Да те корегирам.
Повеќето теории моментално се согласуваат дека детето не се раѓа како табула раса.
Има повеќе испитувања од преднаталната психологија кои упатуваат на тоа дека детето многу пред да излезе на овој свет спознава работи и реагира, учи како да реагира.
Сепак, ова е сеуште не сосема истражено, нормално зошто испитувањата на живите фетуси се ограничени.
П.С. Детето ако се роди надвор од цивилизација (познати примери - деца волци, шумски деца итн.) нема да усвои ништо што е врзано со цивилизацијата (говор на пример) па со тоа нема да има ниту верба во натприродни случувања - од причина што нема да размислува како човек. Религијата се пренесува од човек на човек (родители - деца, на пример) па во отсуство на извор на учење за Бог, нема ниту да се развие верувањето во божества.
Децата не се раѓаат ниту како атеисти ниту како теисти, од причина што немаат мислење, односно свеста каква што ние ја познаваме и ја имаме, тие ја немаат, се развива подоцна.
Детето се раѓа со различни потенцијали, детерминирани од генетското наследство или социјалната средина, а конкретно дали ќе се развие во теист или атеист зависи од социјалната средина, која во моментот на раѓање нема никаква улога.