Исус (Iesous) е грчка транслитерација на еврејското име Јешуа, кое пак е кратенка (или Арамејска форма) од „Јехо Шуа“ што значи „Јехова спасува“.
Ако прашаш некој евреин за ова што ти го напиша, ќе ти кажат дека тоа не е името Исус... Има веќе поглавје во нивниот Закон, и не пишува поглавје на Исус.
Пребарај подобро и распрашај се меѓу евреите што им значи ова
יהושׁע.
Во истото поглавје пак се вели:
וַיֹּאמֶר יְהוָה אֶל-יְהוֹשֻׁעַ בִּן-נוּן,
(Богот(една од титулите на богот( Јод хе вав хе Ел) проговори на
יהושׁע синот на Нун (тоа е буква од еврејскиот јазик и значи риба)), а не како што е преведено во македонската верзија како име на човек што и да се преведе така, не оди...
На англиски е преведено Joshua, не Jesus, како што е подоцна запишано во новиот завет. Ние го пишуваме Исус бидејќи немаме за Joshua што да замениме... За John имаме Јован, но за ова? Смислете некое друго подобро име отколку Исус Навин...
И истото поглавје пишува дека тоа е некој си Навин... Од каде навин кога ете пишува бен нун, син на рибата
Или тоа е македонски превод навин што нема врска со оригиналот?
Да додадам, исто така за исус велат дека се пишува вака:
ישוע но и дека се пишува
יהשוי.
Првото е слично на твоето, но како што кажав има разлика која што постои кај евреите и не е само различна форма за едно исто нешто.
Второто се користи од еврејските кабалисти(а да потсетиме(колку и да изгледа чудно) стариот завет е пишуван од такви луѓе) за кои имаат одредени теории за кои јас не сум многу компетентен да ги разглобувам тука. Само знам дека додале ש во
יהוה.