Браво да си ми жив и здрав и најголемиот проблем е на крајот сите ќе бидат такви и сите ќе прават бизнис ама нема да има со кого.абе видите од секоја врба свирче не се прај.на некој ке му дишат некој ке им диши.
има еден куп луѓе без факултет шо би рекле со средно па бркаат бизниси.да имаш факултет не е пресудно да бидиш бизнисмен туку треба да ти делиле, или да те полази вошка ( на битолски би значело ксмет да имаш или да се најдиш во право време на право место).
и после ке си вработиш некој со факултетско обрзование да ти ги брка работите за некоја платичка а ти ке си ги ладиш некаде на море.така оди таа работа ви се допаѓало тоа или не.
ако имате реална идеја за некој реален бизнис ке си направите реална математика и стиснете ги забите.
не мора тоа да биди бизнис кој ке ви носи тешки пари за кратко време( освем хероин да носите преку граница), отпрвин доволно е колку да не сте зијан многу. е тука е ризикот.многу работи можат да тргнат наопаку а следејки ги морфиевите закони и ке тргнат.ама кој ке успее ке биди газда, на другите ке им дишат на врат.то е
Познато е тоа, пророците од прастари времиња биле прогонувани,тепани и убивани.Приказнава на Избраниов држи вода посебно во еден занимлив сегмент. Кој е најмладиот, наједуцираниот, по природа на работите најиновативниот сегмент на општеството???
Студентите и свежо дипломираните.
За очекување е да имаат иницијатива. , да се спремни на ризик, тешка и напорна работа,посебно во оние работи кои покрај физичка сила бараат и многу знаење и умствен напор. Кој друг има кондиција и условна квалификација за такво нешто освен тие. Кој би требело да верува по природа на работите.. дека се е можно, ако се сака...???
Но имам впечаток дека сепак истрајно , огромниот дел од нив повеќе се посветени на барањето на Светиот Грал, кој овде кај нас е познат како легендарната врата која се ниша и дава плата......отколку на ризикот на мислење , сопствена иницијатива и и ангажман да ја остварат идеата....базирана на уочување на некоја можност...и потреба, а која може да се продаде.
Рака на срце и општеството упорно ги припрема и упатува на тоа.......
Глеај реклами за мобилни, за пијалаци..коли, кредити....па и се останато....ЕДНА ГОЛЕМА БЕСКРАЈНА ЖУРКА......без и да се навести објаснение кој се тоа ќе го плати???
Избраниов проба да набаци идеи околу тоа " плаќањето" , ама некако слабо е слушан....судбина на сите пророци...
Друже секоја чест за идеата и само напред, да се надеваме дека ќе најдете спонзорство. Иначе, морав да спомнам, другар ти со катната гаража ја украл идеата од некој друг или бил инспириран, бидејќи веќе постои такво нешто, мислам дека во Германија.И ти си Машинец?
Не го имаме само ние овој приоблем. Познавам колеги кои имаат исто волку револуционерни идеи и големи амбиции, од област на хидрауликата, на енергетиката, на механика па дури и колеги машинци кои имаат добри идеи за градежништвото.
На пример мој другар има добра идеја за подвижни катни гаражи. Да не мораме да влеземе на паркинг па да бараме место, па некој сељак дошол и ти ја изгребал колата, него само ја оставаш колата на пример пред зградата и робот кран (нешто како пајак што дига низ градов коли) одредува кај има слободно место и ти ја сместува колата на одреден спрат и на одредено место каде е заштитена од надворешнивлијанија и од крадци, шкртачи, и вообичаени мали сообраќајки влегувајки и излегувајки од паркинг и сл.
Нешто како нашиве музички системи со по 5-6 цдиња што собираат. Го ставаш цд то и само притискаш копче и шаржерот ти го сместува внатре. Само што овој механизам е целата катна гаража.
--- надополнето: Jul 6, 2011 12:06 AM ---
Е па на нас тоа и ни е маката.