Инсталирајте си македонски интерфејс за Windows 7 и Office 2010
Мicrosoft Македонија ги претстави јазичните интерфејс пакети со кои се преведуват на македонски јазик Windows 7 оперативниот систем и Office 2010 алатките. Јазичните пакети можат да се симнат бесплатно.
Mакедонскиот јазичен интерфеjс не е целосен превод на Windows 7 оперативниот систем, но зафаќа доволен број често користени опции од просечен Windows корисник, посебно се корисни за постарата генерација корисници кои не се добро запознаени со ИТ термини на англиски. Oпциите кои не се преведени ќе останат на основниот јазк на Windows-от, претпоставувам за поголемиот дел од вас тоа е англискиот.
Јазичниот пакет за Office 10 е посебно корисен бидејќи има опција за проверка на правописот. Office пакетот ги подржува Word 2010, Excel 2010, Оutlook, PowerPoint и OneNote 2010.
Копчињата „Преземи“ за симнување на македонскиот интерфејс ќе ги најдете најдолу на страните за Windows 7 и за Office 2010, зависно од 32- или 64-битната верзија на Windows која ја користите.
Кликнете со десното копче на глувчето на My Computer иконата -> Properties и од десно ќе видите System Type: … каде пишува која битна верзија е. На кратко, доколку не може да се снајдете, ако имате 4GB или повеќе RAM меморија тогаш најверојатно користите x84 т.е. 64-битна верзија на Windows. 32-битната верзија не може да процесира повеќе од 3.5GB RAM меморија.
Откако ќе ги сименете малите фајлови, 16MB за Office и 4MB за Windows се што треба да направите е да ја стартувате апликацијата, да потврдите дека се согласувате и да одлогирате/логирате на Windows.
За Office 10 ќе треба да отидете Start мени на Windows -> Аll Programs -> Microsoft Office Tools… oтворете ја Language алатката и одберете македонскиот јазик.