Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека не можеме моментално да ги споредуваме Тиаго и Фабрегас ... Дечкото има потенциал 3 пати поголем од Фабрегас на негови години, ама да видеме, времето ќе покаже . . . Ако продолжи со ова темпо на напредок, Тиаго ќе биде бетер Чави . . . . Сепак ништо не сакам да предвидувам, времето ќе покаже . . . .

Фабрегас можеш да го споредуваш со Чави и Иниеста, иако има помалку години Фабрегас . . . Е ајде де, споредувај ги :)
За болдираново и не сум толку сигурен, да те потсетам Фабрегас игра од 17 години прва постава Премиер лига и Лига на шампиони, требаше да игра и со вас во финалето но не играше поради повреда, инаку претера малце за болдираното ;) Детето има талент не вика не, но претеравте :)
 
Токму затоа Фабрегас отиде во Арсенал, да игра прва постава, тоа и го доби. Тиаго каде да игра кај нас пред Чави и Иниеста прва постава . . . Има време за него, кариерата е пред него, има само 19 години . . . Во Барселона, пред се потребно е трпение ;)
 
За болдираново и не сум толку сигурен, да те потсетам Фабрегас игра од 17 години прва постава Премиер лига и Лига на шампиони, требаше да игра и со вас во финалето но не играше поради повреда, инаку претера малце за болдираното ;) Детето има талент не вика не, но претеравте :)
Тоа е веќе прашање на јачината на клубовите. Баш затоа не можеш да споредиш Барселона и Арсенал. :)
Кај вас играл на 17 години, затоа што на тоа место сте немале подобар, кај нас кај ќе играше тогаш, пред Деко, Чави, Коку, Енрике? Или како да игра константно прва постава сега Тиаго пред Чави и Иниеста? Доколку дојде кај вас(хипотетички збориме) ќе игра, оти немате подобар. :);)
 
Фабрегас е фантастичен играч. Тиаго е голем потенцијал, како Фабрегас на негови години. Чави и Иниеста не беа толку големи таленти, но многу работат и затоа стигнаа до каде што се сега. Чави и Иниеста станаа незаменлив дел од првиот тим дури кога дојде Гвардиола.

За Фабрегас сметам дека не треба да се плаќаат толку пари колку што бара Арсенал. Во моментов Барса има доволно играчи на негова позиција. Мислам дека требаше и да се насочат кон други млади играчи кои можеа да го заземат неговото место. На пример Озил можеше лесно да го земат лани.
--- надополнето: Jun 20, 2011 11:24 AM ---

Знакчето го добива актуелниот европски шампион.:D

Светски шампион. Треба да го освоите и светскиот шампионат во декември што е, сега за сега Интер ќе го има цела есен пак тој амблем.
 
абе и да има Тиаго поголем талент од Цеск, ако не оди некоја година Тиаго некаде барем на позајмица, залудно ќе биде и нема да прерасне во играч каков што е Цеск моментално, освен ако не го ставаат да игра прва постава...тогаш друг ќе е муабетот. Aко ви текнува Меси уште од 18год. играше прва постава и затоа е сега голем играч.
Значи , не е се до талент...треба и работа :)

Инаку ај честито нека ни е Санчез...:)
 
Ако ти текнува Иниеста не беше прва постава до пред 3 години па ништо лошо не му се случи. Ако талент како Иниеста можеше да чека до 24 години за да стане првотимец зошто да не може и Тиаго?

Ако сака да си оди нека погледне што им се случило на сите што си отишле досега.

Пример, да не беше глуп Дос Сантос сеа сигурно Педро немаше да биде прва постава. Ама он сакаше у Тотенхем да игра на 18 години. Нека му е.

Пике беше никој и ништо во Манчестер. Се врати во Барса уште првата сезона доби стартно место. Од тогаш освои се што може да се освои како првотимец.

Па дури и Фабрегас сега. Можеби игра постојано и си изгради име за себе ама моли да се врати затоа што титула со очи нема видено во Арсенал.
 
За грев си.
Го имаш гледано Тиаго или само така кажуваш? Карактер нема? Дечкото секогаш кога добива шанса е еден од најдобрите, само една утакмица изгледај од Шпанија У21, па кажи нешто овде, твојот Цеск што според тебе вреди 50+ милиони за Тиаго ќе биде шала за две - три години.

А, тоа видеото подобро да не го ставеше, така уште поглуп изгледаш. Санчез се сопнува сам и веднаш станува, судијата суди непостоечки пенал, а тој сигурно не треба да се буни ако му досудат пенал
Па добро, по природа човекот е таков да навредува кога не знае што да каже.
Го имам гледано Тиаго затоа што пратам фудбал, а не само лајвскор како многу навивачи на Барса. Еден од најдобрите е на првенството до 21 година како што и Шпанија е најдобра на првенството, ама тоа колку е заслуга на одличниот младински систем на Шпанија толку е и заслуга на катастрофа системот на некои репрезентации како Англија. За тоа имам пишано на темата за европското. Ајде можеби има победнички менталитет, ама кога го пишав тоа мислев во споредба со Фабрегас. Не е мала работа на 16 години да го напуштиш домот со цел што побрзо да успееш. Исто како што направи и Торал сега и покрај тоа што од сите бил теран да остане во Барселона. И да, кога за еден Санчез давате над 35 милиони, за Фабрегас треба минимум 50. Не ме смеј со тоа дека за две-три години Цеск ќе биде шала за Тиаго затоа што не верувам дека сте подобри и ти и сите вие од управата на Барселона, а таа истата секоја година го бара Цеск, па дури и се спомнува Тиаго како дел од понудата. Сигурно не мислиш дека Цеск го бараат за да му биде резерва на Тиаго. :D
За видеото, иди провери се те молам на доктор затоа што ова или е намерно сопнување или пак зимате хендикепиран играч за тие пари.

И дајте ве молам, не го докажувајте тоа дека сте лајвскор навивачи па да споредувате тука цели тимови или пак титули кога никој не ви го спомна тоа. Или и тоа е дел затоа што нема што друго да се каже? :) Ниту Цеск, ниту Чави, ниту Тиаго не и нема да градат цел тим.

http://www.youtube.com/watch?v=wthAWfsle70&NR=1

И еве ако толку сакате да видите што направил Фабрегас и покрај тоа што влегува од клупа секогаш поради тоа што не игра во примера.

И ајде ќе бидеме сега мали деца на улица па ќе ги споредуваме Фабрегас, Чави и Иниеста. Каква споредба сакате да направиме? Нешто што би ми текнало статистички се асистенциите, головите, настапите.

Фабрегас 100 асистенции 56 гола 7 сезони
Чави 67 асистенции 58 гола 13 сезони, а во првите 7 сезони 24 асистенции и 21 гол
Иниеста 39 аситенции 33 гола 9 сезони

И пред повторно да кажете дека не освоил ништо нека ви текне дека Фабрегас ги нема Меси, Иниеста, Пујол.
--- надополнето: Jun 20, 2011 7:35 PM ---
Тоа е веќе прашање на јачината на клубовите. Баш затоа не можеш да споредиш Барселона и Арсенал. :)
Кај вас играл на 17 години, затоа што на тоа место сте немале подобар, кај нас кај ќе играше тогаш, пред Деко, Чави, Коку, Енрике? Или како да игра константно прва постава сега Тиаго пред Чави и Иниеста? Доколку дојде кај вас(хипотетички збориме) ќе игра, оти немате подобар. :);)

Да, да, сигурно дека Виера, Пирес, Љунгберг, Жилберто беа послаби од тие што ги спомна(а и интересно е што Коку и Луис Енрике не ни играле за Барса во периодот кога Фабрегас почна да игра во Арсенал ама ај) и баш поради тоа Фабрегас најде простор да игра. А ти текнува во финалето што го играа колку беше средината на Барса супериорна со помошта на судиите за голот, со грешката на Алмунија и со животните утки на Анри.
И сигурно дека Тиаго би заиграл покрај Фабрегас, Насри, Вилшер.
 
Фабрегас од Барса си замина во 2003 или 2004. Во тој период и Коку и Енрике играа за Барса.
Тоа со помошта на судиите ништо ново. Глупавите и денеска тоа го кажуваат.
 
Фабрегас од Барса си замина во 2003 или 2004. Во тој период и Коку и Енрике играа за Барса.
Тоа со помошта на судиите ништо ново. Глупавите и денеска тоа го кажуваат.
Ама почна да игра сезона 2004/2005, а тогаш ниту Коку ниту Луис Енрике не беа во Барса.
За судиите, океј, точно е, ама со тоа и со тие другите две сакав да кажам дека Арсенал не беше никако надиграна од Барселона во тоа време.
 
Судиите им помагаат
mama.gif
 
Ако ти текнува Иниеста не беше прва постава до пред 3 години па ништо лошо не му се случи. Ако талент како Иниеста можеше да чека до 24 години за да стане првотимец зошто да не може и Тиаго?

Ако сака да си оди нека погледне што им се случило на сите што си отишле досега.

Пример, да не беше глуп Дос Сантос сеа сигурно Педро немаше да биде прва постава. Ама он сакаше у Тотенхем да игра на 18 години. Нека му е.

Пике беше никој и ништо во Манчестер. Се врати во Барса уште првата сезона доби стартно место. Од тогаш освои се што може да се освои како првотимец.

Па дури и Фабрегас сега. Можеби игра постојано и си изгради име за себе ама моли да се врати затоа што титула со очи нема видено во Арсенал.

Многу си грешка, Иниеста е стандарден веќе едно 5-6 години...изгледа многу брзо ти минуваат годините :). Дос Сантос е глуп да, не затоа што ја напушти Барса , туку затоа што отиде во Тотенхем кои ниту во Англија ниту во Европа се некои конкуренти, за разлика од Арсенал кои барем нонстоп играат во Европа и секогаш се мегу првите 4 во Англија. А тоа што го кажуваш за Пике е тоа што јас сакам да го кажам за ТИаго. Ако игра прва постава тогаш треба да остане...ако игра 10натпревари по сезона незнам зошто го чуваме, еве го 20години а ако го донесеме Цеск на пример не гледам место за него во тимот...затоа велам добро би дошла позајмица.
 
Фабрегас 100 асистенции 56 гола 7 сезони
Чави 67 асистенции 58 гола 13 сезони, а во првите 7 сезони 24 асистенции и 21 гол
Иниеста 39 аситенции 33 гола 9 сезони

Вака сега, прво за Чави и за Иниеста информацииве воопшто не ти се точни, тие информации можеш на некој си навивачи од Арсенал да си ги лажеш со тие цифри.

Ако не ти се верува.

Чави во Шпанската Примера Дивизија досега направил вкупно 68 Асистенции.
Чави во Лигата на Шампиони досега направил вкупно 26 Асистенции.
Чави во Купот на Шпанија досега направил вкупно 17 Асистенции.

Сега 68+26+17=111 Асистенции

Извор : http://www.fcbarcelona.com/web/english/futbol/temporada_10-11/estadistiques/jugadors/Xavi/fitxa.html

Да се надоврземе за Иниеста

Иниеста во Шпанската Примера Дивизија досега направил вкупно 50 Асистенции.
Иниеста во Лигата на Шампионите досега направил вкупно 18 Асистенции.
Иниеста во Купот на Шпанија досега направил вкупно 17 Асистенции.

50+18+17=85 Асистенции.

Изворн : http://www.fcbarcelona.com/web/engl...-11/estadistiques/jugadors/Iniesta/fitxa.html
 
Дури се расправате, Меси даде гол за Аргентина, нека пукнат душманите што викаат дека не играл за репрезентација ко шо треба
 
Многу си грешка, Иниеста е стандарден веќе едно 5-6 години...изгледа многу брзо ти минуваат годините :). Дос Сантос е глуп да, не затоа што ја напушти Барса , туку затоа што отиде во Тотенхем кои ниту во Англија ниту во Европа се некои конкуренти, за разлика од Арсенал кои барем нонстоп играат во Европа и секогаш се мегу првите 4 во Англија. А тоа што го кажуваш за Пике е тоа што јас сакам да го кажам за ТИаго. Ако игра прва постава тогаш треба да остане...ако игра 10натпревари по сезона незнам зошто го чуваме, еве го 20години а ако го донесеме Цеск на пример не гледам место за него во тимот...затоа велам добро би дошла позајмица.

Деко ја напушти Барселона со доаѓањето на Пеп 2008ма година... Се дотогаш, Деко беше стартер пред Иниеста, па сега пресметај си колку години Андрес е стартер.... Како што кажав понапред, во Барселона потребно е ТРПЕНИЕ ;)
 
Незнам што се буни дечкото погоре и изнесува некои статистики, коа Фабрегас е играч околу кој во последниве сезони се гради играта на Арсенал. Сезонава не играше на ниво, али погледнете ја претходната... во Барселона не е така. Не се гради игра само врз Чави, само врз Иниеста или Меси. Да е Чави главниот плејмејкер во тимот, би замолчел пред статистичките податоци и би признал дека Цеск е подобар од Чави. Но, асистенциите и головите не се примарна задача ниту на Чави ниту на Иниеста.

Тие се 50% од поседот на топката. Кога играат двајцата и кога ја држат топката во нозе, ја контролираат играта, го контролираат противникот, впрочем 3 сезони постигнавме огромни успеси првично благодарение на таа игра, и тие три играчи (Меси).

И да, да добива шанса Тиаго во првиот состав, да собира искуство, немам сомнение дека ќе биде подобар од Цеск, дури би се осмелил да кажам и подобар од Чави. Огромен талент е, има огромен потенцијал али во оваа генерација на Барселона, мора да има трпение.

Иначе, не постои човек на планетата што може да ме убеди дека Цеск кошта 50 милиона или дека Санчез кошта исто толку. Да, со оглед на тоа дека се пренапумпани цените на макетот можеби, али реалната цена е пониска.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom