Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • Креатор на темата Креатор на темата Almala
  • Време на започнување Време на започнување

Децата да се воспитуваат во семејната не/вера?

  • да

    Гласови: 36 39,6%
  • не

    Гласови: 47 51,6%
  • не знам

    Гласови: 8 8,8%

  • Вкупно гласачи
    91
Но загрижувачки е кога син убива својата мајка, татко син -
дали под влијание на дрога или алкохол-тоа зборува за недостатокот на морални инхибиции, недостатокот на бариера, недостатокот на знаење што е добро а што лошо.
Ај прочитај во библијата кое е првото убиство. Каин го убива Авела. За тие ли морални вредности треба да се учат децата? Дека треба да си ги убиваат браќата?
 
Не знам за вас ама јас не пуштам дете по улици пред да ги изгледа сите 4 сезони од Blackadder, Монти Пајтон и Only fools & horses are optional...:D

Да, но кога ќе биде способно да разбере иронија и сарказам. Иронијата и сарказмот се софистицирани видови на хумор и се развиваат подоцна, како производ на некои познавања и искуство. Плус, не значи дека ако ги изгледа сите овие работи ќе биде „атеист“ или отпорен на било каква индоктринација.
--- надополнето: Jun 30, 2011 7:52 PM ---
Ај прочитај во библијата кое е првото убиство. Каин го убива Авела. За тие ли морални вредности треба да се учат децата? Дека треба да си ги убиваат браќата?

Извини, примеров ти е несоодветен. Каде во Библијата има оправдување или афирмација на овој конкретен чин?
 
НО, еве денес зборуваа за една циганка!
4 дете родила и него го продаде !!!!!!!
Досега има продадено 4 деца !!!!!!!!!!!
И не се крие, ниту ја срам, ниту мисли како мајка!
Е, тоа веќе, како да се категоризира ?????
И си го кажува на телевизија!
Ако сакаш ми верувај!
Па, днеска вечерта го даваа!
За тоа вината е и во општеството и во самите нас сигурно!
Но ........ што да се направи?
Еве ние со тебе сега си пишуваме.
Зборувавме си, ама, само наоди!
Патот некако е во потонат во блатото на јавната мизерија и духовна сиромаштија, недостаток на човечка природа!
 
Да, но кога ќе биде способно да разбере иронија и сарказам. Иронијата и сарказмот се софистицирани видови на хумор и се развиваат подоцна, како производ на некои познавања и искуство. Плус, не значи дека ако ги изгледа сите овие работи ќе биде „атеист“ или отпорен на било каква индоктринација.
--- надополнето: Jun 30, 2011 7:52 PM ---

Извини, примеров ти е несоодветен. Каде во Библијата има оправдување или афирмација на овој конкретен чин?
молам???
Па бог му простува, нели?
 
молам???
Па бог му простува, нели?

Да, но тоа не е афирмација на убиството. Простувањето (милоста) не значи потврда или охрабрување за гревот. Кога му простуваш на твоето дете за некоја направена глупост, дали поуката која се обидуваш да му ја дадеш е, “Супер синко, јас ти простив, а сега ти пак слупај му го џамот на комшијата?“
 
Не мислам дека атесита е полош или подобар!
Сакав да кажам дека недостасува духовна цел, духовен и морален пример за воспитување на децата сега!
А Културата се гради од нас луѓето во општеството.
Можеби недостасува и континуитет при изградбата и!!
--- надополнето: Jun 30, 2011 8:05 PM ---
Да, но тоа не е афирмација на убиството.
Далеку сум од помислата дека свештеникот одобрува убиството.
Но извршителот можеби мисли дека добил духовна прошка за својата душа!
Нели се вели - бог простува!
Но дали тоа ќе излечи болката во душата на мајката на жртвата??
 
НО, еве денес зборуваа за една циганка!
4 дете родила и него го продаде !!!!!!!
Досега има продадено 4 деца !!!!!!!!!!!
И не се крие, ниту ја срам, ниту мисли како мајка!
Е, тоа веќе, како да се категоризира ?????
И си го кажува на телевизија!
Ако сакаш ми верувај!
Па, днеска вечерта го даваа!
За тоа вината е и во општеството и во самите нас сигурно!
Но ........ што да се направи?
Еве ние со тебе сега си пишуваме.
Зборувавме си, ама, само наоди!
Патот некако е во потонат во блатото на јавната мизерија и духовна сиромаштија, недостаток на човечка природа!

Има чаре се вика несадење тикви со изворот на зло, без разлика на очекуваните последици кои би произлегле од тоа, ако за нешто мислиш дека е зло немој да го правиш или поддржуваш едноставно е... но никој не сака да се откаже од играчките за кои на телевизија ни кажале дека не се живее без...и така, премолчи едно зло, биди слеп за второ, глув за трето, нем за четврто, тоа од своја страна си произведува ново зло и така...даноците и наметите не биле кражба и зло пошто сме се плашеле да го ангажираме умот, убиството не е убиство ако некој повисок авторитет вика така...и уште мнооогу примери кои ја донеле работава ваква каква што е...
И после ѓаоло бил крив, абе ајде...

Еве шо викал еден поп пред некои пола век...:D ама го убија...
А друг рекол дека државата е орудие на принцот на темнината...Ромеро се викал...а да...и него го убија...

Cowardice asks the question - is it safe?
Expediency asks the question - is it politic?
Vanity asks the question - is it popular?
But conscience asks the question - is it right?
And there comes a time when one must take a position
that is neither safe, nor politic, nor popular;
but one must take it because it is right.

Dr. Martin Luther King, Jr.
 
Денес е вистински предизвик за секој кој се обидува да воспитува деца во некоја вера. Прво, поради напредокот во науката кој дава исцрпни и прецизни одговори на многу суштински прашања. Второ, поради сопствената немоќ и лоши примери (немоќта на верниците и лошите примери на „претставниците“ на верските заедници). Трето, поради временската и културна оддалеченост на светите книги. И четврто, поради преголемиот цинизам на современиот свет. Има и други фактори, но овие се, според мене, некои од клучните.

Според мене, овие предизвици не подразбираат негација на верата. Тие укажуваат на потребата од познавање на науката, соочување со реалноста, способноста да се протолкуваат некои архаични концепти, културни матрици, итн., и, подготвеноста на цинизмот да се одговори со молк, трпение, и милост. И да им се помогне да децата да направат едуциран избор.
Многу ми се допадна твоето размислување.
Но, за да се постигне, треба пат, напои кои треба да одат!
Имено барајќи овој пат, ние луѓето, секој со индивидуалноста си бараме на различни места овој пат.
И за секој е разлличен.
Од едн астро тоа нè прави поголем степен поединечно, но не прави и толку различни што нејасни дури концептот на вредносниот систем во општеството во кое живееме!
 
Да, но тоа не е афирмација на убиството. Простувањето (милоста) не значи потврда или охрабрување за гревот. Кога му простуваш на твоето дете за некоја направена глупост, дали поуката која се обидуваш да му ја дадеш е, “Супер синко, јас ти простив, а сега ти пак слупај му го џамот на комшијата?“
Никој тоа не го вели.
Само веке ми е преку таквоото од стереотипите, безверско воспитување = неморал, верско = морал на највисоко ниво. Тоа ми смета.

П.С. не го земај ова лично, не велам дека ти си го рекол, но 99% верници го тврдат тоа
 
Не бе, и мене ми е смачено од флоскули и манифести. Независно од кого доаѓаат. И малку сум внимателен кон категоризациите атеисти, верници, агностици... се обидувам да следам што зборуваат, како се однесуваат кон мене и другите, и колку го исполнуваат она за кое номинално се залагаат. И да, цепидлака сум за прецизност и не држам страна, како што гледаш.
 
Има чаре се вика несадење тикви со изворот на зло, без разлика на очекуваните последици кои би произлегле од тоа, ако за нешто мислиш дека е зло немој да го правиш или поддржуваш едноставно е... но никој не сака да се откаже од играчките за кои на телевизија ни кажале дека не се живее без...и така, премолчи едно зло, биди слеп за второ, глув за трето, нем за четврто, тоа од своја страна си произведува ново зло и така...даноците и наметите не биле кражба и зло пошто сме се плашеле да го ангажираме умот, убиството не е убиство ако некој повисок авторитет вика така...и уште мнооогу примери кои ја донеле работава ваква каква што е...
И после ѓаоло бил крив, абе ајде...

Еве шо викал еден поп пред некои пола век...:D ама го убија...
А друг рекол дека државата е орудие на принцот на темнината...Ромеро се викал...а да...и него го убија...

Cowardice asks the question - is it safe?
Expediency asks the question - is it politic?
Vanity asks the question - is it popular?
But conscience asks the question - is it right?
And there comes a time when one must take a position
that is neither safe, nor politic, nor popular;
but one must take it because it is right.

Dr. Martin Luther King, Jr.
--- надополнето: Jun 30, 2011 8:26 PM ---
Јас сум с'глсен со тебе - но нели треба да се знае патот по кој се оди?
А секој од луѓето е индивидуалист.
Тоа од една страна не прави различни и покажува дека сме субјекти со својата личност, но од друга страна носи и белегот на недостатоците не!
И секој бара патот кон правилното воспитување таму каде што го води неговиот разум, сфаќања и морална ценнсотна систем.
И тие во многу случаи се различни!
Тогаш во побарувачката на овој пат се замаглување самата суштина на поимот систем на вредности.
 
Ричард Докинс, популарниот еволуциски биолог, етологист и атеист има широко распространета теза дека нема такво нешто како дете христијанин или дете муслиман... туку само дете на христијански/муслимански родители.
Јас сум против тоа родителите да ги воспитуваат децата (а со самото тоа да им индоктринираат) во духот на одредена религија или атеизам.
Против сум на крштевањето на бебињата, носењето во цркви за благослов или китењето со религиски накит.
Впрочем како и поголемиот дел од животните одлуки, луѓето ги учат со тек на време. Денеска скоро за се има некоја старосна граница, но за жал општоприфатено - дури и наметнато е воспитувањето на децата од мали нозе во духот на некоја од религиите (нормално исти со оние на родителите).
Неможете дете кое од најраната возраст е индоктринирано со религиска култура и симболи да очекувате дека ќе носи рационална и објективна одлука подоцна во животот, кога ќе почне сериозно да се интересира за егзистенцијалните и духовните прашања.
Детето мора да расте во духот на знаењето, во духот на вистината, во духот на моралноста и правичноста (тоа би требало да биде обврска на секој родител)... па нека испадне што сака во подоцнежните тинејџерски години.
 
--- надополнето: Jun 30, 2011 8:26 PM ---

Јас сум с'глсен со тебе - но нели треба да се знае патот по кој се оди?
А секој од луѓето е индивидуалист.
Тоа од една страна не прави различни и покажува дека сме субјекти со својата личност, но од друга страна носи и белегот на недостатоците не!
И секој бара патот кон правилното воспитување таму каде што го води неговиот разум, сфаќања и морална ценнсотна систем.
И тие во многу случаи се различни!
Тогаш во побарувачката на овој пат се замаглување самата суштина на поимот систем на вредности.

Едноставно е, не го прави она кое за тебе лично претставува зло и не го поддржувај и не прави на други она што не сакаш да ти го прават...ако мислиш дека кражбата е зло, не кради и не ги поддржувај оние кои крадат, ако сметаш дека Манчестер Јунајтед е легло во кое се коти пород на лукавиот а твојот шеф е навивач нивни, немој да викаш дека се супер екипа за да ќариш наклоност туку кажи му шо мислиш...и така ден по ден...
Е па сега ко воли нек изволи...:D
 
не го прави она за тебе претставува зло

Toecutter, претпоставувам дека сакаше да кажеш „не го прави она што за тебе претставува зло.“ Ова е малце лизгава теза...за некрофиличарите, педофилите, сериските убијци, итн. нивните активности не се зло. Индивидуата не може да биде единствениот критериум за моралот -- мора да постои некој културен, социјален консензус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom