Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Алфа е на СДСМ. Да кажеше Телма, ќе имаше некоја логика.
Немаше да има пошо никој не ја гледа така да е небитно чива е :) И не би се сложил дека СДСМ има некого освен А1, милион пати сум видел како ги критикуваат СДСМ на Алфа.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.328
Поени од реакции
46.943
не биди пристрасен,и љубезно најди ги И членовите на Младината на СДС.....мало потсетување,прва недела беа најактивни;)
Toa e она недоразбирање кое го имаат ваквите ко тебе, кај нас има и сдс-овци и вмро-овци, и елдепеовци и обединетиовци и дуиевци ( проверено ) и билокојадругапартија и аполитички настроени ... Овде има Се, од партија до националности.
Ова никој не го негира, никој ниту пак негира дека имаше и одредени политичари кои подоцна ги снема ваљда дека увидоа дека и они се опфатени тука, поготово еден кој такоџе ко Брков беше на врвот од МВР.
Наше е да се оградиме од секое политизирање, тоа до сега успешно го правевме и успешно ќе го правиме, реков 100 пати, да бевме ние партија, немаше да има дезорганизираност, немаше да има мал број на луѓе, немаше да има ред други пропратни работи кои сега за сега не чинат ...
Ако се водиме по оној малоумен начин на размислување за политизираност, тогаш во земјава никогаш не смее и не треба да има протест бидејќи нема протест во кој народот изнесува некое незадоволство а некоја партија да нема профит од тоа.

Но, ако одиме по логиката на Латас и фактот што неговата телевизија нас не етикетираше само поради тоа што имало одредена слика каде Милчин држел предавање на еден од раководните тела, и тоа пази, за театар, нешто што благе везе нема со ова сега што се случува, тогаш што е ова ?! Креаторите на ивентот на фејсбук документирани членови на партија, оние кои вчера беа на контра протестот документирани членови на партија. И да не се правиме на три ипол, овие ко прво лажеа дека биле со нас, потврдено!, лажеа дека одредена политичка партија не финансира, потврдено!, лажеа дека Билјана е наш претставник, потврдено!, протестираа пред политички штаб, што јас, како демократско право не го оспорувам но го оспорувам фактот што истиот протест им беше базиран врз лаги и манипулации во кои бевме вовлечени и ние, потврдено! ...

Ова Се они го правеа врз грбот на едно ожалостено семејство кое да повторам, секојдневно доаѓаше и не подржуваше, после правењето на 7 дена за Мартин не дојдоа и тоа и им беше укажано од нас, да останат сите со мајката и таткото зашто таму се најпотребни, и пак, еве како што гледаш повторно неговиот брат доаѓа, ни дава подршка и самиот потенцира дека Ние не сме партија.
Зашто, кај овие од УМС што фактички го злоупотребуваат ова и глумат лудило као демек и они сакаат ова да се разреши, прво, никој ништо не кажал нешто за очигледното заташкување на ова убиство, второ, никој ништо не предложил и не се изјаснил во врска со овој случај и трето, за разлика од нивните лаги и манипулации, документирано е на ТВ како мајката потенцира дека одредена партија сакала да го купи нивниот молк, е зашто овие амеби не протестираат и пред таа партија ?! Па ова е каде-каде полошо и од она што они лажат дека ние сме биле финансирани и организирани од партија.

И си се запрашал зашто не можат да состават два збора на тв ? Не дека се малоумни и ретардирани, туку зашто ваква бездушна лешинарска лага која е грев, ретко кој може да ја исфрли од уста,а камоли течно да ја говори, ретки се таквите, Латас е еден од нив, но пак ќе кажам, ретки се ...
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
77
Поени од реакции
21
е затоа има недоразбирања,зашто обвинуваш една страна(Латас,Сител,УМС),зашто не ја обвинеш и другата страна(Фрчко,Јове,А1,СДС) бидејќи се обиде да го искористи протестов како борба против "дикататорот"???

само немој да ми кажеш дека тие даваа изјави,известуваат и протестира поради Полициската Бруталност!!......

на вчерашниве морони им залепивме партиска етикета,што правиме со претходните,или тие од загриженост протестираа
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.328
Поени од реакции
46.943
е затоа има недоразбирања,зашто обвинуваш една страна(Латас,Сител,УМС),зашто не ја обвинеш и другата страна(Фрчко,Јове,А1,СДС) бидејќи се обиде да го искористи протестов како борба против "дикататорот"???
Кажи ми друже, ако имаш некои основни елементарни познавања во врска со политиката, која е улогата на опозицијата ?
Еве, да речеме, хипотетички, опозицијата ова да го премолчеше, дали тогаш ќе беше ок ? Не, нормално ...
Политичките личности кои ти ги наброја беа тука 1 ден и гледам 2ца од нив беа и на концертот ( значи се на се документирани се на 2 дена од цели 2 недели протестирање ) но дали тоа значи дека они се и организатори на овој протест ? Они, како опозиција сега и да молчат, ќе имаат профит, каков-таков, ќе го имаат, така функционира политиката во секое демократско општество, а да молчат они не можат, не им е тоа работа и тоа е тоа, сигурно не очекуваше и они да се согласат со начинот на кој функционираше МВР во Неделата вечер ...
Ние, за жал не сме способни да ги контролираме оние кои доаѓаат, но, способни сме да се дистанцираме целосно од нив, способни сме да кажеме дека протестираме за полициска бруталност која е случај тука со декади што значи и они се опфатени, способни сме да потврдиме дека Ние Не сме партија, способни сме да потврдиме дека за нас ЖИВОТ > партија.

Сваќам зашто си ти збунет, ќе кажеш па истото можеме да го кажеме и за УМС, не значи дека партија нив ги води само зашто се членови на истата, зашто и за нив го немаш овој став, и јас ќе се согласев со тебе да не лажеа, да не беа фатени во лагите и манипулациите кои ги приложија, да не беа толку провидни. Прво излезе Билјана и лажеше, ова е потврдено, се поставува прашањето зошто ? Зошто лаже дека е наш претставник и дел од оние кои протестираат ? Зошто излажа дека ние ќе одиме до партиски штаб кога НИЕ пристап до таму никогаш сме немале ? Зошто лажат дека ние сме финансирани од партија кога фактите нешто друго говорат ( едвај хамери купуваме и маркери ) ? Зошто упорно го игнорираат и братот на Мартин кој е дел од нас и истиот убедува иако тоа НИКОЈ не го побарал од него, дека ние не сме партија ? Зошто не протестираат и пред партијата која сакала да го купи молкот на неговото семејство ( документирано на А1 ) ? Зошто лажат дека сакаат разрешување на овој случај а само СДС им е во паметот, СДС им е на сите транспаренти, СДС им е на сите интервјуа, ако можеме истото интервју да го наречеме ...

Направи 2 паралели, не имаш нас, кои добивме и подршка од претседателот на РМ, ги имаш и нив, разликата е (пре)евидентна.

Сега одиме на медиумите, А1 и Нетпрес ко НОВИНАРСКИ КУЌИ придонесоа што побрзо да се открие што и како се случило во Неделата вечер, кажи ми, дали ова е погрешно ? Они ко медиуми каква работа имаат ? Зар немаат они право да известуваат од тука ? Не, имаат, ама разликата е што они до сега не изнеле ниту една лага во врска со овој протест во пакет со Алфа, Телма и ред други објективни медиуми, ја немам ништо против Сител, МТВ и остали манипулатори, и они како и СИТЕ медиуми се поканети тука но имам против нивните изнесени лаги и манипулации кои немаат допирна точка со реалноста, имам против нивниот лешинарски однос и злоупотребата на овој прерано згаснат живот.
Тоа дали ова му одговарало на А1 сеедно, медиум се, известуваат, ништо погрешно тука не прават, исто и Алфа, Телма и останатите кои ова го пренесуваат објективно, тоа е Се што бараме ние, ОБЈЕКТИВНОСТ, ништо повеќе.
Јове такоџе, бил ... и ? Што треба да значи тоа, новинар на А1 кој е колку мене, тебе, бил меѓу толпата, свесен си дека и новинарки и новинари на Сител, Вечер исто, се дел од толпата, не да работат и известуваат, туку да не подржат ( потврдено, на една новинарка од Вечер и претеле со отказ ) ? Фактот што некој е новинар не значи дека на истиот му е забрането да даде подршка на ваков граѓански протест.

Истото важи и за политичарите, со тоа што кај нас тоа се злоупотребува па пожелно е они тука да не бидат присутни, тоа повеќе му одговара на овој протест но ние ко луѓе кои се залагаат за демократија не смееме некого да бркаме или на некого да му забрануваме тука присуство, се изјаснивме за тоа, кажавме што мислиме, нивно е што ќе прават.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
77
Поени од реакции
21
а извини да те прашам нешто.ТОГАШ која е Улогата на Младиот човек кој е студент,средношколец,невработен,и кој не е дел од опозицијата и позицијата??.....да биде дел од нив,за да може да постигне нешто во животот,за да некој од нив му "биде грб" за понатамошни успеси,неуспеси???

ова ЈАС го ЗБОРАМ:до сега имало илјада причини да се протестира како НЕЗАДОВОЛЕН ГРАЃАНИН,но ти ме убедуваш дека оваа е ТАА вистинската причина,како незадоволни граѓани,со подршка од опозиција(која агитираше на "диктаторскиот режим",a не на некоја правда,сочуство,подршка)

п.с.точно дека во секоја Нормална Држава,опозицијата искористува ваква шанса,но да те потсетам дека таму Протестираат НОРМАЛНИ И НЕЗАДОВОЛНИ ГРАЃАНИ,кои имаат за цел да да ја промената реториката на владеење на Власта,

и до сега ме убедуваш како таа опозиција и медиуми,да не биле,Народов и понатаму ќе останеше слеп,ти барем така го гледаш тоа
а јас го гледам на поинаков начин,ТАА ОПОЗИЦИЈА и ТИЕ МЕДИУМИ се ОБИДОА да го искористат протестов за своја користат,да го оцрнат "диктатотрскиот режим" на Гујо...се додека ми објаснуваш колку тие допринеле за протестов,толку повеќе јас ќе бидам убеден дека си пристрасен.......од тебе зависи
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592

Хипотетички:
Да не постоеше ни еден друг медиум(дали телевизија, или интернет портали) освен Сител и МТВ, дали ќе ја дознаевме вистината?
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
77
Поени од реакции
21
Хипотетички:
Да не постоеше ни еден друг медиум(дали телевизија, или интернет портали) освен Сител и МТВ, дали ќе ја дознаевме вистината?
Дефинитивно НЕ..........тоа го зборам и јас-се живо и диво во Македонија е исполитизирано,се надевам Интернетот ќе остане единствено место каде што НИЕДНА ПАРТИЈА не може да го контролира тоа мнение:!!!!!!
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.328
Поени од реакции
46.943
1.ова ЈАС го ЗБОРАМ:до сега имало илјада причини да се протестира како НЕЗАДОВОЛЕН ГРАЃАНИН,но ти ме убедуваш дека оваа е ТАА вистинската причина,како незадоволни граѓани,со подршка од опозиција(која агитираше на "диктаторскиот режим",a не на некоја правда,сочуство,подршка)

2.и до сега ме убедуваш како таа опозиција и медиуми,да не биле,Народов и понатаму ќе останеше слеп,ти барем така го гледаш тоа
а јас го гледам на поинаков начин,ТАА ОПОЗИЦИЈА и ТИЕ МЕДИУМИ се ОБИДОА да го искористат протестов за своја користат,да го оцрнат "диктатотрскиот режим" на Гујо...се додека ми објаснуваш колку тие допринеле за протестов,толку повеќе јас ќе бидам убеден дека си пристрасен.......од тебе зависи
1. Ок, одам според твојот начин на размислување, значи готово, веќе во Македонија не смее да се изразува незадоволство на улици баш поради ова, бидејќи тука следи прашањето, а каде бевте тогаш и тогаш иако истото и за тебе важи.
Нејсе, да те потсетам, ние сме млада држава, немаме ние 100 годишна традиција за водење на нештата, друг тука на времето ги диригирал работите. Учиме друже, учиме, ти тоа не го разбираш, учиме, полека, со брзина на движење на полжав, учиме колкава моќ всушност ние поседуваме во нашите раце ко народ, учиме дека всушност ние сме клучот а не 2 политички опции, е затоа на времето, за оние работи кои ти ги споменуваш немало народ на улица.
Земи го општествово односно државава ко индивидуа, примети само по независноста низ какви девијантни патишта забега, ко што ти ко човек можеш да бидеш пијаница, наркоман, криминалец, така државава имаше војна, имаш 1 тон мржња на национална основа, имаш политизираност до максимум да деца од градинка пеат песни за политички партии, имаш 1 тон мржња помегу симпатизер на една и симпатизер на друга политичка партија, имаш секојдневно вреѓање на интелигенција на народ, немаш спорт ( сите одат напред ти назад ) и тн и тн, и ред други девијантни, штетни, сеедно, работи за една држава ...
Тоа се одразува врз народот кој ко што реков, полека но сигурни учи а тебе тоа ти смета, зашто ? Па каде биле тогаш и тогаш ...

2.Не изнесувај заклучоци за мене зашто сеуште не можеш добро да ме протолкуваш очигледно, не реков дека народов и понатаму ќе останел слеп да не беа тие медиуми или таа и таа партија, незнам по што го заклучи тоа, него ти посочив дека тие си ја вршеа својата работа ( алудирам на медиумите ) професионално, навремено известуваа за текот на настани и тоа го правеа објективно, не лажеа, не манипулираа ...
Незнам, навистина незнам каде ти виде дека сум рекол дека они придонеле нешто за протестов, испаѓа дека намерно или ненамерно сеедно, ги извртуваш нештата и свесно или несвесно манипулираш. Тоа што јас барам објективност и истата ја добивам од одредени медиуми не е придонес, тоа е нормално функционирање на работите, онака како што и треба да биде, значи толку, објективност, ако сакаат на крај од вести минут време нека одвојат за нас, само нека бидат објективни.
За партијата која ја споменуваш јас најискрено никаде не сум споменал дека имала некаков придонес, напротив, ти поставив една бариера, они се едно, ние сме друго, не функционираме заедно, во ниту еден мој пост нема таква содржина која е напишана од мене а која вели дека одредена политичка партија придонела нешто за нас.
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
слушнав дека луд ќе го правеле на типот ...стварно е тоа ?
 
Имаме различен поглед на протестот.....бев присутен на 10 Јуни,со сопствена екипа на малтретирани граѓани од Полицијата,и верувај сите до еден се разочаравме од тие кои БАШ за ОВОЈ протест мораа да бидат ПРВИ во СЕ(мислам дека се разбираме)...

Јас пораснав со ПРОТЕСТИ(зборам за протести каде што народот и граѓанинот го искажуваа своето незадоволство,каде што сите присуствуваа како НАРОД,а не како припадник на некоја група,партија,организација),протести КОИ ГИ ЗАМИСЛИЈА ПОЛИТИЧАРИТЕ и ИНСТИТУЦИИТЕ за тоа што може да направи народот ,кои после неколку месеци пак се врати на старо......водачите заземаа видни функции,граѓанинот дефинитивно заклучи дека ОД ОВОЈ НАРОД,НЕМА ЛЕБ,се појавија групи ЕЈ ние бевме,вие КАЈ бевте,и НИЕ направивме повеќе од ВАС,..

со овој протест ,мислев дека МОЖЕ МНОГУ ДА СЕ ПОСТИГНЕ,но по се изгледа сум згрешил,и затоа потенцирав дека се каам што присуствував(ова е мое лично мислење )
 
Член од
21 мај 2011
Мислења
165
Поени од реакции
77
Најочекувано беше ова што го кажаа дека ќе го пратат на психијатриско посматрање.Мора да го извадат луд,да го пратат во лудница,и од таму да си замине слободно за два месеци.А нормално е после изјавата на братот на Мартин ова убиство да се свати како убиство со предумисла,ама......
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
слушнав дека луд ќе го правеле на типот ...стварно е тоа ?
Така кажаа, тоа е уште еден FAIL за нашето судство и за нашето општество кое неможам веке органски да го сварам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom