- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Како и да се одвива дискусијата на темава, јасно е дека секој, ако си го воспитува детето, ќе го воспитува како што сака, или уште поточно, како што знае и умее. Ќе настојува да му го наметне сопствениот светоглед. Од секогаш било така. Сепак, воспитувањето во религиозен дух, или во духот на одредена религија, не наметнува нужно и прифаќање од детето на истата. На пример, родителите на Кроули биле припадници на еден протестантски, односно англикански христијански огранок наречен Плимутски браќа, познат по својот фанатизам, ама Алестер очигледно не го следел нивниот пример и одбрал нешто што неговите никогаш не би го одбрале. Некогаш инсистирањето на нешто, може да предизвика само спротивставување.
Не мислам дека е пресудна не/религиозноста на родителите, туку интелигенцијата на детето, неговата способност само да изведува заклучоци. Семејството е само почеток, детето ќе прима информации од улица, од образование, интернет, други средства за информирање познати како книга, телевизија, печат и сл. Секако дека влијанието на семејството, традицијата, религиозните групи од сите калибри не се за потценување, но секој треба да биде господар на своите мисли, замисли и решенија. Во здраво семејство, религиозно или не, изградување нормална личност не е невозможно. Што е битно дали се атеисти или верници? Битно е дали семејството е функционално или не функционира.