^ Не е до законите и правото, не е најважно дали ќе се изгласа нешто или не. Па и сега имаме закони што ни „гарантираат“ се` и сешто, па никому ништо. Треба да има подлабоки општествени поместувања, променa на начинот на кој живееме, размислуваме и се однесуваме. Се` друго е лук и вода, пауза меѓу две полувремиња и простор некој, кој и да е тој, да земе залет.
Во нормални држави сите органи за безбедност, одбрана и разузнавање би требало да бидат подредени на интересите на обичниот, „смртен“ граѓанин. Впрочем, тоа е изговорот, барем првичната причина или пак, повод за нивната денешна егзистенција. Лошо е кога оваа маска ќе падне и ќе биде разобличена вистинската намена на овие институции - да влеваат страв, да штитат одбрани, да си земаат право да носат одлуки кои треба да ги носи некој друг, или пак одлуки кои никој не би смеел да си ги дозволи. Не дека кај нас е баш така, ама вака се почнува.
Како и да е, во сето зло, добро е што отсега (се надевам) со поголемо внимание и претпазливост ќе се следи кој, што, како и кога се грижи за безбедноста и му дели правда на народов.