Фан Клуб: Пелистер

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.156
Поени од реакции
7.854
Формирана е фракција во Чкембари под името Green Army Bitola,ние и понатаму остануваме дел од навивачката група Чкембари но нема да одговараме за нашите и дела и постапки пред никој.Регистрирани сме како здружение на граѓани со своја банкова сметка и свој печат.Нашите заложби се заживување на спортот и навивањето во градот,учествување во хуманитарни настани и помагање на социјални случај оноклку колку ке бидеме во можност.Нашите планови и цели се поголеми одколку само навивачките.Во прв план ни е пронаоѓање на спас на ФК Пелистер.
Исто така член на Green Army нема да мoжи да стани секого туку членстовото мора да се заслужи.Најпрво ке биде даван статус на супортер на групата,а дури потоа статус на член.Карактеристично е и тоа што секој член на групата ке биде под заштита од истата,и ке ужива одредени бенифиции.Групата е формирана од неколку поранешни Чкембари и сегашни Чкембари и тоа најекстремните.Бројката е 20 членови и тие истите се и основачи.Просек на години на групата е 26/27 години.И кога ке се примаат нови членови ке се водиме по Квалитет пред Квантитет.

Да се надеваме дека ќе се сменат некој работи и дека ќе тргнат работите ;)
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.213
Поени од реакции
2.292
Се слушнаа афери дека имало големи конфротации, несогласувања и расправии во Чкембари. Не верувам на секакви муабети, кои можеби се шпекулации, но сепак да ве прашам овде. Иако вие тоа можете слободно да го негирате, макар и да е вистина. Но сепак, „добрите“ вести брзо се шират;)
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.156
Поени од реакции
7.854
Понеделник навивачката група Чкембари ќе се излези со соопштение-став по повод случувањата во фудбалот во Битола односно фк.Пелистер !!!
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478

Не знам која ти е поентата на постот?
Не знам кој ти ги дава информации или подобро да ги наречам шпекулации...
Ама навистина нема никаква врска со реалноста....
Голема заблуда....
Ова ти го пишувам како инфо од прва рака...
Сакаш верувај,сакаш не...твоја работа....
Околу Чкембари....
Никогаш меѓу Чкембари немало а и сега нема такви големи поделби и големи несогласувања.......
Ситни конфликти имало,нерасчистени меѓусебни кавги....
Ама кавги од размер да ја растурат групата...никогаш....
Комити не се исклучок...
Впрочем тепачката во Тетово на сред трибина е класичен доказ дека и кај вас не цветаат ружи........
Досега во историјата Чкембари немале никогаш поделба на членството....
А и не ми се верува ни во блиска иднина да се случи нешто такво....
П.С.
Најголемиот проблем за квалитетот на Чкембари како група,посебно на фудбал......беше и останува ЛОШАТА СОСТОЈБА НА КЛУБОВИТЕ....посебно во ФК Пелистер.....
Под ова мислам на повеќегодишно несогласување со управите на клубот и политиките кои тие ги водеа....(и се виде до кај го донесоа клубот)....
Како ќе се дејствува понатаму ќе видиме....
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
штета за клуб како пелистер шо по 2 пат испаѓа од 1 лига, но барем си ја задржа честа и достоинството, за разлика од некои други!!! РЕСПЕКТ!!! пелистер пак ќе се врати во 1 лига, пак ќе биде СИЛЕН И ПАК ЌЕ ГО НОСИ СВОЕТО ИМЕ!!!
позз
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
не се најде некој да го откупи местото во Првата Лига - иначе.....во вакви држави многу лесно поминуваат такви работи,всушност успеаа да ги избркаат навивачите и гледачите од трибините,па Лигите ни се место за приватна забава.....

колку и да сме против,мора да признаам АКО И САМО АКО Вардар добие сигурни стопанственици кои ќе вложат во него и ќе направат стабилен клуб ова нешто се исплатеше годинава,само не знам што ќе стане со долгот од околу милион и пол евра што го имаШЕ тој клуб,дали доверителите го преземаат како акционерско друштво,па автоматски се бришат долговите и така клубот почнува одново ?! таа привилегија ќе ја нема Пелистер за да застани на здрави нозе ќе мора да оди под стечај и клубот да почни одново .....
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
позз битолчани!!!
да не знајте случајно нешто појче за јованоски и ристески од новаци? на која позиција играат и сл.
позз
 
Z

ziko bt

Гостин
позз битолчани!!!
да не знајте случајно нешто појче за јованоски и ристески од новаци? на која позиција играат и сл.
позз
Овај Јовановски ако е тој шо мислам(дека едно 3-4 ги имаше во Новаци) синот на газдата напаѓач лани го играја слабо ефикасен беше,а за другио ни со претпоставка не го знам.Позз
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Овај Јовановски ако е тој шо мислам(дека едно 3-4 ги имаше во Новаци) синот на газдата напаѓач лани го играја слабо ефикасен беше,а за другио ни со претпоставка не го знам.Позз
фала!
него за овај ристески. едно време да не играше во победа и во пелистер, па се врати пак во новаци. напаѓач бил... ти текнува нешто сега???
 
Z

ziko bt

Гостин
фала!
него за овај ристески. едно време да не играше во победа и во пелистер, па се врати пак во новаци. напаѓач бил... ти текнува нешто сега???
Мислам дека ми текна за кој станва збор,ако не се лажам ова сезона и Пелистер и Новаци играше,брз играч,но за Пелистер ништо не покажа ама можи и не беше до него(цел состав ни беше слаб така да можи само се вклопи во сивилото,и факт е дека ако не чини средината, напаѓачите нема шо да барат),ама да бидиме реални ништо не прајте со играчи земени од состав кој испадна од втора лига,па изгледа ке се јадиме за место во баражо во најдобар случај :D
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Мислам дека ми текна за кој станва збор,ако не се лажам ова сезона и Пелистер и Новаци играше,брз играч,но за Пелистер ништо не покажа ама можи и не беше до него(цел состав ни беше слаб така да можи само се вклопи во сивилото,и факт е дека ако не чини средината, напаѓачите нема шо да барат),ама да бидиме реални ништо не прајте со играчи земени од состав кој испадна од втора лига,па изгледа ке се јадиме за место во баражо во најдобар случај :D
нема шанси!!!
колку шо знам овие нашиве немаат амбиции за 1 лига годинава!!! а плус и не се знај колку пари ќе имаме, а и најдобрите ни замина...
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.287
Поени од реакции
5.161
Благојче Ристевски исто така напаѓач, дури играше во Новаци добар беше 80% од головите ги имаше постигнато тој, 1 полусезона го имаше Пелистер земено камен беше, не знаеше да мрдни 3-4 месеци гол не даде и одма му го вративме на Новаци...
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.156
Поени од реакции
7.854
Понеделник навивачката група Чкембари ќе се излези со соопштение-став по повод случувањата во фудбалот во Битола односно фк.Пелистер !!!
Поради водството односно дел од него страда целата група(не му ги дадоја печатите оти сме барале помош за круме :confused:) и не се излезе со барањето за кај двојче да го земи клубот исто и протестото така да не знам што да речам освен дека сме ПИЧКИ ГОЛЕМИ и не знам до кога ќе се трпи ова !!!!!

Не нзма од каде го најдоја круме дека сме го барале кога убаво беше доогворено да се најде чаре од општината арно ама изгеда некој не сака да му се помогни на клубот и се гледа само за ракометниот клуб оти нели таму се тие :mad: Да дај господ да не најде круме(се уште нема најдено) пари 8000 евра до 30 кога треба да се плати котизацијата и да испадниме 3 лига !!!!
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Истата ситуација од пред некоја сезона....
Тогаш само обратни беа улогите...
Сите гледаа за фудбалскиот клуб,додека ракометниот беше оставен на милост и немилост на Спиро и компанија....
Доказ дека ништо не е константно кај нас....
+одамна е јасен тој навивачки МЕНТАЛИТЕТ кај нас во Македонија....
Наместо да одиме напред со сфаќањата ние ЗАТУПУВАМЕ....
Да се случеше ова пред 15 години ќе гореше стадионот,сегаааааааааа........:(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom