Srcee
Unforgettable
- Член од
- 29 април 2008
- Мислења
- 5.275
- Поени од реакции
- 3.496
Прекрасни замоци видов што си помислив дека џабе ни е Скопjе 2014, такво нешто каj нас никогаш нема да има...
My thoughts exactly. Жими се, ова истово го помислив. Прага има историја која оставила белег. Градбите се граделе со векови. Ние тука се наџичкавме за две-три години.
Иначе, бев на апсолвентска екскурзија пред месец-два, и меѓу местата кои ги посетивме беа Париз, Барселона, Прага, Виена, Ница, Кан, Монако/Монте Карло, Рим, Верона, Венеција, Фиренца, и сигурно уште имаше, сега не ми текнува. И пред да тргнам, фала Богу, при сите овие градови мислев дека Прага ќе биде најнеубава. Ама кога отидовме да шетаме, мајко мила, убавини, прекраснотии, се воодушевив. Препрепреубаво беше. Значи од горенаведените градови, Прага ми е во топ 3. Јас стварно немам зборови за градот.
И памтам дека чоколадо Сникерс мало беше 20 денари
