Па Телма години наназад има откупено право за Вимболдон... И ако не се лажам, имаат уште 3 години, и на телма се доста добри, ако ништо друго барем во коментирање, и сигурно нема да бидат пристрасни како на пример Србиштава глупи.. Се поќе и поќе ме нервираат...
--- надополнето: Jun 19, 2011 10:46 PM ---
Ѓоковиќ: Роџер и Рафа се фаворити на „Вимблдон“
Откако се познати носителите и откако беа извлечени паровите за овогодинешниот „Вимблдон“, најдобрите тенисери веќе ги изнесуваат своите мислења пред трениот Грен слем сезонава. Новак Ѓоковиќ влегува во турнирот со нова одлична шанса за прв пат во кариерата да се искачи на врвот на светскиот тенис. Ако Рафа Надал го освои турнирот, на Ѓоковиќ му е потребен пласман во финалето. Откако на Ролан Гарос беше прекината неговата серија победи од почетокот на сезоната, Србинот смета дека Надал и Федерер се главни фаворити за вредниот трофеј.
„Нивото на квалитет во машкиот тенис расте од ден на ден. Сега има голем број тенисери кои можат да конкурираат за трофејот, но сметам дека Рафа и Роџер се главни фаворити поради сè што направија досега на овој турнир“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Србинот не одигра ниту еден од подготвителните турнири на тревната подлога, но со редовни и силни тренинзи, фокусирани на привикнување на движењето на тревата, се надева на добар пласман. „Сезоната на оваа подлога е многу кратка и секој од нас има различни начини на подготовка. Мене ми требаше малку одмор од натпреварувањата и добро ми дојде оваа пауза. Чувствувам дека сум во добар ритам и подготвен сум за добар настап на 'Вимблдон', кој верувам дека сите го сметаат за најважен турнир“.
Новак Ѓоковиќ се наоѓа во делот од ждребот во кој се наоѓа и Роџер Федерер, па доколку двајцата фаворити играат на очекувано високо ниво, ќе се сретнат во полуфиналето. На другата страна од ждребот се Енди Мареј и Рафа Надал.
Интересна изјава, со која кажува дека не сака да има товар на својот грб..