Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ставрогин, во протестантските цркви не постојат ценовници, не се наплатува ниту за крштевка, ниту за брак, ниту за погреб, ниту за каква било богослужба, нема суеверија, нема празноверија, Светото Писмо го има последниот збор. Се надевам имаш посетено некоја протестантска црква.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Може некој накратко да го објасни Откровението на светиот апостол Јован Богослов. Почнав да го читам, но не можам добро да го разберам. Посебно деловите со седумтте светилници, седумте ѕвезди, ангелите на црквите и обраќањата на Богочовекот кон црквите во Ефес и другите градови.
(Се извинувам ако претходно сте збореле т.е ви била тема на разговор оваа книга).
 
Тоа се големи теми и не можат да се објаснат накратко. Ти ја препорачувам следнава книга која ги одговара токму тие прашања кои ти ги поставуваш:
http://www.crkva.org.mk/Knigi/otkrovenie.htm

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ставрогин, во протестантските цркви не постојат ценовници, не се наплатува ниту за крштевка, ниту за брак, ниту за погреб, ниту за каква било богослужба, нема суеверија, нема празноверија, Светото Писмо го има последниот збор. Се надевам имаш посетено некоја протестантска црква.
Немам. А на кој начин се финансираат? Од што живеат протестантските свештени лица? Или се аматери свештеници, односно лица која имаат некоја профана работа, а се свештеници само во слободното време?(не сум ироничен, само прашувам)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Немам. А на кој начин се финансираат? Од што живеат протестантските свештени лица? Или се аматери свештеници, односно лица која имаат некоја профана работа, а се свештеници само во слободното време?(не сум ироничен, само прашувам)
Во протестантските цркви не постои служба свештеник. Затоа, за да не дојде до недоразбирање, предлагам со еден збор да ги нарекуваме духовни работници.
Значи некои од духовните работници си имаат, како што ја нарекуваш, профана работа, а се занимаваат со духовна служба само во времето определено за тоа.
Оние пак кои што се во полновремена духовна служба, тие се хинансираат исклучиво од доброволни прилози, без никаква принуда, како што ги учи Светото Писмо:

„Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“ (2 Коринтјаните 9:7, Библијата)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244

Да не е одлуката во срцето поврзана со рајот некако?
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Абе што со синовите божји?
Кои се тие?
Job 1:6

One day the angels came to present themselves before the LORD, and Satan also came with them.

Job 2:1
Again there was a day when the sons of God came to present themselves before the LORD, and Satan also came among them to present himself before the LORD.
Ти напишав ало? Читаш ти или слеп си? Синовите божји се луѓето.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Чекај малку...смири се.
Синови божји има и синови на човекот.
Кои се кои?
Најдобронамерен совет, игнорирај го тој што си го цитирал, ниту нешто знае, ниту може да ти одговори.:)
--- надополнето: Jun 19, 2011 12:36 AM ---
Исаија 14-12
Како падна од небото Деницо (Светлоносецу), сине Зорин? Како ли си симнат на земјата ти, угнетувачу на народите?

Откровение 22-16
Јас, Исус, го испратив Својот ангел, да ви го посведочи ова на црквите. Јас Сум корен и род Давидов; сјајната ѕвезда Деница!”

Јован, чудно чоече инаку, кажува работа која е прилично мистериозна...
Дали Светлоносецот е Синот Човеков!?
 
Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Синови божји се луѓето, Синот Човечки е еден тоа е Исус.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Што значи зборот маран - ата во Коринтјаните 16:22 ?
--- надополнето: Jun 20, 2011 1:00 PM ---
Која е најстарата Православна Црква (или Манастир) во Македонија?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Синови божји се луѓето, Синот Човечки е еден тоа е Исус.
Синови божји не постојат, пошто не постојат богови. Никакви.

Синови човечки сме сите ние. Секој од нас е син на некој човек (жив или мртов).

Исус е приказна. Како што е приказна Тор, Кришна; како Алах, Митра, самовилите, Луцифер, Дедо Мраз или Брама.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Синови божји не постојат, пошто не постојат богови. Никакви.

Синови човечки сме сите ние. Секој од нас е син на некој човек (жив или мртов).

Исус е приказна. Како што е приказна Тор, Кришна; како Алах, Митра, самовилите, Луцифер, Дедо Мраз или Брама.
Време е веќе и по улиците да почнеш да го кажуваш ова. Ова вака по форуми неможе да земе голем замав. Земи излези на телевизија, прај брошури итн. За нели, сите да научат. Само стискај палци да не те прашат од кај го знаеш сево ова.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што значи зборот маран - ата во Коринтјаните 16:22 ?
--- надополнето: Jun 20, 2011 1:00 PM ---
Која е најстарата Православна Црква (или Манастир) во Македонија?
1. „Маран ата„ значи „Господ доаѓа„, колку ми е познато.
2. Не знам кој е точно најстар манастир или Црква, но меѓу најстарите манастири секако е Велјуса, струмичко, стар 1000 г.. Тука некаде е и храмот „Св. Богородица Перивлепта„ во Охрид, како и храмот во комлексот „Св. Наум„ од 10-от век.

Најстарите цркви се наоѓаат во античките Стоби и Хераклеа и сличните археолошки наоди, но тоа е раниот период од Црквата.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
1. „Маран ата„ значи „Господ доаѓа„, колку ми е познато.
2. Не знам кој е точно најстар манастир или Црква, но меѓу најстарите манастири секако е Велјуса, струмичко, стар 1000 г.. Тука некаде е и храмот „Св. Богородица Перивлепта„ во Охрид, како и храмот во комлексот „Св. Наум„ од 10-от век.
ОК. Фала Мики

Најстарите цркви се наоѓаат во античките Стоби и Хераклеа и сличните археолошки наоди, но тоа е раниот период од Црквата.
Ова се т.н. Базилики, така?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom