Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
за да се почне од ново треба да се тргнат фаците од ффм кој одат кај секој селектор со список на играчи
 
И Шаќири и Ѓоргиовски во трката за жешкиот стол
9F7349D9D6507D4E8D3F97B689C99476.jpg

Иднава недела комисија составена од три члена на УО, претседателот на Трнерскиот одбор Станојковиќ и директорот на Едукативниот центар Марковски ќе ги разгледаат сите предлози и ќе се произнесат пред да биде одбран наследникот на Јонуз
Ексрепрезентативецот на Македонија, Артим Шаќири, и поранешниот селектор на младата селекција до 19 години Илчо Ѓоргиовски се последните кандидати со кои претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, вчера разговараше во потрагата за нов селектор на најдобриот државен тим. Со овие двајца домашни кандидати затворена е листата од која ќе биде избран наследникот на разрешениот Мирсад Јонуз.

- Шаќири се пријави, а Ѓоргиовски го поканивме за да го слушнеме и неговото мислење - вели Зоран Николовски, портпаролот на ФФМ.

На разговори во ФФМ се појавија и поранешните селектори на Македонија Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски. Во трката за жешкото столче не остана Јовановски кој на Хаџи-Ристески му соопштил дека не е заинтересиран за понудата. Од странците нов обид да дојде до селекторското кормило на Македонија направи Турчинот Зија Доган, а се разговараше и со застапникот на бугарскиот стратег Пламен Марков. Телефонски контактирале и со српските стручњаци Љупко Петровиќ и Зоран Филиповиќ. Со домашниот „странец“ Чедомир Јаневски, кој се школуваше за тренер во Белгија и работел исклучиво надвор од Македонија, не е остварен контакт. Тој останува на својот став дека ако биде поканет, ќе се јави на разговори.

- Низ разговорите со кандидатите само се сондираат мислењата. Дали селекторот ќе биде домашен или странец дополнително ќе се одлучи - вели Игро Климпер, генералниот секретар на ФФМ.

Шаќири, кој останува да се памети на македонската фудбалска сцена по голот постигнат од корнер против Англија (2-2), нема зад себе тренерско искуство, но ја има потребната про-лиценца и голем интернационален играчки стаж. За разлика од него Ѓоргиоски беше селектор на македонските фудбалски надежи до 19 години со кои стаса во вториот круг квалификации.

За идниот викенд ФФМ најавува седница на УО, кој ќе го каже последниот збор. Пред тоа ранг-листата со кандидатите ќе треба да ја подготви комисијата составена од три члена на УО, генералниот секретар Климпер, претседателот на Тренерскиот одбор Вујадин Станојковиќ и директорот на Едукативниот центар при ФФМ Небојша Марковски.
--- надополнето: Jul 1, 2011 9:21 AM ---
Шумуликоски, Наумоски, Грнчаров .... :eek:

затоа цело време ќе си тапкаме у место
 
^^^
Немој така Величе се лути кога се збори против него, добар е ..... така новинарот од А1 ќе си го добиеше и му беше дадено дознаење дека ''УШ ЕДНУШ'' да не се правел паметен !!! :D
 
Ајде пак нека донесат некој неписмен мајмун што ја водел Победа, некое полтронче кое ќе игра онака како што ќе свири Хари...
 
^^^
Немој така Величе се лути кога се збори против него, добар е ..... така новинарот од А1 ќе си го добиеше и му беше дадено дознаење дека ''УШ ЕДНУШ'' да не се правел паметен !!! :D

балканскиот стивен ретард
 
Величе и Наумоски најцрни дупки, па ко че видиш нема натпревар да не се стартери за репрезентација.
 
Дај Боже да ми се оствари дамнешната желба и конечно да имаме Германец за селектор ( иако не верувам да го изберат Аугенталер ) , а и било кој друг од овие тројца ( Аугенталер , Блажевиќ и Жирес ) би бил одличен , само што ич не ми се верува дека ќе биди некој од нив . Веројатно пак ќе стават некој на кого Аџиристе му должи услуга и ќе продолжи и понатаму агонијата во мак репрезентативниот фудбал .
 
Овие тројца било кој од нив да го изберат,сами ќе си одат од ко ќе отворат очи...
 
C465CC270FA3C248AFB6F051B946DD92.jpg

Ален Жирес со Жорж Амбуре

Не знам колку се сеќавате кога Жирес ни беше гостин ( на Македонија Ѓорче Петров) по натпреварот беше гостин у Камник на срна. Тогаш беше изјавил нешто у стил дека му се допаѓа Македонија и цитирам " вети дека штом ќе има малку повеќе слободно време, ќе дојде повторно во Македонија, со своите пријатели ловџии од Франција за да ја испробаат среќата во овој спорт на нашите ловни предели."​
Да не иде овој само да ни ги јаде срните :D:D:D. Шала на страна , типувам на него доста ми е од уште еден Катанец. Тогаш знам беше изјавил дека најмногу како играч го бендисал Даниел Мојсов.
 
Ќе стават некој дибек од калибарот на Јонуз за да може лесно да си играат курташак со него, некој селектор што ќе може да го држат на ланец како куче, а тој ќе ги слуша наредбите со цел да се продадат шупелки како Алими, Зубими, Куртими, Шуми и слични ебиветри на нив...
 
блажевиќ од коњ на магаре не иде
селектор ќе биде гоце седлоски или артим шаќири
--- надополнето: Jul 4, 2011 11:35 PM ---
владе лазаревски потпишал за амиенс втора француска лига
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom