Вчера го разгледував спомеников.
Споменикот не е голем, тамам си е.
Постаментот е голем (висок) факт.
Вчера скоро на сите присутни на плоштад главите им беа кренати нагоре. Верувам дека многу скоро откако ќе му се изнагледаме на споменико воопшто нема да креваме глава. Одосно кога ќе поминуваш преку камени мост ќе го гледаш бидејки ти е скоро на висина поглед поради оддалеченоста а кога ќе си во негова близина најверојатно ќе ги гледаме само фонтанта и лавовите.
Затоа и незнам колку е добро избрана поставеноста на споменикот.
Вака како што е поставен Аце гледа накај портата, ок тоа е пристапот кон плоштадот, но од таму не е најдобар погледот на плоштадот.
Да беше изротиран за некои 90 степени и Аце да гледаше кон камени мост, мислам дека ќе беше подобро.
Плоштадот е отворен во правец кон камени мост, и од камени мост е најдобриот поглед и на споменикот и на целокупната содржина на плоштадот.
Нема везе, за сликање е добар скоро од секоја страна (освен од напред, погледот од прозорот
) а и кога ќе се заврши портата од неа можеби ќе има исто така добар поглед. (Намена на портата да го видиш подобро Аце
)