И Шаќири и Ѓоргиовски во трката за жешкиот стол
Иднава недела комисија составена од три члена на УО, претседателот на Трнерскиот одбор Станојковиќ и директорот на Едукативниот центар Марковски ќе ги разгледаат сите предлози и ќе се произнесат пред да биде одбран наследникот на Јонуз
Ексрепрезентативецот на Македонија, Артим Шаќири, и поранешниот селектор на младата селекција до 19 години Илчо Ѓоргиовски се последните кандидати со кои претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, вчера разговараше во потрагата за нов селектор на најдобриот државен тим. Со овие двајца домашни кандидати затворена е листата од која ќе биде избран наследникот на разрешениот Мирсад Јонуз.
- Шаќири се пријави, а Ѓоргиовски го поканивме за да го слушнеме и неговото мислење - вели Зоран Николовски, портпаролот на ФФМ.
На разговори во ФФМ се појавија и поранешните селектори на Македонија Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски. Во трката за жешкото столче не остана Јовановски кој на Хаџи-Ристески му соопштил дека не е заинтересиран за понудата. Од странците нов обид да дојде до селекторското кормило на Македонија направи Турчинот Зија Доган, а се разговараше и со застапникот на бугарскиот стратег Пламен Марков. Телефонски контактирале и со српските стручњаци Љупко Петровиќ и Зоран Филиповиќ. Со домашниот „странец“ Чедомир Јаневски, кој се школуваше за тренер во Белгија и работел исклучиво надвор од Македонија, не е остварен контакт. Тој останува на својот став дека ако биде поканет, ќе се јави на разговори.
- Низ разговорите со кандидатите само се сондираат мислењата. Дали селекторот ќе биде домашен или странец дополнително ќе се одлучи - вели Игро Климпер, генералниот секретар на ФФМ.
Шаќири, кој останува да се памети на македонската фудбалска сцена по голот постигнат од корнер против Англија (2-2), нема зад себе тренерско искуство, но ја има потребната про-лиценца и голем интернационален играчки стаж. За разлика од него Ѓоргиоски беше селектор на македонските фудбалски надежи до 19 години со кои стаса во вториот круг квалификации.
За идниот викенд ФФМ најавува седница на УО, кој ќе го каже последниот збор. Пред тоа ранг-листата со кандидатите ќе треба да ја подготви комисијата составена од три члена на УО, генералниот секретар Климпер, претседателот на Тренерскиот одбор Вујадин Станојковиќ и директорот на Едукативниот центар при ФФМ Небојша Марковски.
--- надополнето: Jul 1, 2011 9:21 AM ---
Шумуликоски, Наумоски, Грнчаров ....
затоа цело време ќе си тапкаме у место