Кој е Исус Христос?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Е ми, шом го знајш одговоро, зш поставуваш прашајна? :confused:
Јас знам што НЕ Е одговорот... затоа прашувам...
Имаш стихови, објасни зошто исус а не некое друго име! Спасител на еврејски е друго, не е зборот исус...

П.С. Всушност не се мачи... ми здодеа ова со исус и рисјани ...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас знам што НЕ Е одговорот...
.
Алал да Ти е!
Јас кога не знам-не знам и затоа прашувам, за да дознаам „како е„, а не затоа што знам „како не е„.
--- надополнето: Jun 24, 2011 11:47 AM ---
П.С. Всушност не се мачи... ми здодеа ова со исус и рисјани ...
Ај вака: обиди се со „...исус и евреи...„ или „исус и муслимани..„па може ќе Ти успее и јави ни на форумов како си поминал.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Со евреи најдобро оди исус... со другите категорично не...!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Исус на еврејски не значи спасител тоа е христијанско објаснување, не превод! :)
Исус (Iesous) е грчка транслитерација на еврејското име Јешуа, кое пак е кратенка (или Арамејска форма) од „Јехо Шуа“ што значи „Јехова спасува“.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Исус (Iesous) е грчка транслитерација на еврејското име Јешуа, кое пак е кратенка (или Арамејска форма) од „Јехо Шуа“ што значи „Јехова спасува“.
Ова некако блиску до еврејските мистици :)

П.С. Може на арамејски, или еврејски да го напишеш?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Исус (Iesous) е грчка транслитерација на еврејското име Јешуа, кое пак е кратенка (или Арамејска форма) од „Јехо Шуа“ што значи „Јехова спасува“.
Ако прашаш некој евреин за ова што ти го напиша, ќе ти кажат дека тоа не е името Исус... Има веќе поглавје во нивниот Закон, и не пишува поглавје на Исус.
Пребарај подобро и распрашај се меѓу евреите што им значи ова יהושׁע.

Во истото поглавје пак се вели:
וַיֹּאמֶר יְהוָה אֶל-יְהוֹשֻׁעַ בִּן-נוּן,
(Богот(една од титулите на богот( Јод хе вав хе Ел) проговори на יהושׁע синот на Нун (тоа е буква од еврејскиот јазик и значи риба)), а не како што е преведено во македонската верзија како име на човек што и да се преведе така, не оди...
На англиски е преведено Joshua, не Jesus, како што е подоцна запишано во новиот завет. Ние го пишуваме Исус бидејќи немаме за Joshua што да замениме... За John имаме Јован, но за ова? Смислете некое друго подобро име отколку Исус Навин...
И истото поглавје пишува дека тоа е некој си Навин... Од каде навин кога ете пишува бен нун, син на рибата :) Или тоа е македонски превод навин што нема врска со оригиналот?

Да додадам, исто така за исус велат дека се пишува вака:
ישוע но и дека се пишува יהשוי.
Првото е слично на твоето, но како што кажав има разлика која што постои кај евреите и не е само различна форма за едно исто нешто.
Второто се користи од еврејските кабалисти(а да потсетиме(колку и да изгледа чудно) стариот завет е пишуван од такви луѓе) за кои имаат одредени теории за кои јас не сум многу компетентен да ги разглобувам тука. Само знам дека додале ש во יהוה.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Тој што верува си ти. И тоа е јасно. Немам потреба да верувам во духовност (нерелигозна)
Јас знам некои работи кои ти изгледа не ги знаеш. Воопшто не ти е познато што е Атеист.

Постои голема разлика меѓу тоа дали светот само го носите во себе, или дали тоа и го знаете! Некој лудак може да изговори мисли кои потсетуваат на Платон, а некое малку побожно учениче во Хернхутскиот семинар размислува творечки за истите длабоки митолошки поврзаности што се јавуваат кај гностичарите или кај Зороастер. Меѓутоа, тој за тоа не знае ништо! Тој е дрво или камен, во најдобар случај животно, се додека тоа не го знае. Но, кога ке светне првата искра на тоа сознание, тогаш станува човек. Веројатно нема да ги сметате за луѓе сите тие двоношци кои се движат по улиците, само затоа што одат исправено и што своите новороденчиња ги носат по девет месеци? Па вие гледате колку од нив се риби, или овци, црви или пијавици, колку се мравки, колку се пчели! Само, во секој од нив постои можност да се роди човек, но дури тогаш кога тој ќе ги насети тие можности, дури тогаш кога ќе научи да ги направи делумно свесни, дури тогаш тие се негова сопственост.
Сега го приметив ова, би те поправил со една мала ситница.
Наместо лудак да стои идиот :)
Има нешта кај лудаците кои ги напипале повеќе и од просечните луѓе.
Заедничко за лудаците и "мудреците" e што се надвор од умот.
Проблемот со лудаците е што се под умот. :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Сега го приметив ова, би те поправил со една мала ситница.
Наместо лудак да стои идиот :)
Има нешта кај лудаците кои ги напипале повеќе и од просечните луѓе.
Заедничко за лудаците и "мудреците" e што се надвор од умот.
Проблемот со лудаците е што се под умот. :)
Се е релативно, лудак и „лудак“ има. А некој пак само глуми лудило.
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
22
Поени од реакции
2
Луѓе,што се замарате до толку со религии....
Нема потреба да се караме ако сме од различни религии...
Ние Христијаните веруваме во Исус и нема потреба да ни се мешате
Вие муслиманите верувате во Аллах и ние немаме ништо против тоа
Ама пак ке речам не верувам толку многу во религии..!
Еднуш се раѓаме еден живот живееме и потоа умираме сите
И да веруваме во Бог и да не веруваме и да му се молиме и да не му се молиме повторно сите ке УМРЕМЕ
Животот е крато нема потреба со преоптоварување со религии и слично ;)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

Јове, буразеру! Свака час` за постов, што пиеш? Твоиве едноставни но длабоки пораки ме потсетија на еден религиозен атеист од Пинтија кој напиша: „Сите ќе умреме еден ден, али здравје!“

Поздрав!:)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ние Христијаните веруваме во Исус и нема потреба да ни се мешате
Бидејќи велиш „ние христијаните веруваме во Исус“, претпоставувам дека си христијанин кој верува во Исус.

Еднуш се раѓаме еден живот живееме и потоа умираме сите
И да веруваме во Бог и да не веруваме и да му се молиме и да не му се молиме повторно сите ке УМРЕМЕ
Ако си христијанин кој верува во Исус, тогаш зошто велиш дека еден живот живееме и дека потоа сите ќе умреме (без разлика дали сме верувале или не во Бог), кога Исус, во кој ти веруваш, рекол дека оние кои веруваат во Него, при Неговото враќање Тој ќе ги воскресне и тие ќе живеат вечно во Неговото Царство.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Бидејќи велиш „ние христијаните веруваме во Исус“, претпоставувам дека си христијанин кој верува во Исус.

Ако си христијанин кој верува во Исус, тогаш зошто велиш дека еден живот живееме и дека потоа сите ќе умреме (без разлика дали сме верувале или не во Бог), кога Исус, во кој ти веруваш, рекол дека оние кои веруваат во Него, при Неговото враќање Тој ќе ги воскресне и тие ќе живеат вечно во Неговото Царство.
Чорбаџија бе, чорбаџија...не го ремети Јове...направи напор да ја согледаш неговата порака која, сметам дека не сплотува сите нас на форумов: христијани, муслимани, атеисти, црни, жолти, бели, пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки. Их, да ти се невиди...мораше и овој свечен момент да го упропастиш...извини, ама малку сум разочаран од тебе.
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
22
Поени од реакции
2
Јас само сакам сите да се сплотиме без разлика на верата
Што има потреба муслиманите да ни се мешаат нас во што веруваме или ние да им се мешаме нив ???
Затоа реков животот е краток за да се караме,треба сите да се слотиме и среќно и мирно да си живееме:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom