Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
некој да препорача некое средство за покривање на површински гребаници .фала
 
Некоја препорака за кола до 5000 евра да препорачате,да биде барем 2001 година најмалку??Увезена-неувезена,дизел-бензинец со оглед на тоа повеќе ќе се врти низ град просекот е тој до 10.000км годишно.Гледам низ интернетов ама со оглед на тоа дека барам некоја поголемка има Опел Вектри (3-4 илјади),Шкода Октавиа (на пр. увезена бензинец,дизелите се 200.000 и повеќе во просек),Пасат од 2001 ама многу ги ценат(или преценуваат),штознам друго што ми се врти низ ум...има поголем избор на корси,фиести,голф 4,астра класикот исто така ми фаќа око.Само да не биде некоја со слаб мотор,нека биде околу 1.6 и нешто погоре зависност од горивото и да биде потрошувачка околу 8-9 литри :D Сите параметри ги дадов и гледам коли ама се двоумам многу вака нешто како совети не би било лошо. :D
 
Ја да имам 5000 евра за кола би земал некој позачуван голф 4 тди со 90 коња,едни роднини мои продаваат голф 4 дизел со 110 коња,2002 година,150.000 поминати,со две врати.Или тоа или би барал некое ауди а4 бензинец,имаш доста избор,само очи отворање..
 
Имам Citroën Xsara 1.9 TD 1998 година, проблемот е што колата 3 ипол години воопшто не е извадена од гаража ниту пак запалена. деновиве сакам да ја носам на сервис и да ја регистрирам , ме интересира на што треба да припазам (да обрнам внимание) на првото палење за да не настане некој проблем?
 
ќе видиш прво греачите дали ќе загреат убаво, ќе почекаш убаво да загреат, ќе налееш свежа нафтичка ќе ја потурираш малку, ќе го продуваш моторот, не ставај нафта за помалку од 1000 денари за ако има ѓубре или вода или слично срање у резервоар да се измеша со новата нафта. ќе го остаиш моторот убаво да загрее 3-4 минути у место, после 10ина минути уз возење на ниски обртаи. тоа се неколку работи кои што ми паѓаат вака сега на памет. најубаво ти е да си го прашаш мајсторот кај што планираш да ја носиш колата да ти каже најточно што како. у главно не би требало да имаш никако проблем, 1.9 е од старите дизели нема некои електроники и слични осетливи срања како кај новиве дизели
 
Имам Citroën Xsara 1.9 TD 1998 година, проблемот е што колата 3 ипол години воопшто не е извадена од гаража ниту пак запалена. деновиве сакам да ја носам на сервис и да ја регистрирам , ме интересира на што треба да припазам (да обрнам внимание) на првото палење за да не настане некој проблем?
Прво, провери дали има било какво масло. Второ, провери дали има вода. Тек после слушај го советот на Кими :)

Башка, ако се прашувам јас, прво би ја верглал без греење 3-4 пати, да заврти моторот и да го раздвижи маслото. Не верувам дека ќе запали од прва без греење. Инаку, тоа е тоа во глобала. И за нареден пат, подзапалувај ја еднаш на 2-3 недели. Нека поработи моторот 15-20 минути во место, не кошта ништо.
 
ај овде да прашам , сакам да купам звучки за у кола најдов еден у шутка што продава нови со кутија све пионир јвц и сони за 1500 денари елипси... на слики и вака што изгуглав нема разлика али коа ке идам да ги чујам на што да обрнам внимание и во изработка и во звук... ај некој што е поупатен нека ме упати и мене :D
 
Ne se orginal tie sto si gi gledal znam koi se i jas gledav kopii se, a kako zvucat pojma neam bash ako gi cues kazi i mene me interesira
 
ај овде да прашам , сакам да купам звучки за у кола најдов еден у шутка што продава нови со кутија све пионир јвц и сони за 1500 денари елипси... на слики и вака што изгуглав нема разлика али коа ке идам да ги чујам на што да обрнам внимание и во изработка и во звук... ај некој што е поупатен нека ме упати и мене :D

Тешка кинеска копија, потврдено видено и проверено ... имаат пискав звук, средни и високи + коа се нови а на сонце незнам што ќе им се деси :)

За 1500 ден ако сакаш да ти шитнам Power acustic со голем магнет, целите се хром Look 4 канални мислам и имаат топ звук, користени 2-3 месеци уште ми се во кола
 
Дечки со се регистрација колку би фатило вакво Ауди А4 кај нас?Гледам караваните се позастапени,поретко има од овие.И колку би чинела регистрација на ваква кола од 1.9 или 2.5 кубика кај нас,не следам како одат цените за регистрација.
 
Од кога го тргнаа законот за затемнети стакла, сега колку може да се затемнат стаклата? И дали може сите (освен шофершајбната де :) ) или има некое ограничување?
 
Од кога го тргнаа законот за затемнети стакла, сега колку може да се затемнат стаклата? И дали може сите (освен шофершајбната де :) ) или има некое ограничување?

Можеш да затемниш околу 30% максимум
 
Од кога го тргнаа законот за затемнети стакла, сега колку може да се затемнат стаклата? И дали може сите (освен шофершајбната де :) ) или има некое ограничување?
Шо е финтата со законот? Не сум во тек...

Инаку забранет е влезот во Бугарија за возила со затемнети стакла, така да внимавајте.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom