Јас лично не сум баш сигурен дека вистина се "двоиме" од телото, ипак мислам дека е се во главата ама не можам да кажам 100%. Инаку ме чуди што викаш дека си доживеал "вонтелесно искуство" и дека не било ништо посебно. Мене (и на другите што ги кажуваа исуствата) ова ни беше едно од најчудните искуства во животот. Едноставно не можам да ги опишам емоциите дека едноставно нема такви зборови во јазикот (веројатно треба нови зборови за објанување на овие чувства). Еве ке пробам да опишам со постоечките зборови што ми се случи мене......
Некаде пред да се разбудиш вистински..... наеднаш осекаш како некој удар (слично како кога се стресуваш пред да заспиеш) и се осекаш НАЕДНАШ свесен (100% свесен) ама како во некоја друга реалност (не размилуваш баш вака како сега туку некако на друг начин размислуваш), не можеш да се мрднеш и не можеш да збориш (првите пати како да сакам да викнам и да кажам некому ама не можам) полека ги подотворуваш очите (не можеш сроз да ги отвориш) и гледаш што има над тебе (јас ги приметив светлата), почнуваш да ги мрдаш прстите од рацете и после рацете и некако ги носиш пред тебе и ги гледаш (како месечарите што ги пружуваат напред само ти во овој случај си легнат), цело време додека ти се дешава ова си ептен уплашен и чувствуваш страв дека нешто ке ти се случи и цело време дишеш забрзано и ти чука срцето 100 на саат. Ова досега се вика парализа во сон и е еден од начините да доживееш вонтелесно искуство.
Значи се осекаш буден ама закован за креветот и не можеш да се мрдаш, потоа со сета сила пробуваш да се исправиш (да седнеш) ама не можеш (ваква парализа во сон ми се има случено десетици пати и не можам да се мрднам и потоа пак влагам во сон) ама овој пат со сета сила пробав да се исправам, за разлика од предходните пати кога константо давав напор да се исправам, без престан, сега пробав да се исправам, па да одмарам, и така неколку пати (да не речам на сец), постепено осекав како да се помрднувам и со телото нанапред и после осекаш дека постепено се двоиш од телото (брат глупо ми е вака да зборам али осеќаш како да излагаш од телото буквално, се двоиш), додека се "двоиш" имаш некој јаки емоции и мозокот како да ти прима некој нови сознаниа (како наеднаш се да ти е јасно) и одкако осетив дека малку почнав да се помрднувам се свртев назад накај кревотот и се видов себеси како спијам забрзано дишам, оваде осетив најјаки емоции и стварно неописиво чувство (се наежив сега кога го пишувам ова), некако како да гледаш на себеси како да е некој друг човек за кој знаеш се, како ти веке да не си тој туку тоа е некој друг за кој ти знаеш се, баш вака. Овде се уплашив да не е ова смрт, и ми се свртеа сите слики за работите што треба да ги направм во животот (ова прочитав на интернет дека и на другите им се случило, осекаш како да мора да се вратиш дека имаш уште многу работи да направиш во животот), мислам дека можев и да се исправам повеке ама бев уплашен и буквално легнав во телото, не можев одма да влезам во сон и пак уште неколку секунди гледав нагоре кај светлата и околу мене и натамо не се секавам.
После и вистински се разбудив и неможев да поверувам што ми се случило, малце после ова ти се мењава начинот на кој гледаш на светот, мислам дека е позитивно искуство, гледаш дека не е се во материјалните нешта и дека има нешто што може да те исполни одвнатре и се осекаш дека знаеш нешто што другите луѓе немаат појма дека го имаат и се осекаш некако како да си над другите и некој такви чувства. Инаку уште еднаш викам дека јас и покрај ова уште не верувам дека вистина се двоиме од телото, не викам и дека не се двоиме, едноставно незнам. Само можам да кажам дека е многу уникатно искуство и не можам да го споредам со ништо друго, ова е некоја изменета состојба на свеста, свесен си ама во некоја друга димензија.
*Инаку прочитав дека научниците уште немаат дадено конечно објаснување (не се сите согласни) за ова и мислам дека е одлична тема да се посветиш да ја истраживаш и сам да носиш нови заклучноци и такви работи, засега јас не сакам да истражувам и сакам нормално да си живеам, некогаш кога ке бидам постар ке се посветам повеке на ова и ке истражувам. :star: