Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
На темава очигледно се зборува за две опции без никаква можност за трета.
Што ако има и трета варијанта па и повеќе?
Eве само да претпоставиме дека има повеќе димензии на постоење. http://masoudzm.persiangig.com/document/Michio Kaku/Hyperspace-A Scientific Odyssey Through Parallel Universes, Time Warps, and the Tenth Dimension_Michio Kaku_ISBN-0-385-47705-8-version0.9.pdf
Ако има некој способност за патување низ различните димензии тогаш отворени се доста можности.
Можеби третата варијанта е комбинација од овие две.
Цитирај го Чорбаџија за ова, тој запнал со ставот: чим еволуцијата не е точна тогаш моите сулуди приказни од библијата мора да се точни. Мада ова повеќе иде спрема абиогенеза него еволуција, нема врска.
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
A тој заеднички предок е мајмунот така? Значи морал одреден мајмун да роди човек нели? Така јас го сфаќам...
Седни си утр околу 18 часот и почекај денот да стане ноќ. Ден е кога е светло (како во 12 на пладне), а ноќ е кога е темно (како во 12 на полноќ). Кажи ми го точниот момент кога денот ќе стане ноќ.

Мајмун ќе роди човек кога врбата ќе роди грозје. Никогаш во историјата на Универзумот ниту еден мајмун не родил нешто што било различно од мајмун. За да биде теоријата на еволуција точна мора секој родител од некој вид да има потомство од истиот тој вид. Ова единствено не важи кај хибридни видови (маска, муле, лигар, тајгон,..), но бидејќи тие се стерилни не играат улога при еволуцијата.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Дозвили ми да те поведам на едно замислено интерпланетарно патување. Замисли си дека се качуваш во вселенски брод и патуваш до некоја далечна и непозната планета. Слетуваш на неа, ја обиколуваш, ја истражуваш и наоѓаш една луксузно изградена куќа. Но не наоѓаш жители, ниту во куќата, ниту низ целата планета. Се обидуваш научно да истражиш како настанала таа куќа таму. Но да претпоставиме дека нема никакви научни докази. Во куќата забележуваш дизајн, убава планска и наменска конструкција, прибор за јадење, спална соба, кујна, шпорет, фрижидер, кутија со алат итн.
Одговори ми искрено што ќе заклучиш, дека куќата случајно настанала со самоорганизација на материјата или пак дека некој за тебе непознат градител ја направил?.
Ти текнува ли дека таа куќата е можда нечија викендица...а моментално не е сезона на одмори...кога овде доле некој може да си купи остров зошто таму негде горе некој не би можел да си дозволи и цела планета.. . :D
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Случајно во водата настанал “живот“ и почнале да се “развиваат“ животните во водата (разни медузи, школки, риби...)
.
Мешаш еволуција со ламаркизам. Расчисти ги тие две работи па врати се.
--- надополнето: Jun 23, 2011 8:00 PM ---
За да се намали ентропијата т.е. во информациите во гените за кои што зборевме, мора да има дотур на интелигентни информации од надвор. И повторно се наметнува прашањето: Како настанале тие интелигентни информации надвор? Ако е невозможно да настанале со еволуција тука, истата логика важи и за надвор. Ако пак некој интелигентен Создател ги создал надвор, тогаш зошто би било проблем за Него да ги создаде и овде?
Затоа креационизмот е неопходен, а еволуцијата невозможна!
Какви интелигентни информации бараш во термодинамика?

Затворен систем е систем кој нема размена на енергија со надворешни системи. Земјата и живиот свет имаат размена на енергија. Има едно големо жолто нешто на небото, се гледа секој ден по околу 12 часа и овде го викаме Сонце. Тешко е човек да не го забележи. За ноеви со главата во песок не сум сигурен.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Затворен систем е систем кој нема размена на енергија со надворешни системи. Земјата и живиот свет имаат размена на енергија. Има едно големо жолто нешто на небото, се гледа секој ден по околу 12 часа и овде го викаме Сонце. Тешко е човек да не го забележи. За ноеви со главата во песок не сум сигурен.
Онн мисли дека сонцето е украс на небото. Така му пишува во Библијата.

Нели Јахве прво направил светлина, па по 3-4 дена стаил сонце за да биде добро - многу добро.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мачорка, научениот метод не може да се користи за минати неповторливи настани од проста причина што тие не можат да бидат експериментално повторени, освен се разбира доколку некој нема временска машина. Така што научен доказ за тоа што се случило порано е невозможен и можеме само да зборуваме за можни и веројатни хипотези (претпоставки).

Дозвили ми да те поведам на едно замислено интерпланетарно патување. Замисли си дека се качуваш во вселенски брод и патуваш до некоја далечна и непозната планета. Слетуваш на неа, ја обиколуваш, ја истражуваш и наоѓаш една луксузно изградена куќа. Но не наоѓаш жители, ниту во куќата, ниту низ целата планета. Се обидуваш научно да истражиш како настанала таа куќа таму. Но да претпоставиме дека нема никакви научни докази. Во куќата забележуваш дизајн, убава планска и наменска конструкција, прибор за јадење, спална соба, кујна, шпорет, фрижидер, кутија со алат итн.
Одговори ми искрено што ќе заклучиш, дека куќата случајно настанала со самоорганизација на материјата или пак дека некој за тебе непознат градител ја направил?

Една човечка клетка е далеку поорганизирана и има далеку посложени организми од оваа куќа.
Компарацијава би била ок, кога и куќата и живиот свет би поаѓале со исти својства и особини.
Ако ја разгледаш куќата, ги разгледаш деловите кој ја сочинуваат, ќе видиш дека во нив нема механизам во кој е вградена информацијата како да се направи куќата, како да се обновува сама од себе и како да прави други куќи! Но ако ги погледнеш живите организми, ќе видиш дека се составени од огромен број мали составни делови (клетки), и во секој од нив е вградена информација како да се организираат во одреден мултиорганизам и како да се развиваат. Таа информација е ДНК молекулот.
Ако понатаму одиме, ќе видиме дека генетиката објаснува како преку мутации (повратни и неповратни), таа информација може да биде изменета, и со тоа од еден вид, да се појавуваат нови.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
На темава очигледно се зборува за две опции без никаква можност за трета.
Што ако има и трета варијанта па и повеќе?
Eве само да претпоставиме дека има повеќе димензии на постоење. http://masoudzm.persiangig.com/document/Michio Kaku/Hyperspace-A Scientific Odyssey Through Parallel Universes, Time Warps, and the Tenth Dimension_Michio Kaku_ISBN-0-385-47705-8-version0.9.pdf
Ако има некој способност за патување низ различните димензии тогаш отворени се доста можности.
Можеби третата варијанта е комбинација од овие две.
Болдот, не што ако има, туку веќе има и трето и повеќе. Но можно е и ниедна де не е точна нели?

На која комбинација од кои 2 мислеше? Креационизам и еволуција (абиогенеза)? Немогуќа комбинација.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.688
Поени од реакции
31.682
allloooo skopsko + holivud i se e mozhno., vie ste dve razlichi opcii., jas sum tretata., i kako trgnala rabotva ja otvaram astralnata porta iiiii., a ako kukata se naogja vo mavrovo ami sho praime togash ., vtoro kokino., e aj sea to po mene da snese jajce ., i da vidime shto e shto dali kreacionizmot ili evolucionizmot go sozdale svetov i vekov..........bup:notworthy:
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
Една човечка клетка е далеку поорганизирана и има далеку посложени организми од оваа куќа.
Клетката нема „далеку посложени организми“, а и куќата не е жива.

Ти ги читав постовите низ темава и ми се чини дека не разбираш што е еволуција. Отпочеток мислев дека знаеш многу, ама изгледа не знаеш. Мене така ми се чини.


 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.688
Поени од реакции
31.682
ouch ., boli., kletkata nema daleku poslozheni organizmi., wow., abe kletkata ima samo organeli........bup:coffee:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Аха, значи,креационистите не можат никако да ја докажат својата теорија и ние треба слепо да веруваме дека Бог го создал светот,
Не можат да ја докажат согласно научниот метод, исто како што и Дарвиновата хипотеза не може да биде докажана согласно научниот метод. Заклучок: И двете хипотези не можат научно да бидат докажани затоа што се работи за минат неповторлив настан кој дури и да може да се повтори во „лабораторија“, тоа не значи и дека така било. На пример, дури Бог и одново да создаде животни и луѓе и тоа пред нашите очи, тоа не значи дека така постапил и порано. Исто така дури и по пат на еволуција да создадете нови видови во некоја лабораторија, тоа не значи дека така се создале денешните видови, туку тоа само би значело дека тоа е една можна алтернатива на која животните би можеле да настанат.

Значи , без разлика дали сме креационисти или еволуционисти, и едната и другата варијатна (па дури и оние вонземјанските), ги прифаќаме единствено преку вера - сакале тоа ние да го признаеме или не.
Сепак привилегијата на креационизмот е што Создателот има атрубит на семоќност и суверинитет и што можел да ги направи работите како што Тој сакал, кога што Тој сакал и каде што Тој сакал. Тешко можете да го побиете Него со некакви природни закони, затоа што Тој е Создател на природните закони и е над нив.

Додека пак механизмите на Дарвиновата еволуција можат да бидат ставени на ригорозен тест, но тука пак привилегија на Дарвинистите е нивниот херој „времето“ зад кое што можат вешто да се скријат и да речат: „Еволуција не се случува преку ноќ. Да почекаме 50 милиони години и ќе видиш дека ова ќе еволуира во нив вид“ :)

Сепак има неколку критични механизми (создавањето на интелигентните информации по пат на спонтани мутации и, уште повеќе, нередуцирачките комплексни системи) кои не можат да бидат објаснети со милионите години.

Исто така и фосилите се добар показател, но проблемот кај нив е што тие подлежат на субјективни толкувања, а ексклузивноста на интерпретацијата не е својствена за науката.
--- надополнето: Jun 23, 2011 11:39 PM ---
Клетката нема „далеку посложени организми“, а и куќата не е жива.
Моја печатна грешка: мислев на механизми.
Во аналогијата не споредував живо со неживо, туку интелигентен дизајн, плански и целисходни творби.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Прашањата ти фрчат од логика што да кажам... Се погрешно си разбрал, апсолутно се, и уште мислиш дека поставуаш логички прашања.
.
Prasanjata voopsto ne ti se logicki zosto imas mnogu pogresni sfakanja za evolucijata.
ok?
креационизам наспроти Абиогенеза.
еволуција е точна, бидејќи креационизмот е побиен. НО кога би било толку едноставно.......
Но да се тврди некоја си дебилштина, дека ништото од ништо, направило нешто, не само што е лудост, туку и невозможно, веројатност за такво нешто е апсолутна нула, забетонирана, замрзната нула. Немогуќе.
А на која религија ти припаѓаш !?
Оооо, па ти си бил креационист!
На пример, ти мене можеш. Доволно е да ми дадеш еден солиден доказ (proof) за постоењето на каков бил натприроден ентитет со капацитет да креира и јас ќе почнам да те следам.
Кога човек вика „ништо не може да ме убеди“ тогаш тоа се вика индоктринација или слепо верување.
.
Ве собрав на купче :) за да ви одговорам на сите, а да не билдам постови без потреба.

Темата е „Креационизам наспроти еволуцизам“
Како што напиша и Атеист темата е погрешно поставена бидејки во основа тоа се две теми (теории) кои разгледуваат различни поими.
Јас веќе го напишав тоа, односно дека создавањето на животот и различните видови на живот ТЕОРИЈАТА на еволуцијата не ги докажува. Абиогенезата како ТЕОРИЈА е “млада“ и такаречи сеуште е на почеток ама уште од старт е полна со нелогичности. Додека пак еволуцијата како процес на приспособување односно адаптација на различните видови на условите во кои што живеат, а кои што секојдневно им се менуваат, апсолутно не е спорна. НО и “фали“ моментот на создавање односно креација. :) Неколку овде од вас ми “кажаа“ дека не сум ја разбрал еволуцијата а вие сте ја сватиле во сржта.:rolleyes:
Теоријата на креационизмот односно постоење на креатор, исто така не може емпириски да се докаже. А тоа никогаш и не било моја тема на муабет односно јас не верувам во дедо со бела брада и никогаш и не сум рекол дека некој таков не создал. ОК.

Е сеа јас овде пробав да споделам мои мислења околу не/логичноста на едната од овие две теории, но вие сте спремни само да дискредитирате, етикетирате и навредувате. Апсолутно не сте спремни за отворена дискусија иако го тврдите спротивното, но очигледното не го гледате поради заслепеност од омраза и егоизам.

Науката и ТЕОРИЈАТА на еволуцијата тврдат дека нешто настанало од ништо.
Ништо... Биг Бенг... аминокиселини-протеини... оп живот... и за некои си 4,5 милијарди години тука ми пишувате на форум.
Науката и Теоријата на еволуцијата тврдат дека случајно и спонтано настанал животот... случајно и спонтано од водата се раширил секаде... дека случајно и спонтано се во природата е поставено на свое место и во рамка која овозможува функционалност и самоодржливост.

Експериментот, да земеме амино-кислени и протеини и симулираме услови какви што претпоставуваме дека се потребни за да се створи живот. После ги симулираме условите кои владееле на планетава изминативе 4,5 мил. год. и ги “свориме“ денес познатите животни и како врв на еволуцијата “створиме“ и човек НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ИЗВЕДЕМЕ. Затоа теоријата на еволуцијата ќе си остане САМО ТЕОРИЈА. Паушалните претпоставки на дарвинистите како настанале видовите засекогаш ќе си останат само недокажани претпоставки. Пак ќе ми реплицирате за ова ВРВ, ама јебига сакале вие да признаете или не, според еволуцијата е дека одкако настанал животот во водата онака случајно, имал голема желба да завладее со се и како најнапредна форма во која се развил сме ние луѓето, а со тоа сме и врвот на еволутивниот развој.
Не го викам јас ова туку Дарвинчо.

Под наука овде ја подразбирам онаа наука и научници, на која најчесто се повикувате поголемиот дел од вас. А тоа е науката која како основ ја зема теоријата за Биг Бенг и теориите за АБЕ (изразот на атеист) како апсолутни вистини. Сите останати кои што ќе искажат сомневање околу таа АПСОЛУТНА вистина ваша, ви се предмет на дискредитација. Кога навредувате некого фраери сте. ОК.

Бев прашан која религија сум.
Израснат сум во фамилија на православни верници и јас ги почитувам трдицијата и обичаите но православната црква како институција има и свои маани кои за мене се неприфатливи.
Себеси не сакам да се ставам строго во рамка и еве да речеме се изјаснувам како верник но не онаков како што повеќето тука од вас го “гледаат“ православниот верник.
Моите верувања си се лични и апсолутно не сакам на никого да му ги наметнувам или пропагирам.
Верувам во ЉУБОВТА и верувам дека благодарение на неа постоиме и ние и се што е живо на овој свет.
Верувам дека се видливо и невидливо постои од секогаш. Циклусот на раѓање и умирање е бесконечен. Нема почеток на времето, нема почеток на животот, нема почеток на настанувањето.
Нашата ограниченост да ги разбереме некои нешта не е хендикеп туку едноставно не дошло време за тоа. Премногу сме мали и безначајни во однос на универзукот што не опкружува а сепак нашето алчно его не тера да се мислиме дека сме “богови“. Нашиот најголем хендикеп е тоа што се земаме здраво за готово и мислиме дека се ни е дозволено да правиме, за да си себеугодиме. Се поголемото отсуство на љубов, емпатија, сочувство кај луѓето, многу веројатно ќе доведе до наше самоуништување. Како што се десило најверојатно и неколку пати предходно. Тоа дека сме ние првата свесна цивилзација на планетава како што моментално тврди “науката“ мислам дека многу брзо ќе падне целосно и ќе се разобличи. Секако ако предходно не ни се деси “апокалипсата“ . :( Животот е вечен и ако ние ја оплескаме некои други луѓе што ќе се издигнат од пепелта можеби подобро ќе се снајдат, да живеат напредуваат а при тоа не го загрозуваат останатиот жив свет.

Мислам дека доволно пишував на “згрешенава“ тема.
Тема која нема конечен вистинит одговор.
Тема во која никој никогаш нема да дочека да да му рече на другиот „ете гледаш се докажа“.
Тема на спротивставени ТЕОРИИ е полна само со шпекулации и претпоставки односно многу навреди и негирања. (y)

Останете ми со здравје „Live long and prosper“
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И сам кажуваш дека една човечка клетка е сложено градена, објасни ми како твојот Бог создал цел човек од кал?
Не ги знам деталите (бидејќи не бев таму нормално), ама знам дека тоа не е никаков проблем за Бог. Впрочем, од материјална гледна точка, се што има во човековото тело, го има и во калта. Не постои хемиско соединение што го содржи човековото тело, а го нема во калта. Значи хемискиот состав е таму. Градбениот материјал е одличен. Бог ја реорганизирал материјата и го обликувал човековото тело. Потоа му вдахнал и животен дух во него и така човекот станал жива душа. Ако Бог постои, не гледам зошто ова би било спорно. Ако пак догматично одбиваме да веруваме дека постои Бог и како темел на нашите убедувања тргнеме од материјалистичко-натуралистичката идеологија, тогаш целото ова објаснување ќе изгледа смешно. Но тоа е тоа, секој со својата вера.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Не го викам јас ова туку Дарвинчо.
Edvaj te procitav, i znaes sto? Pak ja utna... Za malce, ama pak ja utna.

Pak go promasi konceptot na evolucijata, primer deka covekot e najsovrsen vo sekoj pogled, deka evolucijata e slucajna i deka taa tvrdi deka zivotot nastanal od nisto itn. Mnogu greski...

I jas mislam deka dovolno pisuvase na temava, kako i da e ostani mi pozdraven i prodolzi da siris ljubov.
--- надополнето: Jun 24, 2011 12:03 AM ---
Додека пак механизмите на Дарвиновата еволуција можат да бидат ставени на ригорозен тест, но тука пак привилегија на Дарвинистите е нивниот херој „времето“ зад кое што можат вешто да се скријат и да речат: „Еволуција не се случува преку ноќ. Да почекаме 50 милиони години и ќе видиш дека ова ќе еволуира во нив вид“ :)
Od site veke procitani po pet pati gluposti sto gi iznatropa vo postov ke se zadrzam na samo na ova zosto navistina mi se zdosadi da se raspravam so covek koj se rasprava ovde zosto e platen, nemoj da negiras procitav odredeni molbi od tvoja strana i nemoj da mislis deka istite nema da gi postiram ovde. Kako prvo, ti si beda od covek, kako vtoro, sekoj argument za nereduciracki sistemi ili irreducible complexity od kreacionistickiot sajt od kade sto si go kopiral ova... e pobien. Namesto da ti gi objasnuvam eden po eden (sto ke bide za dzabe, zosto stopati e objasneto a pak teras po staro) ke ti go kazam samo ova: da ne bea pobieni, nemase evolucijata seuste da se smeta od cel naucen svet za tocna, zosto sprotivno na tvoeto mislenje naucnicite ne kovaat zagovor protiv boga i veruvaj deka sekoj kreacionist koga bi bil uveren vo ova debilno tvrdenje bi napisal peer reviewed paper so koj bi stanal mozebi najslavniot naucnik na denesnicata, a normalno zatoa sekoj kreacionist e i ismevan od naucniot svet zosto namesto da se fatat so nauka tie se svoite phd's lazat prosta raja niz Amerika.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако пак догматично одбиваме да веруваме дека постои Бог и како темел на нашите убедувања тргнеме од материјалистичко-натуралистичката идеологија, тогаш целото ова објаснување ќе изгледа смешно. Но тоа е тоа, секој со својата вера.
Абе срцка човек овај чорбаџијата, не можеш да не го сакаш...

Велиш смешно изгледа човек да е направен од кал?

Нема врска...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom