Грузија бара да ја нарекуваат Џорџија, ќе има ли вето од Американците?!

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Уставно име е Република Македонија.Ако утре станиме монархија уставно име ќе биде Кралство Македонија.
Името на државава е Република Македонија скратено Македонија.
--- надополнето: Jun 29, 2011 4:03 PM ---
Уставното име е истовремено и државно.
 
име на држава е Македонија.....уставно уредување е република!
ти си Републикански Македонец?

Уставно име е Република Македонија.Ако утре станиме монархија уставно име ќе биде Кралство Македонија.
Името на државава е Република Македонија скратено Македонија.

Уставното име е истовремено и државно.

Јасно ти е!?
Ние бараме нашето УСТАВНО име да биде употребувано во меѓународните институции.
 
:)
па затоа велам уставно уредување е република, а не име на држава :) државата е Македонија :)
утре може да биде царство, кралство

А зошто тогаш "Република" во "Република Македонија" е со голема буква, ако не е дел од официјалното име?

ти си Републикански Македонец?

Граѓаните на Сојузна Република Германија се Сојузно Републикански Германци?

Добронамерен совет: малку потемелно проучи ги овие работи, за другпат да не се впушташ во вакви спорови.
 
зашто Република Македонија?
како што знам Македонија е република...сигурно Александар Македонски не бил крал на Република Македонија
тоа е уредуважето во државата како и ,република франција ,република италија......
--- надополнето: Jun 29, 2011 5:12 PM ---
име на држава е Македонија.....уставно уредување е република!
ти си Републикански Македонец?
и мене ми смета тоа што нон стоп употребуваат република ама јебига немат школо .
 
А зошто тогаш "Република" во "Република Македонија" е со голема буква, ако не е дел од официјалното име?

Граѓаните на Сојузна Република Германија се Сојузно Републикански Германци?

Добронамерен совет: малку потемелно проучи ги овие работи, за другпат да не се впушташ во вакви спорови.
дали тебе другарите ти се обраќаат со цело име и презиме или само со име? :)
 
А можеби и Русите ќе ги викаат Џорџија! Хахахаха!
Него, сега повторно ќе ги видиме двојните стандарди на ЕУ?
 
Ама го утупевте со Република, мене лично ми е глупаво и непотребно. Кој вика Република Франција, Република Романија, Монархија Шпанија во секојдневна комуникација, никој. Нашево Република стана како редовно име додавка на Македонија што е глупост која упорно се форсира.

И да, знам како е во устав ама пак ми е глупаво.

Грузија нека бара, ете фина прилика да го избегнеме БЈР пред името.
 
Па никој овде не зборува за секојдневна комуникација. Грузија не бара да биде муабетот во секојдневна комуникација, туку на меѓународно ниво. Ние моментално со (РЕПУБЛИКА) Грција имаме спор околу нашето УСТАВНО име, а не секојдневното име. Уставното име ни е Република Македонија и како таква не имаат признато над 120 држави-членки на ОН. И Франција ја викаме така во секојдневна комуникација, ама во официјални документи си е Република Франција. И сите останати примери.

Не се правете дека не сфаќате за што станува збор. Секојдневна комуникација по дома и у маало, не може истото да се употребува и во дипломатските кругови и во наднационалните институции.

Уставот на РЕПУБЛИКА Македонија убаво си кажува, горе имавте и извадок од истиот.
 
дали тебе другарите ти се обраќаат со цело име и презиме или само со име? :)

Ти ова сериозно ми го нудиш како контрааргумент? Споредуваш како мене другарите ме викаат со тоа како две држави во официјална комуникација (и документи) се ословуваат (и потпишуваат) меѓусебно?

Меѓутоа и овде пропушташ нешто. Клучен збор "обраќаат". Значи може да ми се обраќаат најразлично (другар, батка...), но моето официјално име и презиме се знае кое е. Значи тоа зборче со кое ми се "обраќаат" не секогаш е идентично со моето официјално име!

Претпоставувам си правел договор на нотар. Е тоа ти е официјален документ. Во тој документ претпоставувам дека знаеш дека лицата не се пишани како "другар", "пеер", "батка" туку со целото име и презиме. Е така некако функционира тоа и меѓу државите, со целосно официјално име кога се работи за официјални документи.
 
Па никој овде не зборува за секојдневна комуникација. Грузија не бара да биде муабетот во секојдневна комуникација, туку на меѓународно ниво. Ние моментално со (РЕПУБЛИКА) Грција имаме спор околу нашето УСТАВНО име, а не секојдневното име. Уставното име ни е Република Македонија и како таква не имаат признато над 120 држави-членки на ОН. И Франција ја викаме така во секојдневна комуникација, ама во официјални документи си е Република Франција. И сите останати примери.

Не се правете дека не сфаќате за што станува збор. Секојдневна комуникација по дома и у маало, не може истото да се употребува и во дипломатските кругови и во наднационалните институции.

Уставот на РЕПУБЛИКА Македонија убаво си кажува, горе имавте и извадок од истиот.

Воопшто не си ме разбрала и најмалку на тебе се однесуваше напишаното.

Си кажав дека ми смета што ние самите почнавме да се соживуваме со зборот Република како дел од името кое со децении било само Македонија без Р или К или Б или што уште нема да дојде. Затоа и кажав знам како е во устав ама мене тоа ме ни се допаѓа. За да бидам кристално јасен ние го форсираме долгото име во секоја пригода наместо краткото што според мене е глупост.

Се надевам сум јасен :).
 
Не ти држи муабетот и кои ти се тие децении? Откако Македонија е конституирана како држава (зборам за периодот од 1945), никогаш не била само Македонија. Била Народна Република Македонија, Социјалистичка Република Македонија. Никогаш не сме биле само Македонија.

Ние ништо не форсираме, ниедна држава во МЕЃУНАРОДНИ официјални документи не е само со име, туку има и префикс или суфикс во зависност од нејзиното политичко уредување. Може да не ти се свиѓа колку сакаш, ама си има одредени меѓународни правила кои сите ги почитуваат.
 
Пак не ме разбра, јас зборам едно, ти збориш нешто друго а не ми се натега сеа со тебе. Кажав што имав и нека остане на тоа.
 
Темава комотно може да се смени во:
Како сакаме да не нарекуваат - Македонија или Република Македонија? :p
И секако, да се стави анкета :D
 
Жити се, аман престани со глупиве споредби, аман!
па што ми свршуваш на мои постови?
--- надополнето: Jun 29, 2011 7:01 PM ---
незнам што се возбудувате...кога нашата држава се вика Македонија, која што со устав по уредување е РЕПУБЛИКА...
извини батка....пеер...дјуд....викаш Исламска Република Иран или Иран?
Голема Социјалистичка Народна Либиска Арапска Република (Џамахирија) или Либија?
име на држава е едно...нејзино уредување е друго.......името не може да се промени...може нејзиното уредување
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom