Ајде гледам сакате да ја обрнете и оваа тема во прашања за Христијаните, па да ве прашам нешто атеисти.
Каков би бил светот ако сите до еден се атеисти? Вие кажете ми прво, а јас во меѓувреме ќе ви кажам каков ќе е ако сите до еден се Христијани. Па ќе мериме кој свет ќе биде подобар.
Ако сме сите Христијани (не само на збор, него на дела, се она што е од Исус кажано да се почитува) ќе нема:
Криминал. Убиства, кражби, прељуби, силувања. Наркомани, алкохоличари, коцкари. Ќе нема војни. Ќе нема лаги, превари. Никој никому нема да му чини зло. Секој со секого ќе се сака. Луѓето ќе живеат во слога и љубов. Едноставно светот ќе цвета. Рај на земјата.
Од друга страна ако сите луѓе се атеисти овие работи пак ќе си ги има. И тоа многу повеќе.