ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Tomorrow it is a Zombie Day :X3:
 
оди возисе утре во автобус
 
Ваљда не се толку ментални старциве на ова горештиниве да се пикаат по автобус и утре :/
Ако не идам со кола утре на работа наебав....
 
Значи најјако ...

Рандом пензионерка почна да му се дере на рандом пензионер што седеше да СТАНЕ зашто она била ПЕНЗИОНЕРКА и типов се напна толку многу што почна да пцуе се пензионерско во автобус....
 
Епа се возев... еднаш. И се дупнав од смеење. 5ка, цел пат од ѓорче до ново лисиче. Често возењата во автобус знаат да бидат една цела посебна сторија... Имаше доста гужва, 80% пензионери. Успеав да си се пикнам во средината на автобусот, си стоев стуткан и се смеев. Прва ситуација, една пензионерка на друга и вика "ама добро не може ти на оваа страна со задникот, на другава страна со главата" загинав од ова :DDDDD Следна ситуација, друга со друга се кара за нешто, еднава и вика АЈ МОРИ ТИ ЕМ СЕДИШ ЕМ НЕ` РАСПОРЕДУВАШ, СЕДИ СИ МИРНА, па фатија муабети за нивните синови, ќерки, сопрузи, инфаркти имале... па на еднава и сметало дека другава била многу дотерана па ова она... комедии. Трета случка, девојче на 17-18 години наеднаш почна да плаче, онака без видлива причина.

Важно цело време се погледнувавме со еден човек и се смеевме на траги-комедииве.
 
Да веруваш дека се, да веруваш....!
Лесно пројдов вчера. Се возев у празен нов автобус. Клима пуштена, ладно внатре. Милина :)
 

И што го претставуваат ова како лоша вест ? Демек ние младите сме глупи што плаќаме карти, а некое старо дртало од 50 години што личи на 70 немора да плаќа. Не на секоаја втора, на секоја станица ако треба нека влагаат. Да се научи на ред овој простаклук у државава.
 
И што го претставуваат ова како лоша вест ? Демек ние младите сме глупи што плаќаме карти, а некое старо дртало од 50 години што личи на 70 немора да плаќа. Не на секоаја втора, на секоја станица ако треба нека влагаат. Да се научи на ред овој простаклук у државава.

И јас не сфаќам кој е гревот тука? Се знае од која старосна граница си пензионер, ако е за тоа ајде нека почнат нека се возат и балетани и балерини што имаат бенефициран стаж до 40тина години или помалце, не сум сигурна, ќе треба 20 автобуси само пензионери да возат.
Им сметале контролите, што не ми сметаат мене што плаќам за месечна секој месец. (ми го нема смајлито за тапшање)
 
Ме нервира новиот летен возен ред. Ем ги скратија автобусите, ем не се придржуваат на тајмингот што им го пишува на страната.
 
Ме нервира новиот летен возен ред. Ем ги скратија автобусите, ем не се придржуваат на тајмингот што им го пишува на страната.

Објасни. На сајтот го има новиот летен распоред? Коа почна? И зашто побогу у лето немаат покасно автобуси од 11 саат, освен тие ноќните линии? Кој си легнува во лето пред 11 саат? Глупи се...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom