- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
Не знам дали си ја читал книгата од Bukowski, мислам дека неговите книги не изгледаат толку добро кога ќе се преточат во филм, барем досегашните обиди биле такви. Ако ти се допаднал овој филм погледни и други кои се работени по неговите книги, како Factotum, The Suicide или најди некој трет на IMDb што ќе ти се допадне. Но, моја препорака ти е прво да ги прочиташ книгите, барем некоја.
А сценаристот на Californication пронаоѓа инспирација во Bukowski, па имаше и една сцена каде сценаристот се играше со тоа. Како по правило Hank засерува нешто, а ќерката му вели деке се однесув како евтина копија од Bukowski.А Hank и не е нешто гадлив спрема парите, живее во добра куќа, вози добра кола...
Идеологија можеби не треба да се бара, не е тој (Bukowski) од забеганите како Сартр и сличните. Тој ги ’преспива’ ’68, хипи движење и се друго што се појавило тогаш. А има елементи на нихилизам во неговите дела, но Bukowski не ти е идеолошки, политички ангажиран писател, па и филмовите не треба да ги гледаш со тие очи. Сега ми текна дека имаше една негова изјава ’кога ќе слушнам за некого дека е десничар, знам дека тој размислува со своја глава’.
Но, да не го тупам повеќе и така темата е за филмови, па доколку ви се допаднал овој филм, погледнете ги и другите кои се работени по негови дела.
Фактотум не ми се допадна, некако не ми беше доловена книгата ни Хенри Кинаски, додека Барфлај беше добар, а Мики Рурк одлично го долови Хенри Кинаски, можеби и затоа и му се допадна на Буковски. За пишувањето на сценариото и снимањето на Барфлај опишано е во книгата Холивуд.
Кога сме кај политиката и неговите изјави една негова гласи: „кога за некого велат дека е диктатор, знам дека се работи за човек со стил“