Wimbledon, 13.06 - 03.07.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување

Кој мислите дека ќе го освои Вимболдон, оваа година, во машка конкуренција ?

  • Рафаел Надал

    Гласови: 20 32,3%
  • Новак Џокович

    Гласови: 17 27,4%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 22 35,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 0 0,0%
  • Робин Содерлинг

    Гласови: 0 0,0%
  • Давид Ферер

    Гласови: 0 0,0%
  • Енди Родик

    Гласови: 3 4,8%

  • Вкупно гласачи
    62
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Надал ја започнува одбраната на Вимболдон против Михаил Русел, Џокович ке игра во првото коло против Џереми Чарди и најинтересниот дуел во првото коле ке биде кој друг ако не:

НИКОЛАС МАХУТ И ЏОН ИСНЕР
повторно​

Овие што у 5и сет имаа 120 и кусур гема?
 
Искрено сакав Надал - Федерер во 1/2 финале да се погодат.. Ама ништо од тоа.. :) Иначе Ноле доколку влезе во финале, или пак Рафа не го освои турнирот е сигурно прв така?
 
Искрено сакав Надал - Федерер во 1/2 финале да се погодат.. Ама ништо од тоа.. :) Иначе Ноле доколку влезе во финале, или пак Рафа не го освои турнирот е сигурно прв така?

Првата шанса за да биде број еден ке биде ако Надал киксне пред финале.Тогаш Џокович нема да има потреба од успех некој голем на Вимболдон зошто од самото губење на бодови на Надал ке се качи позиција погоре.Втората ке биде ако влезе во финале Џокович.Тогаш ке добие повеќе поени и нема да биде битно дали ке ја освои Надал титулата или не, Џокович пак ке биде број 1.Значи Ноле да напредува едно коло повеќе од лани (1/2 беше лани) и не е битно уопште Надал како ке изигра.
 
Ве сфатив и тебе и Сашенко, и можам да кажам дека сте доста во право...Секако дека Надал има далеку подобри резултати и трофеи освојувано, и тоа уште во младите години, додека Новак го нема доживеано тој успех, а тука се со годините... Но сепак за останато мислам дека се може да биде и подобар од Федерер и Надал, и мислам дека во наредните 5-6 години Новак ќе биде алфа и омега во тенисот... Јас можеби подоцна сум почнал да гледам тенис од вас, па и затоа навивам за Новак, ама мислам дека Новак може да биде легенда исто како и Рафа и Федерер, иако покасно “почна„ да игра тенис, а моето мислење го кажува и фактот 2011, и за малку несрушен рекорд на најдолга серија без пораз, или победи во серија :)
Бидете поздравени, и се надевам дека ќе уживаме со добар тенис во Вилмблдон... :)

Супер, многу јасно.. Мора да има и нови фанови, и оние кои сега почнуваат да го следат тенисот и тоа е супер.. Не се ни сомневам дека Ноле, ќе биди голем шампион и јас тоа го сакам заради доброто на оваа игра...

Само не прави споредби, кои немаат врска, бидејќи ќе испадниш смешен.. Ние,старите форумџии, ептен памтиме (шала)...

Поздрав и очекувам добар турнир... И се надевам ќе бидиш тука почесто..

Едит: Гледам ја поставија ждрепката... За поените имате супер објаснато во воведот на темата, ако не ви е мака прочитајте... :)

Иначе и Надал да ја одбрани титулата, ако Ноле влезе во финале, тогаш пак Ноле е прв.. Или пак ако Надал испадне пред финале, тогаш пак Ноле е прв, бидејќи Рафа губи, а Ноле добива поени... Поените се презнтирани во првиот, воведен пост

Поздрав
 
Не се лоши ждрепките.Првите четворица не би требало да имаат проблеми големи до 1/4 финале зошто убедливо се најдобри во своите групи.Интересни мечеви до 1/4 финале ке има сигурно зошто во иста група се паднати:

Надал, Дел Потро, Бердих, Вердаско

Мареј, Родик, Типсаревич и Кралович (ама играат еден против друг во прво коло), Вавринка

Федерер, Ферер, Цонга, (Иснер и Махут хаха)

Џокович, Содерлинг, Хјуит, Троицки, Багдатис..

Ке има интересни дуели тоа е сигурно, очекувам одличен Вимболдон..
 
Ќе се драпаат пак овие двајцава :)
 
Групите се вака:

1.Надал
2.Мареј
3.Федерер
4.Џокович

Распоредот е направен вака како што видов во ждребот.А за полуфинале незнам како ке биде распоредот и која со која група ке формира полуфинални двојки.Кој виде дека Надал Федерер нема полуфинале да играле?Едино ако бидат 1 со 2 и 3 со 4...
 
1/2 финале :
Надал-Мареј
Федерер-Ѓоковиќ
..ако се оди според планот..
 
1/2 финале :
Надал-Мареј
Федерер-Ѓоковиќ
..ако се оди според планот..

Надал го пердаши Мареј на Вимболдон секоја година.Џокович-Федерер ке биде пак најдобриот меч на турнирот ако не влезе Ноле во финале па да го видиме на мегдан пак со Надал.Доколку изгуби Новак, турниров мислам дека е на Надал.
 
Надал ја започнува одбраната на Вимболдон против Михаил Русел, Џокович ке игра во првото коло против Џереми Чарди и најинтересниот дуел во првото коле ке биде кој друг ако не:

НИКОЛАС МАХУТ И ЏОН ИСНЕР
повторно​

Леле немогуче. Ова ќе биде интересно. АКо можам обавезно ги гледам...:)
 
Сега во три сета ќе се реши според мене.
 
Player Rafael Nadal | Roger Federer​
Date 25 years 3 days |25 years 3 days​
Age

ATP 46 | 39
Master 19 | 10
Majors 10 | 8
Weeks No 1 99 | 132
STATUS as of 6th June, 2011:

добра споредба за исти години игра надал има многу повеке освоено од федерер.. дали ке може да го руше рекордо на гренд слем титули на федерер.... фан на Надал сум отсекогаш но не мислам дека ке освои повеке од федерер :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom