Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Е добро де, тоа ни е јасно на сите.
Муабетот е дека и да се случи такво нешто (не дај Боже), нема многу поразлично да помине кај овој народ. Барем така беше до сега.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
61
Поени од реакции
35
Во секој случај треба да поднесеме барање до Гинис: плоштад со најногу споменици по метар квадратен: мислам, редно беше да се стават обележја на историските личности, ама овие ја претераа... и уште тоа хотелот ако го бапнат на зеленилото кај телеком, плоштадот нема на ништо да личи... некој од градските татковци (или од урбаната мафија) е страшно просторофобичен! На голема скулптура и треба и голем простор да дише, да го доминира, а не Ацо да не знае дали попвро да ги шмека шмизлите или да мава со мечот по онаа одвратна зграда што подитно треба да се руши, она мало лајнце од урбанизам спроти ЕВН.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Во секој случај треба да поднесеме барање до Гинис: плоштад со најногу споменици по метар квадратен: мислам, редно беше да се стават обележја на историските личности, ама овие ја претераа... и уште тоа хотелот ако го бапнат на зеленилото кај телеком, плоштадот нема на ништо да личи... некој од градските татковци (или од урбаната мафија) е страшно просторофобичен! На голема скулптура и треба и голем простор да дише, да го доминира, а не Ацо да не знае дали попвро да ги шмека шмизлите или да мава со мечот по онаа одвратна зграда што подитно треба да се руши, она мало лајнце од урбанизам спроти ЕВН.
Епа тоа е.

Скопскиов плоштад е единствениот во светот што би изгледал подобро ако се срушат пола од градбите на него. Веројатно би требало толку многу пари за да се изрушат гнасните градби и идеи што поевтино ќе не фати да најдеме некоја ливада и од нула да направиме плоштад отколку да пробаме да го поправиме овој.

Може само да се натрупаат уште неколку гадни ствари на него, да се тргнат убавите како споменикот на гемиџиите, Ацета наш, Ченто... и да се прекрсти во плоштад на бизарната архитектура. Се кладам ќе биде поголема туристучка атракција отколку вака.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
priznajte sega -eptem go lichi Aceta na ploshtadov;)
denes pominav i vidov eden kup stranci (dosta povozrasni) koi go fotografiraa (y)
mene ne mi se dopagja onoj na Chento - ko da mu ja odmil dozhdot bojata -pa stoi taka prebleden.... a i onaa novana zgrada mi izgleda suvishno- o_O aaaaaama....
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.423
Поени од реакции
16.711

Велешани очекувајте ги А1 у Велес наскоро, ви позеленел коњот на кружниот :D
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Ама тој не позелена за 5 месеци.;)




не знам како да ви се објасни дека потемнувањето, позеленувањето на бронзата Е ПРИРОДЕН ОД БОГА ДАДЕН НЕМИНОВЕН ПРОЦЕС НА СЕКОЈ СПОМЕНИК!!!! БАРЕМ НА ОВАА ПЛАНЕТА!!! ко слепи за стап по паметот на А1 ...позелене позелене...

ГОЦЕ И ДАМЕ ке позеленат, ГОТОВИ СЕ година две уназад...не ги поставија една недела после лиењето...
--- надополнето: Jun 25, 2011 10:30 AM ---




брзо брзо...А1 пред соборна :place:
--- надополнето: Jun 25, 2011 10:32 AM ---
Patina (pronounced /ˈpætənə/ or /pəˈtiːnə/) is a tarnish that forms on the surface of bronze and similar metals (produced by oxidation or other chemical processes); a sheen on wooden furniture produced by age, wear, and polishing; or any such acquired change of a surface through age and exposure. On metal, patina is a coating of various chemical compounds such as oxides or carbonates formed on the surface during exposure to the elements (weathering). Patina also refers to accumulated changes in surface texture and colour that result from normal use of an object such as a coin or a piece of furniture over time

http://en.wikipedia.org/wiki/Patina


--- надополнето: Jun 25, 2011 10:49 AM ---
монтирани се лавовите

 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
монтирани се лавовите
Се планира некој натпис на кого му е посветена фонтаната и чив е споменикот или ќе се оди без натпис?

Пс. На фотографија лавовите ме бендисуваат, денес ќе ги видам во живо.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Вакви седечки требаше да ги направат и на мостот Гоце Делчев..поубави ќе беа
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Вчера го разгледував спомеников.
Споменикот не е голем, тамам си е.
Постаментот е голем (висок) факт.
Вчера скоро на сите присутни на плоштад главите им беа кренати нагоре. Верувам дека многу скоро откако ќе му се изнагледаме на споменико воопшто нема да креваме глава. Одосно кога ќе поминуваш преку камени мост ќе го гледаш бидејки ти е скоро на висина поглед поради оддалеченоста а кога ќе си во негова близина најверојатно ќе ги гледаме само фонтанта и лавовите.
Затоа и незнам колку е добро избрана поставеноста на споменикот.
Вака како што е поставен Аце гледа накај портата, ок тоа е пристапот кон плоштадот, но од таму не е најдобар погледот на плоштадот.
Да беше изротиран за некои 90 степени и Аце да гледаше кон камени мост, мислам дека ќе беше подобро.
Плоштадот е отворен во правец кон камени мост, и од камени мост е најдобриот поглед и на споменикот и на целокупната содржина на плоштадот.
Нема везе, за сликање е добар скоро од секоја страна (освен од напред, погледот од прозорот :) ) а и кога ќе се заврши портата од неа можеби ќе има исто така добар поглед. (Намена на портата да го видиш подобро Аце :) )
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Можеле она латинско I долу кај името малку повеќе да го оделат.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Бев и во живо го гледав монтирањето на Александар Трети Македонски, не од патриотски побуди туку од чиста љубопитност да видам како таков гигантски споменик би се кренал на постаментот - фонтана.
СК2014 по моја претпоставка не е проект за кревање на патриотскиот дух кај народов, туку за привлекување на поголем број на туристи со што приходите од туризмот би биле озбилен ден од буџетот. Александар не не прави поголеми Македонци, туку не прави уште позатуцан народ! Сигурен сум дека огромен дел од нас во Александар гледаат само провокација, причина за да се распламува конфликтот со јужниов сосед. Ништо поврзано со анти-македонка политика, поголем дел и од полтроните на власта го гледаат истото во Александар. Се палат на него и се ситат на јужнациве како да сме ги поразиле после 20 годишната `војна`... „Вие нам `ФИРОМ` и `промени во устав` ние `Воин на коњ`! Сега пукнете“. Голем дел од нас не ни знаат ништо повеќе од името на Александар и тоа дека стигнал до Индија. Споменикот треба да биде потсетник за делото на Александар за кое само луѓе што се образовани знаат. Макдонец си ако доволно ја познаваш сопствената историја. Сите знаеме кој е Алекандар, Филип, Јустинијан, Гоце и Ченто, но колку знаеме која е нивната улога во целата приказна, која е нивната заслуга за наоѓање во центарот на Скопје? Споменивице само ќе ни помогнаш да ги научиме инињата на поначајните лица, а учебниците и литературата за да ги разбереме. А како што знам, слабо стоиме со себеспознавањето, зошто има премногу народ кој и по повеќевековно ментално ропство не сака да излезе од занданите. Добро, премногу офтопик, но мора да престанете да се јачате и мавате во гради дека како нација сме постигнале нешто со поставувањето на Александар. Идентитетот така не се чува....

Ме изненадија сликите неколку стрaни наназад на оваа тема. Биле во план повеќе фонтани. Навистин интересно, ако имате дополнителни информации и слики молам да ги споделите тука :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom