Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.537
Поени од реакции
4.171
Гошка брат ај кажи ми како заклучи дека имаме проблеми во средината кога со оваа средина лани згазивме се живо и диво во ПЛ и ЛШ (со исклучок на финалето)..!
Очиглено дека ни фали еден играч на средината на теренот кој ќе ја креира играта ,а посебно со заминувањето на Сколс.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Јас од кога знам за Манчестер крилата ја носат нашата игра.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.878
Поени од реакции
6.936
Очиглено дека ни фали еден играч на средината на теренот кој ќе ја креира играта ,а послбно со заминувањето на Сколс.
Така е :) Без разлика што крилата и јаката одбрана ја носат нашата игра, со таква игра и без јак плејмејкер во средината мислам дека никогаш нема да ја победиме Барселона онаква каква што е сега. А за другите екипи, бујрум нека повели кој сака :D
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.722
Поени од реакции
9.444
Видете...со ваква средина бевме ептен моќни во минатата сезона, ама сметајте дека сега Сколс и Гибсон ги нема, а со тоа автоматски нема како да се ротираат останатите играчи. Следуваат многу натпревари така да со Керик, Андерсон, Флечер и Клеверли (плус Парк и Гигс кои можат да играат и средина) мислам дека не е доволно да се атакува тронот во ЛШ(за ПЛ не зборувам затоа што стално Ферги има некој план за пелцање) затоа што имајте го во предвид заморот на фудбалерите, повреди, суспензии...значи фалат играчи кои треба да се ротираат во тимот или со други зборови да се пополнат дупките на Сколс и Гибсон. Еве со враќањето на Клеверли се пополнува дупката на Гибсон, али сепак Сколс е класа играч кој тешко може да се замени, а и да бидеме искрени ниеден од наведените ги нема неговите карактеристики како организирање на игра, дрскост кон противникот, самоувереност. Знаеме дека Флеч ора по цел терен, Керик игра по неколку добри натпревари и потоа се губи, Андо сеуште ја нема довербата на САФ, а Клверли сепак сеуште е млад и не е искусен да бидеме реални. Младите како Погба, Петручи, Морисон и остали ќе добиваат можност во куповите, но за поголемите натпревари фали фудбалер кој ќе го води средниот ред, нешто што ни фалеше против Барселона каде бевме тотално надиграни во средината, а знаете дека не бевме ништо подобри и во нашата најсилна страна - играта по крилата. Значи се си оди поврзано т.е ако средниот ред изгледа загубено автоматски ги нема ни крилата ни напаѓачите, а за да се освои тронот во ЛШ ќе мора да се доведе некој баш таков фудбалер кој ќе направи разлика во средниот ред. Искрено јас сум за да се доведе Насри ако е возможно, иако игра во нашиот ривал Арсенал. Следете ги неговите движења и ќе сватите дека е печен за да игра на „Олд Трафорд“. Модриќ исто така е добра комбинација, но Тотенхем како и секогаш ќе се ценка да извади што повеќе, додека за Снајдер мислам дека е нереално да се зборува за трансфер затоа што сите ќе знаеме колкаво финансиско оптеретување ќе има клубот ако тој се доведе на „Олд Трафорд“...
 
SIRKO

Believe in Manchester United FC
Член од
8 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
18
Абе уште Де Геа и достасе засилувања нека поиграат малце младите бидејќи во нив е иднината на клубот. Не во некој посра*и сељаци што само серат за да земат што повеќе пари та ни везњак ни треба ни нишо повеќе. Тоа е од мене Ѓаволи поздрав.
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Да силината на манчестер е во крилата, и така се заснова нашата игра, со за да се игра по крилата треба да се има солидна средина за да ги снабдува крилата со топки. Сите знаеме каков непогрешлив пас имаше Сколс, не грешеше во долгите топки. Друго, да се игра на тактика како што игравме со барселона, да се гледа да се прескокне средниот ред и со долги топки од одбраната кон крилата или напаѓачите може и ке може на средниот ред да му се замиже, но повеќето тимови напаѓаат токму по средината и со ранлив среден ред нема да многу успех, Средниот ред и напаѓа и брани и затоа е најважен и затоа изгубивме од барселона, а против сите други екипи, од крилата на манчестер им нема спас. така да мора еден МДФ подобар од овие што ги имаме сега. Но пак ке кажам знае Фергусон, знае се.
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082

МДФ ? Мислиш на ДМФ или попознато DMF - defensive midfielder ?
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
МДФ(midfielder). Мислиш дека треба ДМФ? Манчестер не игра со класичен ДМФ. би сакал играч како Рој Кин, да руши противнички напади и да креира наши напади. Да сее страв кај противникот. Но како што гледам играчите што ги бараме повеке се напаѓачки ориентирани(насри, снајдер, тиаго, па и модрич...) така да мислам на МДФ
 
OК, чисто информативно да не се правиш паметен, да ми објаснуваш Манчестер како игра, не постои МДФ ! ! Затоа те прашав не ми беше јасен а ти се најде да ми ги објаснуваш поимите што не знааш ни што значат. Значи во твојот случај ни треба МФ (без Д)
И не се секирај, ја гледам играта на Манчестер веќе 15-16 години. Ај биди ми поздравен.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.472
Поени од реакции
3.443
Man Utd, Chelsea battling for Porto playmaker Moutinho

Manchester United and Chelsea are battling for Porto midfielder Joao Moutinho.
Diario de Noticias says both clubs will turn to Moutinho should they miss out on Tottenham playmaker Luka Modric.
New Chelsea boss Andre Villas-Boas is close to Moutinho, having revived his flagging career at Porto.
And United manager Sir Alex Ferguson spoke regularly with former No2 Carlos Queiroz about the midfielder when he was a star with Sporting Lisbon.
It's kicking off again! Click here for your No1 source for Manchester United transfer market news and gossip
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.472
Поени од реакции
3.443
http://www.mirrorfootball.co.uk/transfer-news/Arsenal-fear-they-will-lose-Cesc-Fabregas-AND-Manchester-United-Samir-Nasri-THIS-WEEK-Exclusive-article753708.html

Arsenal fear they will lose £20million Samir Nasri AND Cesc Fabregas this week.
The Gunners last night received an improved £34million bid from Barcelona for club captain Fabregas.

And Manchester United are also ready to make their move for Nasri with a view to sealing a deal before pre-season training begins next week.

Насри ако дојде и топ сме :)))))

Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
OК, чисто информативно да не се правиш паметен, да ми објаснуваш Манчестер како игра, не постои МДФ ! ! Затоа те прашав не ми беше јасен а ти се најде да ми ги објаснуваш поимите што не знааш ни што значат. Значи во твојот случај ни треба МФ (без Д)
И не се секирај, ја гледам играта на Манчестер веќе 15-16 години. Ај биди ми поздравен.
Менаџер,Фифа,Пес имаат различни имиња за позициите, затоа е забунава. Искулирајте малку :)
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Не реков дека Мутињо е неопходен како играч за среден ред кој е толку ефтин а е одличен искрено не гледам зашто да не се земе, јас и во претходните постови пишав би бил среќен и да останеме со Андо и Клеверли. Инаку како што кажа Џену така е крилата ја носат играта на Манчестер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom