е затоа има недоразбирања,зашто обвинуваш една страна(Латас,Сител,УМС),зашто не ја обвинеш и другата страна(Фрчко,Јове,А1,СДС) бидејќи се обиде да го искористи протестов како борба против "дикататорот"???
Кажи ми друже, ако имаш некои основни елементарни познавања во врска со политиката, која е улогата на опозицијата ?
Еве, да речеме, хипотетички, опозицијата ова да го премолчеше, дали тогаш ќе беше ок ? Не, нормално ...
Политичките личности кои ти ги наброја беа тука 1 ден и гледам 2ца од нив беа и на концертот ( значи се на се документирани се на 2 дена од цели 2 недели протестирање ) но дали тоа значи дека они се и организатори на овој протест ? Они, како опозиција сега и да молчат, ќе имаат профит, каков-таков, ќе го имаат, така функционира политиката во секое демократско општество, а да молчат они не можат, не им е тоа работа и тоа е тоа, сигурно не очекуваше и они да се согласат со начинот на кој функционираше МВР во Неделата вечер ...
Ние, за жал не сме способни да ги контролираме оние кои доаѓаат, но, способни сме да се дистанцираме целосно од нив, способни сме да кажеме дека протестираме за полициска бруталност која е случај тука со декади што значи и они се опфатени, способни сме да потврдиме дека Ние Не сме партија, способни сме да потврдиме дека за нас ЖИВОТ > партија.
Сваќам зашто си ти збунет, ќе кажеш па истото можеме да го кажеме и за УМС, не значи дека партија нив ги води само зашто се членови на истата, зашто и за нив го немаш овој став, и јас ќе се согласев со тебе да не лажеа, да не беа фатени во лагите и манипулациите кои ги приложија, да не беа толку провидни. Прво излезе Билјана и лажеше, ова е потврдено, се поставува прашањето зошто ? Зошто лаже дека е наш претставник и дел од оние кои протестираат ? Зошто излажа дека ние ќе одиме до партиски штаб кога НИЕ пристап до таму никогаш сме немале ? Зошто лажат дека ние сме финансирани од партија кога фактите нешто друго говорат ( едвај хамери купуваме и маркери ) ? Зошто упорно го игнорираат и братот на Мартин кој е дел од нас и истиот убедува иако тоа НИКОЈ не го побарал од него, дека ние не сме партија ? Зошто не протестираат и пред партијата која сакала да го купи молкот на неговото семејство ( документирано на А1 ) ? Зошто лажат дека сакаат разрешување на овој случај а само СДС им е во паметот, СДС им е на сите транспаренти, СДС им е на сите интервјуа, ако можеме истото интервју да го наречеме ...
Направи 2 паралели, не имаш нас, кои добивме и подршка од претседателот на РМ, ги имаш и нив, разликата е (пре)евидентна.
Сега одиме на медиумите, А1 и Нетпрес ко НОВИНАРСКИ КУЌИ придонесоа што побрзо да се открие што и како се случило во Неделата вечер, кажи ми, дали ова е погрешно ? Они ко медиуми каква работа имаат ? Зар немаат они право да известуваат од тука ? Не, имаат, ама разликата е што они до сега не изнеле ниту една лага во врска со овој протест во пакет со Алфа, Телма и ред други објективни медиуми, ја немам ништо против Сител, МТВ и остали манипулатори, и они како и СИТЕ медиуми се поканети тука но имам против нивните изнесени лаги и манипулации кои немаат допирна точка со реалноста, имам против нивниот лешинарски однос и злоупотребата на овој прерано згаснат живот.
Тоа дали ова му одговарало на А1 сеедно, медиум се, известуваат, ништо погрешно тука не прават, исто и Алфа, Телма и останатите кои ова го пренесуваат објективно, тоа е Се што бараме ние, ОБЈЕКТИВНОСТ, ништо повеќе.
Јове такоџе, бил ... и ? Што треба да значи тоа, новинар на А1 кој е колку мене, тебе, бил меѓу толпата, свесен си дека и новинарки и новинари на Сител, Вечер исто, се дел од толпата, не да работат и известуваат, туку да не подржат ( потврдено, на една новинарка од Вечер и претеле со отказ ) ? Фактот што некој е новинар не значи дека на истиот му е забрането да даде подршка на ваков граѓански протест.
Истото важи и за политичарите, со тоа што кај нас тоа се злоупотребува па пожелно е они тука да не бидат присутни, тоа повеќе му одговара на овој протест но ние ко луѓе кои се залагаат за демократија не смееме некого да бркаме или на некого да му забрануваме тука присуство, се изјаснивме за тоа, кажавме што мислиме, нивно е што ќе прават.