Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91
I

Iblis

Гостин
Преферирам одговор од DBack, бидејќи и тврдењето беше негово. Сепак, фала за одговорот. Еве и прашања до тебе: На кој начин, поточно, може? Кои докази ги имаш да заклучиш дека е пантеист?
Го боли него чопчето за божества, сака само да јаде и кака, а кога неможе си плаче.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да, твојот случај е свесна одлука (заклучок) базирана на тврди факти и искуство. Прашањето ми е, дали новороденото дете како tabula rasa (по однос на спознавање на светот) може да се категоризира како атеист? Како ќе докажеш дека новородениот човек е свесен за непостоењето на Бог?
Пак се лизнуваш на најчестата теистичка логичка грешка:

НЕПОСТОЕЊЕ НА НЕШТО НЕ СЕ ДОКАЖУВА!

(пример: докажи дека не постои разведен розев слон со говорна маана)

Значи, тврдењето ти треба да го докажеш. Треба да докажеш дека човекот се раѓа со концепт за БОГ.

Како одпомош, можеш да ги проч'чкаш амазонските племиња кај кои НЕ ПОСТОИ религија и божества. Некои од нив воопшто немаат концепт за бог.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222

Да те корегирам. :)
Повеќето теории моментално се согласуваат дека детето не се раѓа како табула раса.
Има повеќе испитувања од преднаталната психологија кои упатуваат на тоа дека детето многу пред да излезе на овој свет спознава работи и реагира, учи како да реагира.
Сепак, ова е сеуште не сосема истражено, нормално зошто испитувањата на живите фетуси се ограничени.

П.С. Детето ако се роди надвор од цивилизација (познати примери - деца волци, шумски деца итн.) нема да усвои ништо што е врзано со цивилизацијата (говор на пример) па со тоа нема да има ниту верба во натприродни случувања - од причина што нема да размислува како човек. Религијата се пренесува од човек на човек (родители - деца, на пример) па во отсуство на извор на учење за Бог, нема ниту да се развие верувањето во божества.

Децата не се раѓаат ниту како атеисти ниту како теисти, од причина што немаат мислење, односно свеста каква што ние ја познаваме и ја имаме, тие ја немаат, се развива подоцна.
Детето се раѓа со различни потенцијали, детерминирани од генетското наследство или социјалната средина, а конкретно дали ќе се развие во теист или атеист зависи од социјалната средина, која во моментот на раѓање нема никаква улога.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Прашањето ми е, дали новороденото дете како tabula rasa (по однос на спознавање на светот) може да се категоризира како атеист?
И ова го пропуштив. Конструкцијата на прашањето е оксиморонска по природа. Табула раса (пошто ти е појдовен аргумент) значи празна табла, нели. Тоа значи отсуство на концепти, нели.

Hence, самото прашање ти е некако тафтолошко, не?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:17 AM ---
Пак се лизнуваш на најчестата теистичка логичка грешка:

НЕПОСТОЕЊЕ НА НЕШТО НЕ СЕ ДОКАЖУВА!

(пример: докажи дека не постои разведен розев слон со говорна маана)

Значи, тврдењето ти треба да го докажеш. Треба да докажеш дека човекот се раѓа со концепт за БОГ.

Како одпомош, можеш да ги проч'чкаш амазонските племиња кај кои НЕ ПОСТОИ религија и божества. Некои од нив воопшто немаат концепт за бог.
А полека малце, друже. Без ароганција и реторички дриблинзи, те молам. Ако сакаш да дискутираме асално. Јас не тврдам ништо! Ти тврдиш се раѓа како атеист а јас те замолив да ми дадеш доказ за тоа. Не гледам доказ, оттаму твоето тврдење е само претпоставка.
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:20 AM ---
И ова го пропуштив. Конструкцијата на прашањето е оксиморонска по природа. Табула раса (пошто ти е појдовен аргумент) значи празна табла, нели. Тоа значи отсуство на концепти, нели.

Hence, самото прашање ти е некако тафтолошко, не?
Табула раса е отсуство на искуство и свесност за постоењето на Божество. Инаку, детето не е табула раса за се`, но тоа е друга тема.
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:24 AM ---
Да те корегирам. :)
Повеќето теории моментално се согласуваат дека детето не се раѓа како табула раса.
Има повеќе испитувања од преднаталната психологија кои упатуваат на тоа дека детето многу пред да излезе на овој свет спознава работи и реагира, учи како да реагира.
Сепак, ова е сеуште не сосема истражено, нормално зошто испитувањата на живите фетуси се ограничени.

П.С. Детето ако се роди надвор од цивилизација (познати примери - деца волци, шумски деца итн.) нема да усвои ништо што е врзано со цивилизацијата (говор на пример) па со тоа нема да има ниту верба во натприродни случувања - од причина што нема да размислува како човек. Религијата се пренесува од човек на човек (родители - деца, на пример) па во отсуство на извор на учење за Бог, нема ниту да се развие верувањето во божества.

Децата не се раѓаат ниту како атеисти ниту како теисти, од причина што немаат мислење, односно свеста каква што ние ја познаваме и ја имаме, тие ја немаат, се развива подоцна.
Детето се раѓа со различни потенцијали, детерминирани од генетското наследство или социјалната средина, а конкретно дали ќе се развие во теист или атеист зависи од социјалната средина, која во моментот на раѓање нема никаква улога.
Знам, како лингвист сосема ми е јасно тоа. На пример, детето се раѓа со вродена способност за јазик (genetically endowed capacity for human language). Погледај го мојот одговор на DBack.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:17 AM ---

А полека малце, друже. Без ароганција и реторички дриблинзи, те молам. Ако сакаш да дискутираме асално. Јас не тврдам ништо! Ти тврдиш се раѓа како атеист а јас те замолив да ми дадеш доказ за тоа. Не гледам доказ, оттаму твоето тврдење е само претпоставка.
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:20 AM ---

Табула раса е отсуство на искуство и свесност за постоењето на Божество. Инаку, детето не е табула раса за се`, но тоа е друга тема.
Се извинувам ако бев навредлив. Немав таква намера со тебе.

1. Јас сум бил новороденче и не се сеќавам дека сум верувал во Господ или во богови.

2. Постојат амазонски племиња кои немаат богови и религии.

3. Тежината на доказот секогаш паѓа на оној кој тврди присуство на нешто, т.е. постоење на нешто.

Од овие 1, 2 и 3, јас можам да ти кажам: Имам аргументи дека тврдењето Луѓето се раѓаат со концепт за Бог е фалично.

Заклучокот кој рационално го донесувам е: Луѓето се раѓаат без вера (а-теисти).

Ти обиди се да докажеш дека се раѓаат со вродена ВЕРА.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Да те корегирам. :)
Повеќето теории моментално се согласуваат дека детето не се раѓа како табула раса.
Има повеќе испитувања од преднаталната психологија кои упатуваат на тоа дека детето многу пред да излезе на овој свет спознава работи и реагира, учи како да реагира.
Сепак, ова е сеуште не сосема истражено, нормално зошто испитувањата на живите фетуси се ограничени.

П.С. Детето ако се роди надвор од цивилизација (познати примери - деца волци, шумски деца итн.) нема да усвои ништо што е врзано со цивилизацијата (говор на пример) па со тоа нема да има ниту верба во натприродни случувања - од причина што нема да размислува како човек. Религијата се пренесува од човек на човек (родители - деца, на пример) па во отсуство на извор на учење за Бог, нема ниту да се развие верувањето во божества.

Децата не се раѓаат ниту како атеисти ниту како теисти, од причина што немаат мислење, односно свеста каква што ние ја познаваме и ја имаме, тие ја немаат, се развива подоцна.
Детето се раѓа со различни потенцијали, детерминирани од генетското наследство или социјалната средина, а конкретно дали ќе се развие во теист или атеист зависи од социјалната средина, која во моментот на раѓање нема никаква улога.
Пред да продолжиш, те молам провери кој што тврди -- јас не тврдам дека децата се раѓаат како теисти, DBack тврди дека се раѓаат како атеисти.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Пред да продолжиш, те молам провери кој што тврди -- јас не тврдам дека децата се раѓаат како теисти, DBack тврди дека се раѓаат како атеисти.
Да Петар, но:
ако атеизмот е отсуство на вера во божества
кај детето има отсуство на вера во божества
би дошле до заклучок дека е детето атеист.

Иако, сметам дека тоа не е соодветниот термин, од причина што детето не бира свесно што е и дали е.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако Бог не постои, КАКО МОЖЕ НЕКОЈ да се роди со непостоечки концепт?!?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Се извинувам ако бев навредлив. Немав таква намера со тебе.

1. Јас сум бил новороденче и не се сеќавам дека сум верувал во Господ или во богови.

2. Постојат амазонски племиња кои немаат богови и религии.

3. Тежината на доказот секогаш паѓа на оној кој тврди присуство на нешто, т.е. постоење на нешто.

Од овие 1, 2 и 3, јас можам да ти кажам: Имам аргументи дека тврдењето Луѓето се раѓаат со концепт за Бог е фалично.

Заклучокот кој рационално го донесувам е: Луѓето се раѓаат без вера (а-теисти).

Ти обиди се да докажеш дека се раѓаат со вродена ВЕРА.
Дибек бе, друже...знам за отстуството на концепт за Бог кај Амазонските племиња...си навикнал да дебатираш со поинаква категорија на дискутанти... јас не тврдам ништо -- јас не знам. Ти тврдиш нешто за кое немаш доказ. Дали ме капираш? Немој да ми импутираш тврдење дека децата се раѓаат верници. НИКАДЕ не го реков тоа. Едноставно го проблематизирав твоето тврдење.
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:34 AM ---
Да Петар, но:
ако атеизмот е отсуство на вера во божества
кај детето има отсуство на вера во божества
би дошле до заклучок дека е детето атеист.

Иако, сметам дека тоа не е соодветниот термин, од причина што детето не бира свесно што е и дали е.
Пума, ај ѕирни ја целава дискусија. Те молам. Сериозно.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Дибек бе, друже...знам за отстуството на концепт за Бог кај Амазонските племиња...си навикнал да дебатираш со поинаква категорија на дискутанти... јас не тврдам ништо -- јас не знам. Ти тврдиш нешто за кое немаш доказ. Дали ме капираш? Немој да ми импутираш тврдење дека децата се раѓаат верници. НИКАДЕ не го реков тоа. Едноставно го проблематизирав твоето тврдење.
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:34 AM ---

Пума, ај ѕирни ја целава дискусија. Те молам. Сериозно.
Ја читам цело време.
И јас мислам дека децата се раѓаат како атеисти, подоцна им се нафрлува верата.
Ако моето дете го изолирам да живее меѓу атеисти, притоа никогаш никој да не спомне бог, антибог, и слично, едноставно како таква тема да не постои, детето никогаш нема да пробуди религиозни погледи, а и да му го кажеш зборот Бог ќе праша ,,Што е тоа, се мачка на леб?,,............ така да, ниту едно дете не се раѓа со вера во бог, подоцна родителите бабите и стрините го учат.....
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ја читам цело време.
И јас мислам дека децата се раѓаат како атеисти, подоцна им се нафрлува верата.
Ако моето дете го изолирам да живее меѓу атеисти, притоа никогаш никој да не спомне бог, антибог, и слично, едноставно како таква тема да не постои, детето никогаш нема да пробуди религиозни погледи, а и да му го кажеш зборот Бог ќе праша ,,Што е тоа, се мачка на леб?,,............ така да, ниту едно дете не се раѓа со вера во бог, подоцна родителите бабите и стрините го учат.....
Децата не се раѓаат ниту како атеисти ниту како теисти, од причина што немаат мислење, односно свеста каква што ние ја познаваме и ја имаме, тие ја немаат, се развива подоцна.
А сега ќе те замолам за малку пауза во постовите, да си ги средиш мислите. Може?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
А сега ќе те замолам за малку пауза во постовите, да го средиш мислите. Може?
А делот каде што потенцирам дека атеист не е соодветниот термин, но немаме посоодветен? Возрасниот атеист знае зошто е атеист - свесно донесена одлука, бебето атеист не може свесно да донесе одлука и едноставно не се раѓа со истото, притоа, може да стане или да не стане теист.

Затоа не можеме да зборуваме за двете категории со еден термин, но јас не знам посоодветен.
Како и да е, ако одиме со дефиницијата дека атеист е некој што не верува во божества, бебето не верува во божества со тоа е атеист, но тоа не е свесно донесена одлука, изгледа, намерно не ме разбираш :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Дибек бе, друже...знам за отстуството на концепт за Бог кај Амазонските племиња...си навикнал да дебатираш со поинаква категорија на дискутанти... јас не тврдам ништо -- јас не знам. Ти тврдиш нешто за кое немаш доказ. Дали ме капираш? Немој да ми импутираш тврдење дека децата се раѓаат верници. НИКАДЕ не го реков тоа. Едноставно го проблематизирав твоето тврдење.
Полека друже, барем ти не си од тие неразумните верници и можеме културно и на ниво да дискутираме. Нема потреба да се лутиме и навредуваме (истото важи и за другите дискутанти)

Доказот е во следното.
Ако детето се раѓа како табула раса, значи нема спознание за бог. А штом отсуствува бог, ќе е имплицитен атеист, или пантеист оти не миу е ни гајле дали постои или не постои.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
@DBack: тврдењето дека децата се раѓаат без концепт за Бог базиран на Амазонските племиња е hasty generalization. Јас сум расположен да причекам науките кои се бават со когниција да понудат некои поопипливи докази. Дотогаш, мојот став е не знам и не го прифаќам твоето тврдење. И понатаму те читам со почит и интерес.

Поздрав,
--- надополнето: Jul 6, 2011 10:53 AM ---
Полека друже, барем ти не си од тие неразумните верници и можеме културно и на ниво да дискутираме. Нема потреба да се лутиме и навредуваме (истото важи и за другите дискутанти)

Доказот е во следното.
Ако детето се раѓа како табула раса, значи нема спознание за бог. А штом отсуствува бог, ќе е имплицитен атеист, или пантеист оти не миу е ни гајле дали постои или не постои.
Каде виде некултура во моите обраќања до тебе, Дибек или Пума? Те молам укажи ми и ќе се извинам веднаш. Не се раѓа табула раса -- има многу генетски кодирани способности. Докази за ова имаш во психологијата, неврологијата, лингвистиката.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom