Грузија бара да ја нарекуваат Џорџија, ќе има ли вето од Американците?!

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.189
Поени од реакции
1.359
Грузија бара да ја нарекуваат Џорџија, ќе има ли вето од Американците?!

29.06.2011
Тбилиси вчера испрати официјално барање во меѓународната комуникација да не се користи името Грузија, туку Џорџија, за што не се очекува да се спротивстават САД, кои имаат сојузна држава со истото име

gruzija-mapa.jpg

Ве молиме, отсега натаму нарекувајте нé Џорџија! Вака гласи писмената молба од официјален Тбилиси, испратена до меѓународната заедница и до сите земји што го користат името Грузија, меѓу кои е и Македонија.

Агенциската вест стигна побрзо од официјалниот допис. До вчера попладне во Министерството за надворешни работи сé уште не беше стигнато ова барање, но домашните дипломати оставија простор дека е можно да стигне подоцна поради временската разлика. Грузијците се одлучија на овој чекор бидејќи името Грузија потекнува од руското говорно подрачје, а нивните односи со официјална Москва се замрзнати по кратката војна во летото 2008 година.

- Сосема е разбирлива реакцијата на Грузија што бара промена на името, кое и било наметнато од бившиот советски режим – вели универзитетскиот професор Димитар Мирчев, толкувајќи го барањето на оваа држава на југот на Кавказ.

Несогласувањата меѓу двете поранешни земји, кои беа дел од СССР, продолжија и откако Москва одлучи да ја признае независноста на Абхазија и на Јужна Осетија, области што се наоѓаат на грузиска територија. Засега не се знае какво е барањето на владата во Тбилиси во однос на придавките и дали ќе треба и јазикот што го користат да се нарекува џорџијански или џорџиски, а нацијата џорџијанска или џорџиска.

Самите Грузијци за својата земја отсекогаш имале посебен термин. Тие татковината си ја нарекуваат Сакартвело.

Новото име, кои тие бараат да им биде официјално во кореспонденцијата со светот, веќе го носи американската држава Џорџија. Земјата, која се наоѓа во југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави, е формирана во 1732 година и оттогаш го носи името што го добила по британскиот крал Џорџ Втори. Една од шегите што кружеа по ходниците за време на НАТО-самитот во 2008 година во Букурешт беше поврзана токму со Џорџија. Откако Грција одлучи да ја блокира Македонија поради нерешениот спор со името, кое Атина бара да го смениме бидејќи и тие имаат провинција со исто име, американските новинари присутни на самитот се шегуваа дека и Вашингтон ќе го има истото право кога Грузија ќе стигне пред вратите на Алијансата.

- Сличноста во случајот Македонија и Грузија е во тоа што и двете држави имаат суверено изразена волја да се нарекуваат како што сакаат, а разликата е што САД никогаш нема да се побунат поради одлуката на Грузија да се нарекува Џорџија, како што тоа го стори Грција во нашиот случај - вели професорот Стево Пендаровски.

Според меѓународното право и практика, вели Пендаровски, она што Грција го прави со противењето да се нарекуваме како што сакаме е преседан.

Во светот постојат повеќе слични ситуации, но спор меѓу државите нема. На пример, Белгија има провинција со име Луксембург исто како што се нарекува и војводството Луксембург, кое е посебен меѓународен субјект. Во Франција постои област Британија, именувана исто како и кралството, а Романија има област со истото име како и соседната држава Молдавија.

Не се ретки ниту пак примерите во светот кога државите сами, без тоа да го бара никој од нив, слично како и Грузија сега, се одлучуваат да си го сменат името. На пример, Бурма неодамна се реши да се преименува во Мјанмар, Цејлон во Шри Ланка, холандска Гвајана во Суринам, Формоза во Тајван итн.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62911950119&id=9&&prilog=0setIzdanie=22317
 
јас би ги викал Картвелија......
Ethnic Georgians call themselves Kartvelebi (ქართველები), their land Sakartvelo (საქართველო – meaning "a place for Kartvelians"), and their language Kartuli (ქართული).
 
Ама азбукава им еее!
Само дали ќе можиме да го искористиме ова шо не се бунат безидентитетниве од САД ,во нашиов случај со Гејлада?
Или за нас други правила важат...
 
Треба нашиот министер за надворешни работи да им врати

"Не е проблем доколку и вие почнете нас да не викате Република Македонија"
 
Треба нашиот министер за надворешни работи да им врати

"Не е проблем доколку и вие почнете нас да не викате Република Македонија"
зашто Република Македонија?
како што знам Македонија е република...сигурно Александар Македонски не бил крал на Република Македонија
 
Ве молиме, отсега натаму нарекувајте нé Џорџија!

може,ама Џорџија ќе ви биде во заграда , Бивша советска република Грузија (Џорџија)
дедека не го решоте спорот со името со САД , а потоа како ќе кумуваат тие -ТАКА:p
 
Грузија бара? Од кога Грузија почна да бара? Бараат циашите, така им одговара. Ќе бараат уште долго време.
 
Грузија ја признава Македонија како ПЈР Македонија.Кога ќе не признаат со име како што ние сакаме да се викаме ќе ги викаме нив Џорџија.И не знам зошто Џорџија.па со тоа име ги викаат оние од англиското говорно подрачје.
 
зашто Република Македонија?
како што знам Македонија е република...сигурно Александар Македонски не бил крал на Република Македонија

Затоа што:

1. Официјалното име на нашата земја е "Република Македонија" (скратено Македонија).
2. Официјалниот став на Грузија е да не нарекува со привремената референца.

Александар не бил крал на Република Македонија затоа што крал владее со кралство, а не со република.

А што врска има Александар Македонски во муабетов, како и тоа што Македонија е република?
 
официјалното име на државата е Македонија (уставно уредување е република)
официјалниот став на грузија е зашто се во блиски врски со атина, и кој ја онакви грузија, и онака сакав таа држава да биде смачкана од РФ пред 3 години...ја спасија САД и ЕУ
епа баш затоа што Александар бил крал на Македонија.....значи не можеш да велиш викај ме Република Македонија.....
 
Грузија ја признава Македонија како ПЈР Македонија.Кога ќе не признаат со име како што ние сакаме да се викаме ќе ги викаме нив Џорџија.И не знам зошто Џорџија.па со тоа име ги викаат оние од англиското говорно подрачје.

И јас се зачудив тоа. Често имињата од државате за странска употреба се базирани на латински имиња кога веќе не се базирани на својот јазик, на пример Montenegro.

Иначе мислам, дека и нашата земја Македонија за западните земји е според латински. Macedonia ( Ц се чита К а меѓу И и А се додава Ј па на латински Macedonia се чита Македонија)
 
официјалното име на државата е Македонија (уставно уредување е република)
официјалниот став на грузија е зашто се во блиски врски со атина, и кој ја онакви грузија, и онака сакав таа држава да биде смачкана од РФ пред 3 години...ја спасија САД и ЕУ
епа баш затоа што Александар бил крал на Македонија.....значи не можеш да велиш викај ме Република Македонија.....

Другар отвори го уставот и ќе видиш како официјално се вика нашата татковина. Еве да ти цитирам:

Член 1
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.
Член 2
Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.
Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.
Член 3
Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива.
Постојната граница на Република Македонија е неповредлива.
Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот.

Напомена: доколку зборот "Република" не е дел од официјалното (уставно, долго, наречи го како сакаш) име тогаш би бил со мала почетна буква.

Повеќето (ако не и сите) земји во светот имаат официјално (долго) име и кратко име

Примери
Сојузна Република Германија - Германија
Руска Федерација - Русија
Народна Република Кина - Кина
Кралство Шпанија - Шпанија

Слично е и во ООН. Има посебни графи за долго и кратко име (Македонија е заведена под привремената референца).

Напомена: не негирам дека Македонија е наше име (кратко име), но во официјалните дописи и договори меѓу две земји колку што знам секогаш стои официјалното (долго) име, па знаејќи го тоа, логично е и да се бара да не нарекуваат со официјалното име.
 
Другар отвори го уставот и ќе видиш како официјално се вика нашата татковина. Еве да ти цитирам:

Напомена: доколку зборот "Република" не е дел од официјалното (уставно, долго, наречи го како сакаш) име тогаш би бил со мала почетна буква.

Повеќето (ако не и сите) земји во светот имаат официјално (долго) име и кратко име

Примери
Сојузна Република Германија - Германија
Руска Федерација - Русија
Народна Република Кина - Кина
Кралство Шпанија - Шпанија

Слично е и во ООН. Има посебни графи за долго и кратко име (Македонија е заведена под привремената референца).

Напомена: не негирам дека Македонија е наше име (кратко име), но во официјалните дописи и договори меѓу две земји колку што знам секогаш стои официјалното (долго) име, па знаејќи го тоа, логично е и да се бара да не нарекуваат со официјалното име.
:)
па затоа велам уставно уредување е република, а не име на држава :) државата е Македонија :)
утре може да биде царство, кралство
 
:)
па затоа велам уставно уредување е република, а не име на држава :) државата е Македонија :)
утре може да биде царство, кралство

Знаеш кое е уставно име на државата во која живееш, така ?
Не се прави глуп со сила.
 
Знаеш кое е уставно име на државата во која живееш, така ?
Не се прави глуп со сила.

име на држава е Македонија.....уставно уредување е република!
ти си Републикански Македонец?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom