Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Дури се расправате, Меси даде гол за Аргентина, нека пукнат душманите што викаат дека не играл за репрезентација ко шо треба

Гол и две асистенции + учествуваше во акцијата за 4 гол :)
 
Реално, да ги споредуваме Тиаго и Фабрегас на негова возраст е смешно, Фабрегас е далеку подобар и пред 2-3 години.Потенциалиот е друга работа, ќе видиме како се развива.
 
Вака сега, прво за Чави и за Иниеста информацииве воопшто не ти се точни, тие информации можеш на некој си навивачи од Арсенал да си ги лажеш со тие цифри.

Ако не ти се верува.

Чави во Шпанската Примера Дивизија досега направил вкупно 68 Асистенции.
Чави во Лигата на Шампиони досега направил вкупно 26 Асистенции.
Чави во Купот на Шпанија досега направил вкупно 17 Асистенции.

Сега 68+26+17=111 Асистенции

Извор : http://www.fcbarcelona.com/web/english/futbol/temporada_10-11/estadistiques/jugadors/Xavi/fitxa.html

Да се надоврземе за Иниеста

Иниеста во Шпанската Примера Дивизија досега направил вкупно 50 Асистенции.
Иниеста во Лигата на Шампионите досега направил вкупно 18 Асистенции.
Иниеста во Купот на Шпанија досега направил вкупно 17 Асистенции.

50+18+17=85 Асистенции.

Изворн : http://www.fcbarcelona.com/web/engl...-11/estadistiques/jugadors/Iniesta/fitxa.html

Океј бе, во ред е. Мене ми беше статистиката за Чави од тука
http://soccernet.espn.go.com/player/_/id/12907/xavi-hern%C3%A1ndez-creus?cc=5739
затоа што не ми текна да побарам на официјалната.
Како и да е, и да се споредува по асистенции пак нема шанси Чави затоа што разликата е 6 години, а Фабрегас има веќе 100 за 7 години. Спореди ги и нивните почетоци.

Незнам што се буни дечкото погоре и изнесува некои статистики, коа Фабрегас е играч околу кој во последниве сезони се гради играта на Арсенал. Сезонава не играше на ниво, али погледнете ја претходната... во Барселона не е така. Не се гради игра само врз Чави, само врз Иниеста или Меси. Да е Чави главниот плејмејкер во тимот, би замолчел пред статистичките податоци и би признал дека Цеск е подобар од Чави. Но, асистенциите и головите не се примарна задача ниту на Чави ниту на Иниеста.

Тие се 50% од поседот на топката. Кога играат двајцата и кога ја држат топката во нозе, ја контролираат играта, го контролираат противникот, впрочем 3 сезони постигнавме огромни успеси првично благодарение на таа игра, и тие три играчи (Меси).

И да, да добива шанса Тиаго во првиот состав, да собира искуство, немам сомнение дека ќе биде подобар од Цеск, дури би се осмелил да кажам и подобар од Чави. Огромен талент е, има огромен потенцијал али во оваа генерација на Барселона, мора да има трпение.

Иначе, не постои човек на планетата што може да ме убеди дека Цеск кошта 50 милиона или дека Санчез кошта исто толку. Да, со оглед на тоа дека се пренапумпани цените на макетот можеби, али реалната цена е пониска.
Како прво, некој побара споредба помеѓу нив, а ова е единствениот начин да се направи таа споредба. Сигурно дека нема да се споредува колку подавања направиле на утакмица. Ако такво нешто се направи, Валдез би бил подобар од многу играчи од средината нели? Тоа си зависи од тактиката на екипата.
Головите и асистенциите и те како им се примарна задача на Чави, Иниеста и Меси. Може да кажеш дека на Бускетс и Кеита не им се, а не на овие. Доколку Фабрегас веќе играше на местото на Чави во Барселона ќе го правевте за најдобар во светот, особено покрај играчи како Меси и Иниеста. Сигурно е во топ 10 играчи во свет и ако некој вреди 50 милиони тоа е дефинитивно он, а не за некоја смешна сума помала од таа за Санчез. Барса е свесна за класата на Цеск, а не дека им е многу добро другарче на Пике и Пујол па затоа веќе 3 години по ред праќа понуди и е спремна и Тиаго да го жртвува за да се доведе. Ама добро, знаеш и навивачите на Тотенхем мислат дека Модриќ е подобар од Фабрегас...и тоа според фудбал менаџер.
 
Многу си грешка, Иниеста е стандарден веќе едно 5-6 години...изгледа многу брзо ти минуваат годините :). Дос Сантос е глуп да, не затоа што ја напушти Барса , туку затоа што отиде во Тотенхем кои ниту во Англија ниту во Европа се некои конкуренти, за разлика од Арсенал кои барем нонстоп играат во Европа и секогаш се мегу првите 4 во Англија. А тоа што го кажуваш за Пике е тоа што јас сакам да го кажам за ТИаго. Ако игра прва постава тогаш треба да остане...ако игра 10натпревари по сезона незнам зошто го чуваме, еве го 20години а ако го донесеме Цеск на пример не гледам место за него во тимот...затоа велам добро би дошла позајмица.
Ти си грешка другар. Иниеста никогаш не беше првотимец под Рајкард. Во последната година на Рајкард беа Деко, Чави и Туре, а претходно Едмилсон. Само откако дојде Гвардиола, Андрес игра како првотимец.

Дос Сантос бараше плата како на Роналдињо и загарантирано стартно место. Затоа Лапорта се погрижи лично да се изгуби од Барса. Не беше битно каде ќе отиде секако ќе му пропаднеше кариерата. Затоа што Барса беше спремна да го чека да созрее. Никој друг не би му дал таква шанса. Истото ќе се случеше и со Пике ама имаше среќа.

Фабрегас е буквално исклучок на секое правило. После него уште 5-6 деца отидоа во Арсенал. Ниту еден не е ни блиску до првиот тим. Иако веќе имаат по 19-20 години затоа подобро е Тиаго да го чуваат во Барса.

Има премногу натпревари следната сезона. Може да има и повреди. Дури и да дојде Фабрегас ќе има доволно шанси за Тиаго да покаже што знае.
 
Читам на Гоал.ком пишува : Sanchez move to Barca is almost Done, за 28м + Jeffren епа ако е вистина ова ај честито нека ни е.
 
Mногу, многу за Санчез... 28м, 5м у бонуси и плус Jeffren.. боље да го земеа Роси,али добро е. Фабрегас нема кај да оди, мора да потпише и фали само уште еден CB и еден лев бек за ефтини пари како замена за Абидал...

П.С. До кај сме со продажба на Милито и Максвел.. или тешко? :)
 
14:02 - Според медиумите од Шпанија, претседателот на Барселона, Сандро Росел разговарал со агентот на дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз за можна преселба на Камп Ноу.
Леле, леле.. ако се донесе овој, иако шансите се многу мали, ќе биде ебење...

Абидал --- Пиќе --- Луиз --- Алвеш

Технички најдобро поткована одбрана у свет ќе имаме:)
--- надополнето: Jun 21, 2011 1:05 PM ---
---------------- Меси------------------
-- Виља -------------------- Санчез--
----------------------------------------
----- Иниеста -------- Чави ---------

-------------- Бускетс ---------------
---------------------------------------
Абидал --- Пиќе --- Луиз --- Алвеш
---------------------------------------
--------------- Валдес ---------------

:eek:
 
14:02 - Според медиумите од Шпанија, претседателот на Барселона, Сандро Росел разговарал со агентот на дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз за можна преселба на Камп Ноу.
Леле, леле.. ако се донесе овој, иако шансите се многу мали, ќе биде ебење...

Абидал --- Пиќе --- Луиз --- Алвеш

Технички најдобро поткована одбрана у свет ќе имаме:) --- надополнето: Jun 21, 2011 1:05 PM ---
---------------- Меси------------------
-- Виља -------------------- Санчез--
----------------------------------------
----- Иниеста -------- Чави ---------

-------------- Бускетс ---------------
---------------------------------------
Абидал --- Пиќе --- Луиз --- Алвеш
---------------------------------------
--------------- Валдес ---------------

:eek:
Е добро де вчера отиде овој во Челзи нема шанса да си оди. Ова се глупости и тој што пишувал не ќе да е со сите.
Инаку ако го купите Санчез ќе завршите голема работа
 
14:02 - Според медиумите од Шпанија, претседателот на Барселона, Сандро Росел разговарал со агентот на дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз за можна преселба на Камп Ноу.
Леле, леле.. ако се донесе овој, иако шансите се многу мали, ќе биде ебење...

Абидал --- Пиќе --- Луиз --- Алвеш

Технички најдобро поткована одбрана у свет ќе имаме:) --- надополнето: Jun 21, 2011 1:05 PM ---
---------------- Меси------------------
-- Виља -------------------- Санчез--
----------------------------------------
----- Иниеста -------- Чави ---------

-------------- Бускетс ---------------
---------------------------------------
Абидал --- Пиќе --- Луиз --- Алвеш
---------------------------------------
--------------- Валдес ---------------

:eek:

Најмногу ме нервира кога некој нов играч ( а и сеуште не е ништо официално ), ќе го ставите прв состав... Каде Санчез пред Педро и Афелај ???????????
 
Заеби Санчез, не знам како Луиз одма влета во прв план место Пујол :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom