Прашањата ти фрчат од логика што да кажам... Се погрешно си разбрал, апсолутно се, и уште мислиш дека поставуаш логички прашања.
.
Prasanjata voopsto ne ti se logicki zosto imas mnogu pogresni sfakanja za evolucijata.
ok?
креационизам наспроти Абиогенеза.
еволуција е точна, бидејќи креационизмот е побиен. НО кога би било толку едноставно.......
Но да се тврди некоја си дебилштина, дека ништото од ништо, направило нешто, не само што е лудост, туку и невозможно, веројатност за такво нешто е апсолутна нула, забетонирана, замрзната нула. Немогуќе.
А на која религија ти припаѓаш !?
Оооо, па ти си бил креационист!
На пример, ти мене можеш. Доволно е да ми дадеш еден солиден доказ (proof) за постоењето на каков бил натприроден ентитет со капацитет да креира и јас ќе почнам да те следам.
Кога човек вика „ништо не може да ме убеди“ тогаш тоа се вика индоктринација или слепо верување.
.
Ве собрав на купче
за да ви одговорам на сите, а да не билдам постови без потреба.
Темата е „Креационизам наспроти еволуцизам“
Како што напиша и Атеист темата е погрешно поставена бидејки во основа тоа се две теми (теории) кои разгледуваат различни поими.
Јас веќе го напишав тоа, односно дека создавањето на животот и различните видови на живот ТЕОРИЈАТА на еволуцијата не ги докажува. Абиогенезата како ТЕОРИЈА е “млада“ и такаречи сеуште е на почеток ама уште од старт е полна со нелогичности. Додека пак еволуцијата како процес на приспособување односно адаптација на различните видови на условите во кои што живеат, а кои што секојдневно им се менуваат, апсолутно не е спорна. НО и “фали“ моментот на создавање односно креација.
Неколку овде од вас ми “кажаа“ дека не сум ја разбрал еволуцијата а вие сте ја сватиле во сржта.
Теоријата на креационизмот односно постоење на креатор, исто така не може емпириски да се докаже. А тоа никогаш и не било моја тема на муабет односно јас не верувам во дедо со бела брада и никогаш и не сум рекол дека некој таков не создал. ОК.
Е сеа јас овде пробав да споделам мои мислења околу не/логичноста на едната од овие две теории, но вие сте спремни само да дискредитирате, етикетирате и навредувате. Апсолутно не сте спремни за отворена дискусија иако го тврдите спротивното, но очигледното не го гледате поради заслепеност од омраза и егоизам.
Науката и ТЕОРИЈАТА на еволуцијата тврдат дека нешто настанало од ништо.
Ништо... Биг Бенг... аминокиселини-протеини... оп живот... и за некои си 4,5 милијарди години тука ми пишувате на форум.
Науката и Теоријата на еволуцијата тврдат дека случајно и спонтано настанал животот... случајно и спонтано од водата се раширил секаде... дека случајно и спонтано се во природата е поставено на свое место и во рамка која овозможува функционалност и самоодржливост.
Експериментот, да земеме амино-кислени и протеини и симулираме услови какви што претпоставуваме дека се потребни за да се створи живот. После ги симулираме условите кои владееле на планетава изминативе 4,5 мил. год. и ги “свориме“ денес познатите животни и како врв на еволуцијата “створиме“ и човек НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ИЗВЕДЕМЕ. Затоа теоријата на еволуцијата ќе си остане САМО ТЕОРИЈА. Паушалните претпоставки на дарвинистите како настанале видовите засекогаш ќе си останат само недокажани претпоставки. Пак ќе ми реплицирате за ова ВРВ, ама јебига сакале вие да признаете или не, според еволуцијата е дека одкако настанал животот во водата онака случајно, имал голема желба да завладее со се и како најнапредна форма во која се развил сме ние луѓето, а со тоа сме и врвот на еволутивниот развој.
Не го викам јас ова туку Дарвинчо.
Под наука овде ја подразбирам онаа наука и научници, на која најчесто се повикувате поголемиот дел од вас. А тоа е науката која како основ ја зема теоријата за Биг Бенг и теориите за АБЕ (изразот на атеист) како апсолутни вистини. Сите останати кои што ќе искажат сомневање околу таа АПСОЛУТНА вистина ваша, ви се предмет на дискредитација. Кога навредувате некого фраери сте. ОК.
Бев прашан која религија сум.
Израснат сум во фамилија на православни верници и јас ги почитувам трдицијата и обичаите но православната црква како институција има и свои маани кои за мене се неприфатливи.
Себеси не сакам да се ставам строго во рамка и еве да речеме се изјаснувам како верник но не онаков како што повеќето тука од вас го “гледаат“ православниот верник.
Моите верувања си се лични и апсолутно не сакам на никого да му ги наметнувам или пропагирам.
Верувам во ЉУБОВТА и верувам дека благодарение на неа постоиме и ние и се што е живо на овој свет.
Верувам дека се видливо и невидливо постои од секогаш. Циклусот на раѓање и умирање е бесконечен. Нема почеток на времето, нема почеток на животот, нема почеток на настанувањето.
Нашата ограниченост да ги разбереме некои нешта не е хендикеп туку едноставно не дошло време за тоа. Премногу сме мали и безначајни во однос на универзукот што не опкружува а сепак нашето алчно его не тера да се мислиме дека сме “богови“. Нашиот најголем хендикеп е тоа што се земаме здраво за готово и мислиме дека се ни е дозволено да правиме, за да си себеугодиме. Се поголемото отсуство на љубов, емпатија, сочувство кај луѓето, многу веројатно ќе доведе до наше самоуништување. Како што се десило најверојатно и неколку пати предходно. Тоа дека сме ние првата свесна цивилзација на планетава како што моментално тврди “науката“ мислам дека многу брзо ќе падне целосно и ќе се разобличи. Секако ако предходно не ни се деси “апокалипсата“ .
Животот е вечен и ако ние ја оплескаме некои други луѓе што ќе се издигнат од пепелта можеби подобро ќе се снајдат, да живеат напредуваат а при тоа не го загрозуваат останатиот жив свет.
Мислам дека доволно пишував на “згрешенава“ тема.
Тема која нема конечен вистинит одговор.
Тема во која никој никогаш нема да дочека да да му рече на другиот „ете гледаш се докажа“.
Тема на спротивставени ТЕОРИИ е полна само со шпекулации и претпоставки односно многу навреди и негирања.
Останете ми со здравје „Live long and prosper“