Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Toecutter, претпоставувам дека сакаше да кажеш „не го прави она што за тебе претставува зло.“ Ова е малце лизгава теза...за некрофиличарите, педофилите, сериските убијци, итн. нивните активности не се зло. Индивидуата не може да биде единствениот критериум за моралот -- мора да постои некој културен, социјален консензус.
Да...секако, секаде има горе долу изградена консензус-реалност околу што е тоа зло, отуѓување средства и имот, лишување од живот, загрозување на здравје и некои други работи...
Тие што ги опиша се сексуално застранети од општиот консензус и доколку не прават штета на други...нивна работа...што секако не е случај со некои од нив, но затоа и не треба да се прави она што не сака чоек да му биде правено...
Но и тие што ги наведе се реткост и куриозитет повеќе отколку некаков битен елемент во некоја средина, главното зло излегува од сосема други ентитети кои на себе носат филантропска маска.....некои од нив рајата ги обожава...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
но за жал општоприфатено - дури и наметнато е воспитувањето на децата од мали нозе во духот на некоја од религиите (нормално исти со оние на родителите).
Навистина? Каде е општоприфатено? Имаш статистики, или онака, одокативно го изнесуваш ова?

Неможете дете кое од најраната возраст е индоктринирано со религиска култура и симболи да очекувате дека ќе носи рационална и објективна одлука подоцна во животот, кога ќе почне сериозно да се интересира за егзистенцијалните и духовните прашања.
Можеме. Татко ми е атеист. Јас не сум. Моите деца се атеисти. Сме направиле слободни избори, иако нашите родители имале поинакви светогледи. Инаку, сум живеел долги години во комунистичко-атеистичка индоктринација. Индоктринацијата е најефикасен начин да одвратиш некого од некоја идеја -- што повеќе ја наметнуваш, се поодбојна станува.;)

Детето мора да расте во духот на знаењето, во духот на вистината, во духот на моралноста и правичноста (тоа би требало да биде обврска на секој родител)... па нека испадне што сака во подоцнежните тинејџерски години.
Фино е се` ова. Но, вистината, моралноста и правичноста имаат различни дефиниции. Особено вистината.;)

Има една заблуда: дека децата може да се воспитуваат во некој „идеолошки“ вакуум. Тоа е невозможно. Значи сите ние сме воспитувани да веруваме (или не) во одредени религии, да се интересираме (или не) за наука, технологија, мода, калемење сливи, пресметување на каматни стапки, да почитуваме (или не) одредени вредности, традиции, обичаи, луѓе, идеи... Она што е битно при сето ова е понудата и достапноста на информации, стимулацијата на критичко расудување, и слободата на избор.
--- надополнето: Jun 30, 2011 8:59 PM ---

--- надополнето: Jun 30, 2011 9:02 PM ---
Да...секако, секаде има горе долу изградена консензус-реалност околу што е тоа зло, отуѓување средства и имот, лишување од живот, загрозување на здравје и некои други работи...
Тие што ги опиша се сексуално застранети од општиот консензус и доколку не прават штета на други...нивна работа...што секако не е случај со некои од нив, но затоа и не треба да се прави она што не сака чоек да му биде правено...
Но и тие што ги наведе се реткост и куриозитет повеќе отколку некаков битен елемент во некоја средина, главното зло излегува од сосема други ентитети кои на себе носат филантропска маска.....некои од нив рајата ги обожава...
Се разбираме. А има широк консензус за тие со филантропската маска. Имаат и разни фенси имиња.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.261
Поени од реакции
84.356
Поарно некрстен отколку да го крштеваат без да го прашаат. Додека е мало ај да го венчаме, како што прават муџахедините, па цел живот да му е врзан без негова согласност.
Да го венчаме додека е мал, не е добро за него. Да го покрстиме одма после 40-те дена е добро за него.
--- надополнето: Jun 30, 2011 11:50 PM ---
А што ќе се случи ако живее некрстено? Ќе гори во пеколот?:rolleyes:
Ваљда не.(y)
 
T

Tetro

Гостин
Да го венчаме додека е мал, не е добро за него. Да го покрстиме одма после 40-те дена е добро за него.
Иако не разбира ништо, добро е за него да го крстите?

- Исто би било добро и полот да му го сменат, како што масовно им прават на малите деца во Индија деновиве?
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Да го венчаме додека е мал, не е добро за него. Да го покрстиме одма после 40-те дена е добро за него.
--- надополнето: Jun 30, 2011 11:50 PM ---
Ама Зошто е добро тоа за детето? За црквата како институција секако е добро од материјален аспект, ама што добива самото дете, освен непотребно гњавење?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.853
Остварливи се и не се против човековата природа. Сидата, сифилизот, HPV-то, предвементата бременост, абортусите, разводите - тие се против човековата природа. Божјите заповеди не се дадени за да ја ограничат нашата слобода, туку да не заштитат од нашите необуздани страсти и похоти - кои се последица од гревот, од нашата гревовна природа.

Лудите возачи би рекле „СТОП за семафорите и сообраќајните знаци - тие ја ограничуваат нашата слобода на возење!“
Децата би рекле „тргнете ја училишната ограда! - заради неа не можеме да играме фудбал на улицата!“

Кога детето е многу мало тоа смета дека заболекарот е против него затоа што му нанесува привремена болка. Тоа смета дека инекциите се исто така против него, затоа што и тие му нанесуваат болка. Детето смета дека е во право, плаче и се бунтува против родителите. Но родителот знае дека тоа е за негово/нејзино добро.
Од друга перспектива гледано, човекот е ставен во речиси безизлезност низ призната на гревот и неговите разорни и смртоносни последици. Сепак постои еден и доволен излез за секого, преку Спасителот Исус Христос.

п.с. И бисерот е резултат на болка, во утробата на бисерната школка :)
Мислам дека претеруваш.
Речиси сите сме сексуално активни, и не сме сите заразени.
Значи - превенција во вид на кондом, а не апстиненција која не е нормална ако личноста има 18+ години (до душа хормоните работат мн порано, ама ајде).
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ама Зошто е добро тоа за детето? За црквата како институција секако е добро од материјален аспект, ама што добива самото дете, освен непотребно гњавење?
За детето е добро, затоа што секој кој е крстен на помала возраст, има поголема потенцијална способност да поверува во Бог и во Неговото учење. Од дел луѓето кои ги знам, има и такви кои нит се крстени, нит се црковно венчани, а како капак на све, на памет не им паѓа ни да поверуваат, ни да ги завршат црковните обрски.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Тоа што детето ќе доживее тешка траума на едногодишна возраст, гледајќи како еден чичко облечен во црно со брада, испушта неразбирливи крици и го пика во леген со вода, при тоа поливајќи го по главата со истата вода, ќе му отвори “потенцијална способност“ да поверува во Бог и неговото учење????

Немој бе Мики, ти се смеат луѓето.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа што детето ќе доживее тешка траума на едногодишна возраст,
Да бе, ево, ја сите бебиња шо ги иам глеано при крштевање, сите паѓаат у несвест од „трауматизираност„...:ROFLMAO:
--- надополнето: Jul 1, 2011 8:02 AM ---
Немој бе Мики, ти се смеат луѓето.
Или поточно кажано, Ти ми се смееш....Ама ај, ќе Ти простам, оти и ионака не знаеш шо зборуеш...:D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да бе, ево, ја сите бебиња шо ги иам глеано при крштевање, сите паѓаат у несвест од „трауматизираност„...:ROFLMAO:
Па 90% од нив вриштат како опседнати. Се сеќавам кога брат ми ја крштеваше ќерката, ја крена црквата од плачење..
--- надополнето: Jul 1, 2011 8:05 AM ---
Да бе, ево, ја сите бебиња шо ги иам глеано при крштевање, сите паѓаат у несвест од „трауматизираност„...:ROFLMAO:
--- надополнето: Jul 1, 2011 8:02 AM ---

Или поточно кажано, Ти ми се смееш....Ама ај, ќе Ти простам, оти и ионака не знаеш шо зборуеш...:D
Одамна јас не ти се смеам злонамерно. Ти се смеам како на кловн кој ја забавува публиката, а тоа не е злонамерно...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па 90% од нив вриштат како опседнати. Се сеќавам кога брат ми ја крштеваше ќерката, ја крена црквата од плачење..
.
Не биди смешен, оти бебињата кај кои е нагласено плачењето, плачат кај ќе стигнат а не затоа што се „високо свесни„ оти ги крштеваат.
--- надополнето: Jul 1, 2011 8:12 AM ---
Одамна јас не ти се смеам злонамерно. Ти се смеам како на кловн кој ја забавува публиката, а тоа не е злонамерно...
И сеа, за возврат, треба да Ти „опалам„ една навреда, ради која ќе треба да ме банираат....:ROFLMAO:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не биди смешен, оти бебињата кај кои е нагласено плачењето, плачат кај ќе стигнат а не затоа што се „високо свесни„ оти ги крштеваат.
Мики, не треси зелени, за сите деца крштевањето е непријатно искуство.
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Мики, не треси зелени, за сите деца крштевањето е непријатно искуство.
Јас дури не го ни паметам.Дома со моите се расправам премногу бидејки тие се верници а јас атеист.Им велам за џабе сте ме крштевале.А тие упорно, не , крстена си, православна христијанка си..
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, не треси зелени, за сите деца крштевањето е непријатно искуство.
Во ред, еве, Ти почни да тресеш зелени, со то шо ќе ми кажеш кое беше Твоето лично искуство при крштевањето...:D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Во ред, еве, Ти почни да тресеш зелени, со то шо ќе ми кажеш кое беше Твоето лично искуство при крштевањето...:D
Јас не сум крстен, носам во себе легион демони...

Бу !!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom