Јас бев на екскурзија во Прага во април годинава и можам да кажам дека кој сака да оди таму, нека оди без размислување.
Градот е прекрасен, има многу работи да се видат и да се посетат. Како што кажа Macedonicus има многу убави градби, замоци, какви што тука нема, ќе добиете сосема друга претстава за нашата земја штом ја видите Прага
Тие што се за шопинг, нас не` оставија во еден трговски центар Паладиум на 7 ката, продавници да ти се заврти во паметот, имаше фирми и тука што ги има и што ги нема, а цените им беа слични како нашите, се разбира во многу продавници имаше и попусти па супер ако начекате некој. Продавачите и општо пражаните се многу фини, ги прашувавме за улици, сите знаат англиски од најмладо до најстаро. Во продавници примаат и евра и круни.
Е, храната и пиењето им е нешто поскапо од кај нас, ние фала Богу најдовме еден маркет “Алберт“ со најефтини цени во градот, на други места немаа ништо под 1 евро (еден обичен кекс им беше евро и пол, очигледно 1 евро им е стартна цена за било што). Чешмичка да се напиеш вода немаше АПСОЛУТНО НИКАДЕ низ центарот, носете си со себе задолжително шише вода (ако не сакате веќе да купувате од продавници, 0,5л е 1 евро, 1 литар е 3 евра) и слободно пијте ја водата од чешмата од хотелската соба, јас ја пиев па еве ме жив и здрав сум, немав никакви проблеми.