Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Вчера го гледав филмот чиј крај ми направи најмногу ќејф од сите филмови кои сум ги гледала до сега. Станува збор за Dogville.
Мислам дека ова не е спојлер, не откривам ништо за крајот, само ќе кажам дека филмот е совршен. Малце на почеток мислев дека сум симнала некој погрешен фајл, ми изгледаше ко да гледам театарска претстава, ама се исплатеше.
 
T

Tetro

Гостин
Вчера го гледав филмот чиј крај ми направи најмногу ќејф од сите филмови кои сум ги гледала до сега. Станува збор за Dogville.
Мислам дека ова не е спојлер, не откривам ништо за крајот, само ќе кажам дека филмот е совршен. Малце на почеток мислев дека сум симнала некој погрешен фајл, ми изгледаше ко да гледам театарска претстава, ама се исплатеше.
Уште тогаш, одамна, одамна (ама не толку многу)... Го пуштив еднаш филмот. Гледам, скоро 3 саати трае, згора на се` тоа баш, театарска претстава. Погледав малце и го исклучив. После неколку денови пак нешто ми текна, ама тогаш бев расположен за филмче од овој карактер. Препорака: Гледајте го овој филм кога ќе сте расположени за гледање подолг филм. До тогаш, само собирајте здравје. Јас пак ќе си го гледам, го ставив на листата. :)
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
И В. Кар Ваи снима филм за Ip man - The Grandmasters (2012). Требаше да биде готов за Канскиов фестивал, ама пошто (типично за него) бајги импровизира и снима без сценарио, заглави, па го одложи за нареднава година. Кореограф е Woo-ping Yuen , кој ја изработи кореографијата и за Iron Monkey (и режисер), Crouching Tiger Hidden Dragon, Matrix, Kill Bill...
За многу кратко време Кар Ваи ме освои и сега го ставам меѓу мои омилени режисери на денешницава . За филмовите што ги прави нема што да се збори , тотално уникатен стил на создавање , уште кога прочитав дека снимал и без сценарио ....
Голем грев ќе направите ако не изгледате барем еден негов филм , типов е меѓу мајсторите на современиот филм :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Вчера го гледав филмот чиј крај ми направи најмногу ќејф од сите филмови кои сум ги гледала до сега. Станува збор за Dogville.
Мислам дека ова не е спојлер, не откривам ништо за крајот, само ќе кажам дека филмот е совршен. Малце на почеток мислев дека сум симнала некој погрешен фајл, ми изгледаше ко да гледам театарска претстава, ама се исплатеше.
Фантастичен филм/крај, многу пати го препорачувам, сосема несекојдневен и необичен :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Многу фалење му удривте на филмов, само незнам не ми се седи 3 саата пред компјутер.
Ај можда ќе биде и тој деноввие иако ако седам 3 саата поарно Godfather ќе го гледам ама добро ќе биде и Dogville еднаш :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Twelve Monkeys (1995)

Брус Вилис, Бред Пит, Меделин Стоув...

Случајно шетајќи по имдб и правејќи си листа на гледани филмови, налетав на овој. Првпат го сретнав да бидам искрен и ме заинтригира тоа горе десно во ќошот едно малецко такво Sci-Fi. Никогаш не сум можел да останам рамнодушен на тој жанр.
Го ставив во watchlist и одвај дочекав да правам пауза од учењево и да го изгледам.

Не знаев ништо за филмов како што спомнав погоре, и од ко дознав не прочитав ништо, преферирам да гледам на црно, со колку што е можно помалку информации. На тој начин ми се намалени очекувањата, и често можам да добијам повеќе од колку што очекувам. Секако тука е и обратното, кое одвреме навреме се случува. Но тоа е, мора да има рамнотежа, така функционира и универзумов цел.
Кога сум кај универзумот, тоа ме носи на приказната во филмов. Уште еден со фамозното патување низ универзумот, не низ неговиот простор, туку неговото време. Но тоа не е акцентот на филмот, односно не се базира на тоа како и зошто луѓето почнале да го користат истото, туку можам да го наречам алатка за потребите на приказната. Ова е исто, како што јас си ја нарекувам математиката алатка на физиката.
Во кратки црти, имаме сцена што се повторува повеќе пати низ филмот, односно присеќање/сон на еден човек што го прогонува цело време. Тој истиот човек е "доброволец" за мисија за да собери колку што може да собери повеќе информации од минатото, односно каде што ќе го пратат. Сето тоа е со цел за враќање на нормала на човештвото на оваа планета. Можеби има некое си малецко терминатор клишенце, ама сепак поминува тоа.
Да кажам и за глумата два-три збора. Брус Вилис, ко Брус Вилис, онаа фацана негова што не ја менува во ниеден филм ни тука не е исклучок. Никогаш не ми бил некое актериште (или можеби го немам гледано вистинскиот филм кај што бил), но сепак солидно си ја истерува улогата. Од друга страна, Бред Пит, за споредната улога што му е дадена, добива 9.5 од мене. Во некои моменти ми наликуваше на совршеноста на Хит Леџер како џокерот. Со некои потези што ги правеше и внесеноста што ја имаше во улогата.
Тоа е тоа, филмов заработи едно 8че кај мене.
Спомнат е 1000 пати на форумов :) И да, филмов ми е главен аргумент контра тезата дека Бред Пит не знаел да глуми. 10-ка за него!
 
Н

'Никола'

Гостин
Спомнат е 1000 пати на форумов :) И да, филмов ми е главен аргумент контра тезата дека Бред Пит не знаел да глуми. 10-ка за него!
Не сум начекал. Како и да е, убаво е вака од време на време да се изненади човек со добро филмче, во вакви сушни времиња.
 
T

Tetro

Гостин
Paul (2011)
http://www.imdb.com/title/tt1092026/
Само што го гледав филмов,па меморијава ми е тазе.
................
Инаку на филмов му давам силна 8мица.
Го гледав Paul и искрено не ме насмеа многу . Повеќе ми се допадна начинот на кој иронично беа прикажани некои мислења што ги има денешнава популација отколку хуморот... Иако Сајмон Пег и Ник Фрост ги толкуваат главните улоги (Сет Роген го позајмува гласот на Пол),овај пат не успеаа да ме насмеат како во Shaun of the dead.
Да не се повторуваме многу со zee German, филмот е утнат, многу утнат. Мислеле дека ќе направат нешто смешно, испаднала дупка во водата. Тоа е тоа, нешто кое е одамна изгледано и прегледано, ништо ново иновативно нема тука. Само костимот на вонземјанинот е добар.

Да не лупам спољери за џабе, му закачив една 6-ка колку да не му рушам просек, а и знам веќе дека на оценките од имдб за поновите филмови да ги минусирам со две оценки подолу од моменталните. ;)
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Што значи "тизер" (teaser) ?
Basically, краток трејлер или "реклама", наменет за да се заинтересира публиката, односно да се поигра или закачка со нив во буквален превод. Главно teasers излегуваат многу порано пред излегувањето на филмот или серијата, за разлика од официјалните трејлери!
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Source Code поглупав крај неможеше да има дефинитивно.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Пошто сум ограничен со интернет имам еден проблем.Еве една листа од 5 филмови ,кажете ми кој е вреден ,а кој без врска ,знам дека секоj си има свој вкус ,но кажете си го мислењето.

-Bangkok Dangerous
-The Bank Job
-The Italian Job
-Awake
-The Hurt Locker

Iceboy ,да не требаше тоа под спојлер да го ставиш...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom