додека го чекаш автобусот кој доцни 10ина минути, си викаш во паметот...дај Боже да дојде автобус од новите со клима да земам воздух малку и безбедно да си отидам накај дома.
Кога ќе дојде автобусот, забележуваш дека е од старите и почнуваш да се нервираш по малце, затоа што ќе се угушиш внатре.
Автобусот полека се доближува, и пристигнува на станицата.
Тек тогаш почнуваат вистинските авантури. Како за невоља е вторник, или петок, и автобусот е исполнет верувале или не со 323890232 старци и рандом фаци.
Одвај влегуваш, и веднаш почнуваш да стоиш.
Некој ќе рече па што не си седнал!?
Место за седење??? Не смееш да помислиш за тоа...затоа што нема место ни за стоење, а камо ли да седнеш.
Вратите се затвараат...успеваш да стоиш некако...автобусот ја искачува угорницата со неверојатна брзина од 1км/h поради претовареност!
Како доаѓаат наредните станици, таман се надеваш дека ќе се испразни автобусот, а тој продолжува да се полни. Од автобусот на наредната станица ќе излезат 2-3ца, а ќе влезат 10тина нови...и со тоа настанува уште поголем хаос. Вратите повторно се затвараат.
Внатре старци милион (пошто гага ден)...носат по иљадници ќеси (зеленчук, овошје и све живо и диво).
Внатре труе на испотени мишки, вилици, кромид, лук, на старо, на расипано...да ти се ЗГАДИ.
Таман си имал среќа, се вртиш и прозор има до тебе, фаќаш со последни сили го отвараш кога некој по 10 секунди те тапша по рамо и ти вика: "Затвори го прозорот ме тепа промаја чедо“ .
Се вртиш и се надеваш дека е некое фино старче кое те замолува...го затвораш прозорот и си викаш ај ќе издржам некако греота стар човек.
Таман си го сторил тоа, старецот ти се врти и ти вика: "Е, така! Тебе треба сам да ти текне, а не јас да ти кажувам дека треба да го затвориш. Имај осет малку “
Е тогаш почнуваш да вриеш...опколен си од 394843 луѓе кои стојат до тебе и те акаат од сите страни (како за беља сите се симнуваат на последна станица и мораш да трпиш до крај).
Во тој момент ќе заѕвони мобилниот телефон...дур го извадиш ќе поминат 10мин...и таман да речеш АЛО престанува да звони.
Потоа си обвинет од тој што те барал (девојка или некоја роднина) дека ти е љут поради тоа што си неодговорен и го чуваш телефонот на Silent, и истиот не го креваш.
Се обидуваш да се одбраниш и да докажеш како било и што била ситуацијата...но нема да сакаат ни да те слушаат, и ќе ти го спуштат телефонот.
Конечно автобусот (по краткиот пат од 40мин) стигна на последната станица и следува истовар (постапка што трае најмалку 15ина минути).
Како одиш накај вратата да излезеш, се повеќе се гушиш...излегуваш некако од вратата и вдишуваш длабоко....и место воздух вдишуваш свежа нафта од автобусот....и паѓаш во кома.
Доаѓаш до дома и веќе не си гладен, не си жеден, не ти се иде во ВЦ. Само се испружуваш на креветот колку што си долг и се обидуваш да се соземеш.

ЕТЕ ТОА Е НАШИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ!
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
„Бројот на ноќните линии на градските автобуси во најскоро време ќе се зголеми, а со тоа ќе се зголеми и цената на билетите за ноќно возење“, најави денеска директорот на ЈСП, Мишо Николов.

Билетите од полноќ до шест часот наутро, наместо 30 денари ќе чинат 40 денари, а во овој период нема да важат ниту слободните карти и билетите за повеќе возења.

Ноќните билети ќе можат да се купуваат кај возачот и во билетарниците на ЈСП.

Досегашните шест ноќни линии „2“, „41“, „50“, „7“, „5“ и „57“ ќе се засилат со уште две линии „22“ и „65В“, со што според Николов ќе се покријат сите главни коридори во градот.

Автобусите ќе бидат зачестени и ќе сообраќаат на секој час. Николов рече дека ноќните линии се воведуваат поради големиот број барања што пристигнаа од граѓаните, особено по промените што се воведоа во такси превозот, со зголемување на цената и со отстранувањето на дивите таксисти.

„За да им излеземе в пресрет на тоа барање, покрај линиите коишто возеа досега воведуваме и две нови 22 и 65в со што ги покриваме сите главни коридори низ Скопје. Ноќно време ќе поминуваме повеќе од 5 500 километри, а бидејќи работењето ноќе бара исплата на ноќен труд за вработените, нашиот предлог е воведување на ноќен билет кој би чинел 40 денари“ - објасни Николов

На иницијативата од советничката група на ЛДП за воведување бесплатен автобуски превоз за студентите, директорот рече дека претпријатието со оваа мерка би било во загуба од околу 55 милиони денари. Градот во моментов не е во можност да ги покрие трошоците за превозот на студентите, бидејќи веќе го субвенционира претпријатието за бесплатен превоз на возрасните лица во деновите вторник и петок.
Барем за мене, подобро 40 денари на секој саат, отколку 150 денари во секое време.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Да ми каснат од јајцата они, немало слободните да важат, им ебем лоповите !:mad:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
И што, ова ќе важи САМО за петок и сабота (како што важеше до сега)?
 
T

Tetro

Гостин
и така, го одбија предлогот за студентите да се возат бесплатно. Како демек огромен трошок им се.
http://www.time.mk/read/NONE/0957f33df8/index.html

„ Мислам дека во моментот градот Скопје нема можности да ги прифати ова, а вие знаете дека и ученичките билети ги плаќа министерството за образование, ние ги дополнуваме само доколку има разлика во цени“, изјави градоначалникот Трајановски.
http://www.time.mk/read/NONE/0957f33df8/index.html
Веќе трета година Министерството за образование и наука ги покрива трошоците за превоз на средношколците. Годинава сите тие бесплатно ќе се возат во автобусите на ЈСП.
http://www.time.mk/read/NONE/64e2c533a3/index.html
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
322
Поени од реакции
196
За пензионери,средношколци и основци бесплатно возење,за студенти не важи ова:confused:...дефинитивно нешто нее во ред со оваа држава(n)
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
За пензионери,средношколци и основци бесплатно возење,за студенти не важи ова:confused:...дефинитивно нешто нее во ред со оваа држава(n)
па средно и основно се задолжителни а факултет не е задолжително
 

Kajgana Shop

На врв Bottom