На кој факултет планирате да го продлжите вашето образование?

Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Wait for it... кај и да е ќе ме удри инспирација каде сакам да одам на факс, ама сигурно не одам Штип.. подалеку од Штип и Штипјани :p
 

Jin

Член од
17 февруари 2008
Мислења
419
Поени од реакции
20
Планирам Менаџмент и претприемништво ама не сум воопшто информиран дали и каде има ваков факултет (би требело да има) или можеби спаѓа под Економски...Мислам дека имам доволно време да се информирам и да одлучам до Август
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.707
Поени од реакции
11.530
Општа медицина или стоматологија, ќе видиме.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Планирам да се запишам на Филолошкиот факултет во Скопје. Зошто? Едноставно, одсекогаш сум го сакала Англискиот, го учам веќе 12 години и би сакала да работам како професор или преведувач. Во меѓувреме се предомислив неколку пати, се мислев и за на Правен (новинарство) и на Филозофиски (психологија), али сепак не крај се одлучив за она првото. Најверојатно ќе одам на Преведување и толкување, втор ќе земам Германски, и така.
Иначе, нели има ваква слична или иста тема?
Нема да се заебеш.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Компјутерски Науки и Инженерство на ФИНКИ, барем се надевам дека успешно ќе се упишам на тој смер. :) Ако не ќе биде некој од другите смерови, е-технологии или мрежи. Како и да е, некаде би требало да влезам :).

btw Со среќа на сите :p
Потполно исто
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Полициска академија, од мал сакам да бидам полицаец па можеби ќе ми се исполни желбата.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.594
Поени од реакции
14.413
Технички факултет од Битола, со дисперзирани студии во Велес, информатика. Тука ми е најблиску, си имам и превоз и се, а немам доволно финансии за на некое друго место, во Скопје на пример.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Јас би ви препорачала на тие што планирате да се запишете на медицина, стоматологија или фармација, зборам за смеровите за доктори, не за радиолози, стручни забни техничари и слично, ако сакате да останете нормални какви што сте и ако немате кондиција за бубање над книга од средно, да си се поштедите од идните маки кои уопште не се мали.Значи буквално ве чека бубање по цел ден, особено кога ќе ви дојде на ред хемија или анатомија (за анатомија ако немате основа од средно..среќно) или не дај боже патофизиологија. Не е доволно само да го сакате факултетот верујте, и ја пред да се запишам многу го сакав.
И да, ако немате ординација/аптека да наследите од некого, или можност за во иднина истата да си ја отворите, уопште не ви се исплаќа маката.
Ако толку сте запнале баш доктори да бидете, немојте стоматологија, по неорганизиран факултет не постои, а многу ќе ве погоди тоа. Ова за у Скопје зборам, на Св.Кирил и Методиј.

The warning has been sent :D
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
znachi samo shto se zacleniv na kajgana so cel da se konsultiram so povekje lugje vo izborot na fakultet :/
se dvoumam pomegju ekonomski - nadvoreshna trgovija i mashinski - industrisko inzhinjerstvo i menadzment :/
stv mng se dvoumam i nz kade da se zapisamm :/
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Ветерина или молекуларна бологија - пмф
и за двата имам преголема желба ама во земјава со овие факултети работа што финансиски ќе задоволи нема шанси да најдам :)
 
I

Intex

Гостин
znachi samo shto se zacleniv na kajgana so cel da se konsultiram so povekje lugje vo izborot na fakultet :/
se dvoumam pomegju ekonomski - nadvoreshna trgovija i mashinski - industrisko inzhinjerstvo i menadzment :/
stv mng se dvoumam i nz kade da se zapisamm :/
Како бре можете да дозволите други да одлучуваат за вас, да те советуваат или шотизнам? Едноставно е, ебаго, just follow your dreams.:)

Oнтопик: на ФИНКИ. Првенствен избор КНИ; ако не бидне тоа, или е-технологии или мрежи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom