- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Златниот крад, според многумина еден од најубавите, светски градови, град во кој што се чувствувате пoсебно.
Од минатото Прага претставувала дестинација која не смее да се изостави. Од 1992, центарот, односно историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО.
Денес градот брои околу 1.2 милиони жители и претставува еден од најголемите не само културни туку општо центар на регионот во кој се наоѓа.
Една од најубавите и најатрактивни градби е Карловиот Мост на реката Влтава, којшто е изграден во 1357год.
Од другите импозантни места е и Венцелсас плоштадот на којшто се случуваат големи градски прослави, музички концерти и настани. Тука се наоѓа и националниот музеј на Прага.
За споредба со другите европски метрополи стапката на невработеност во Прага е само 3,4.
Корисни информации:
Во сите делови на градот сте сигурни, тоа е она што претставува голема предност во однос на некои други поголеми градови.
Цените во ресторани и кафиќи се релативно високи и она што можете да го најдете на секој "чекор" се пивниците и местата каде што се служи пиво, кои се редовно полни. Пивото е со пониска цена со оглед на големата понуда.
Во однос на транспортот, најдобро и најбрзо функционира метрото кое е пред се средено и има голема покриеност на градот.
Такси возилата се скапи и се сметаат за луксуз.
Ноќниот живот во Прага е добар и има места кои можат да ве воодушеват.
Неколку фотки од позначајните места
Плоштадот Венцеслас
Опера
Мостовите на Влтава
Карлов мост
Ноќна слика на Карлов мост
Подземна железница
Дали некој ја посетил Прага, и кои се вашите впечатоци?