Македонија увезува се и сешто.
Се отвараат фабрики и погони но нивниот број не е сразмерен со динамиката со која би требало да заздравува македонската економија.
Едноставно не постои начин како во моментов би се апсорбирала целава оваа невработеност или барем дел од неа.
Значи ти можеш фирерски да наредиш ќе правиме оваа година
10 илјади водоводџии
10 илјади металостругари
10 илјади столари
10 илјади лимари
10 илјади заварувачи
Ова е добар план зошто 90% од нив ќе заминат во Западна Европа и на тој начин ќе си го решат работното прашање, а и ќе се имплицира девизен прилив... али не е тоа тоа, треба луѓето тука да живеат, тука да творат, не е работата отиди во Германија и после 5 години да му ја думаш кои ти се први комшии...
Еве ти една табела од заводот за статистика
Увоз на месо - 106.301.376
Увоз на чоколади - 30.576.765
Увоз на сурово масло од сончоглед - 27.201.412
Увоз на бел шеќер - 26.968.869
Увоз на шеќер од шеќерна трска - 21.226.051
Увоз на минерална и газирана вода - 21.062.672
Увоз на кафе - 18.810.000
Џемови, мармнелади и друг конзервиран зеленчук и овошје - 17.014.797
Увоз на млеко и павлака - 15.579.659
Увоз на јужно овошје - 14.625.319
Увоз на пченично брашно - 13.273.875
Увоз на сирења - 11.581.202
Увоз на храна за кучиња, мачки и животни - 8.300.406
Увоз на колбаси - 7.591.569
Увоз на сладолед - 5.902.313
Увоз на свеж или замрзнат зеленчук - 5.463.553
Увоз на овошни сокови - 4.908.074
Увоз на пиво - 4.892.596
Увоз на супи - 4.792.396
Увоз на путер - 4.148.421
Увоз на мајонез - 3.082.714
Увоз на сушен зеленчук - 2.969.676
Увоз на свежо овошје - 2.670.616
Увоз на цвеќиња - 2.598.776
Увоз на полжави - 2.581.157
Увоз на зачини - 1.735.568
Увоз на јајца - 1.495.039
Увоз на чаеви - 1.360.138
Увоз на кечап - 942.451
Јогурт и кисело млеко - 567.164
Увоз на вина - 568.569
Увоз на гуми за џвакање - 445.084
Ако успееме пола од ова да произведеме ние сме на пола пат да бидеме многу богата држава.
Оди на нешто "поситно".
Нешто со земјоделие.
Машини за берење, контрола на влажност, температурата и еден куп параметри во некој кастм мејд "стакларник"(кој вие ќе го иновирате), системи за заштита против град, системи против штеточини, систем за машинско садење(без човечка интервенција) и сл... ти нафрлам идеи одберете една реализирајте ја и со другарите можете да бидете "многу богати луѓе".
Од овие работи што си ги наредил што ги увезува Македонија, мислам дека ти е јасно дека тука има некои производи што едноставно нема шанси никогаш во Македонија да се произведуваат без разлика и да има инвестиции, дали ти е тоа јасно ? Кафе мислиш дека може да се произведува во Македонија ? Банани, портокали, лимони и останато јужно овошје мислиш може во Македонија да се произведе и со тие твои фамозни инвестиции ? Не може бе човек, не ли малку размисли пред да ги само просто ископираш овие бројки и податоци. Првин си требал малку да размислиш и реално да ги согледаш работите, па не може се од тоа што си ти замислил во Македонија да се произведе. Едноставно нема климатски услови во Македонија за кафе, какао и јужно овошје ( може само калинки да успеат кај нас ).
Е да и за некои производи самите сме си виновни што во малку преголема мера ги увезуваме од колку што би требало. За ова ти е пример чоколадото, едноставно имаме можност за него повеќе да го произведуваме ама проблемот е во луѓето кај нас. Ако земеш и купиш некоја од овие домашните чоколади и однесеш пример за роденден или било што слично кај некои деца на роднини или пријатели, веднаш паѓа проклетата осуда од луѓето од типот ( Абе гледај го овој како не му е срам купил на децата ефтини чоколада ) и што да правиш мора за во тие случаи сакал не сакал да купуваш странски чоколада ( Нормално Милка и ред други ) и џабе што сакал некој да купува домашно чоколадо, кога менталитетот на нашите луѓе е нула според мене, па морало да се купува секогаш Милка а не можело со домашна чоколада да се помине. По мене домашните се сосема со добар квалитет и поефтини и економични и повеќе нив ги купувам. Сличен пример ти е и пивото, ама што да им правиш не им чинело ниту едно домашно пиво па има некои што постојано изиграваат елита, па секогаш купуваат странски пива, стандард имаат луѓето , има се може се изгледа, ликови на кои не може никогаш да им се погоди вкус на ниту едно домашно пиво ( изгледа е така ) па секогаш мораат да земаат Словенелко Лашко, Хајнекен и ред други. Ај разбирам понекогаш ќе се купи и странско пиво ќе се пие да се проба вкусот или во некоја ептен пригода ама ова нашиов народ претерува со специјални пригоди, како секој ден да добиваат на лото па се дружат толку често со станрските пива и вина. Кратко од моја страна , скапан народ скапана држава , друго и не може човек да очекува . Минералната и газираната вода од домашно производство да ти кажам право баш и ја нема насекаде секогаш. Јас бев во голем супермаркет да купувам минерална негазирана вода, ми требаше за пријател што лежеше болница, и побарав од домашните производители, но што да правиш, во голем супермаркет немаа негазирана вода од ниту еден домашен производител, па мораше да купам од Српска Минаква негазирана, негазирана само смееше да пие пријателот во болница, а сега што домашните производители на вода и супермаркетите не си ја работат добро работата кој им е виновен, не сум ја се надевам. Како што имаше на тв за фискални каси, така и за водата домашна бидна- Ништо од бизнисот. Инаку сметам дека е катастрофа што конзервирана храна за потребите повеќе се увезува отколку што се извезува, но што е тука е. Според мое мислење може да се успее кај нас со производство на храна за кучиња, мачки и домашни миленици, имаме голем број луѓе што држат во свои станови и куќи домашни миленици и се повеќе ги има ваквите случаи, и во овие луѓе има многу од оние прилично багатите во општеството и можат да си дозволат да купуваат храна за милиениците и тоа во голема количина, и тука е шансата да се произведе ваквата храна за миленици, ќе ги задоволи и потребите на наш пазар, а може и да се извезе, за почеток макар во соседните земји, нормални само ако е квалитетен производот. И производството на чаеви не изгледа лошо, но и на печурки. Па печурки има куп еден по планините и чаеви. И да ако се произведе од овие работи што има реална можност во Македонија да се произведат тогаш ќе видиш самиот како има да имаат повеќе интерес од Еу да не примат таму, отколку што ние би имале во тој случај смаите интерес за влез како што имамо моментално. Но моментално е погрешен пристапот во работите, има погрешна тактика, ни треба подобар стратег .