Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
North Face

Акција, љубовна приказна, трагедија. Пркрасни пејсажи но и многу реално доловен алпинизам во тешки услови.

Сиже: Двајца алпинисти ја напуштаат германската војска за да се обидат да го освојат врвот Ејгер во Швајцарија во 1936 год. Истовремено тоа го прават и двајца Австријци. Едниот Австриец се повредува, но одбива да се симне. Пти качувањето, наместо да стигнат до врвот, мораат да се вратат за да не умре Австриецот. Ги снаоѓа невреме, лавина, им се губи јажето. Тројца умираат, но едниот се бори за живот. Спасувачите стигнуваат на неколку метри од него -- меѓу нив и неговата девојка која работи за германски весник и прави репортажа за настанот -- тој виси од карпа и нема сила да се покрене за да скокне и да се спаси.
--- надополнето: Jun 11, 2011 3:01 AM ---

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Lilya 4-ever
Филмов е еден од најтрогателните ever. Како прво, ќе видите дека причина за живеење постои дури и во случајот ако рај постои, и ако рајот е нешто прекрасно.
Volodja: I killed myself and went to heaven and yeah, it's really good in heaven. But I regret it, 'cause I wanted to live on earth a little longer. You remain dead for all eternity, but you're alive only for a brief moment. Everyone's spitting at you, but you're not ready
[to die]
Како второ, луѓето кои имаат потреба да идеализираат, тоа го прават и кога немаат реална основа, зошто кај нив идеализирањето се јавува повеќе како потреба отколку како начин на размислување.
Како трето, во филмов видовме бајаги отапени луѓе, всушност тоа беа сите освен двата главни лика. Дали можеме да го обвиниме општеството за таквата бесчувствителност на поединците? Дали колку повеќе пател некој човек, тоа што е отапен можеме повеќе да го оправдаме или такви ствари немаат оправдување затоа што освен што се последица на бедните услови стануваат меѓу другото и причина за истите (бидејќи никој на никого не помага)?
И така, гледајте го
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
542
Поени од реакции
731
http://www.imdb.com/title/tt1148204/

Незнам предходно дали сте го спомнале филмов, ама вреди да се погледа. Едно семејство, поради прераната смрт на нивното дете, решава таа празнина да на надополни со што ке посвои дете од сиропиталиште. Откако ке дојде во новиот дом, детето го менува своето расположение и наеднаш од мило и слатко дете станува .... :sneaky: Мислам дека доста ви кажав и ве заинтригирав да го погледнете филмов... На почетокот ке си помислите дека е навидум обична драма, мегутоа како што рекле старите " крајот го краси делото" :)

Оценка: 9,5/10 Одлична глума на сите актери. А и приказната е добро осмислена...
 
T

Tetro

Гостин
Се мислев вечерва нешто измеѓу Lost Highway, Mulholland Dr. и испадна Blue Velvet (1986). Одамна беше кога го гледав филмов и го имав подзаборавено малку. Филм на David Lynch (да мајндфак филм креатор). Врз идејата на Блу велвет (син сомот) подоцна е адаптирана и приказната за серијалот Твин Пикс (1990-1991). Син сомот, со номинација за оскар и други 17 победи на фестивали. Ниту едно дело на Линч ме нема разочарано, а имам високи очекувања кога гледам ваква психолошка драма. Уствари, Блу Велвет е прикажан како трилер, мистерија. 2 саати прекрасно уживање, со премногу заплети, кои Ве носат се` до последен момент. Тие што гледале барем два филма од авторот, ќе знаат што да очекуваат. ;) (wink)

Нешто за филмот. Дејството се случува во мало место, Северна Америка. Џефри (Kyle MacLachlan) се враќа во родниот град, во посета на неговиот татко кој лежи во болница по добиениот мозочен удар. Додека се враќа по патот накај куќата на неговите родители, ќе најде отсечено човечко уво. Увото ќе го понесе со себе кај детективот Џон, во полиција. Набргу ја запознава ќерката на детективот, Сенди (Laura Dern), со која ќе започне да се дружи. Од неа ќе дознае за истрагата и за некои луѓе кои се осомничени за случајот со отсеченото уво.

9,6/10 од мене.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
[Rec] (2007)

По подолго време имав прилика да гледам хорор во кино во рамките на шпанскиот циклус во Кинотека на Македонија. Го имав филмот на хард но кино си е сепак кино.

Самиот филм е главно прикажан преку камерата на една водителка на реални шоуа и нејзиниот камерман и доста потсетува на стилот во Paranormal Activity.

За време на снимањето на ноќната смена во една противпожарна станица во Барселона пожарникарите добиваат паничен повик за помош од една жена. При влезот во зградата пожарникарите и тв екипата откриваат две работи, жената е чудно агресивна а станарите се ужасно исплашени. Од тој момент почнува хоророт во зградата.

За самиот филм имам мешани чувства. Најмалку пола филм се врисоци кои после половина час почнуваат да одат на нерви. Освен тоа филмот го повторува познатото клише жените да врискаат и да паничат а мажите да се обидуваат да најдат решение кое во овој случај резултира со еден куп мртви тела во филмот.

Од друга (позитивна) страна дејството е на моменти стварно напнато но според мене дури и се претерало со „реализам“ така да повремено самите писоци и врисоци делуваа малку извештачено и комично и неколку пати предизвикаа и смеење кај публиката. Сепак неколку рипнувања од столче се загарантирани (посебно едно се памти каде буквално цела публика потскокна од место) и љубителите на ваков вид психолошки хорори каде експресиите и емоциите на ликовите доаѓат во прв план секако ќе најдат интерес да го погледнат. На кого му се допаѓаат хорори од типот на Paranormal Activity нејверојатно ќе ужива и во ова остварување.

Добар обид за нешто европско, реално и поемоционално но според мене се претерало во одредени сегменти и тоа ја намалува вредноста во мои очи.

По завршувањето на филмот сите имаа насмеани лица како да гледале комедија што не паметам на еден хорор филм.

И да напомнам, филмот има добиено повеќе европски награди што може да е додатен мотив да се погледне и да се донесе свој суд.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Lilya 4-ever
Филмов е еден од најтрогателните ever. Како прво, ќе видите дека причина за живеење постои дури и во случајот ако рај постои, и ако рајот е нешто прекрасно.

Како второ, луѓето кои имаат потреба да идеализираат, тоа го прават и кога немаат реална основа, зошто кај нив идеализирањето се јавува повеќе како потреба отколку како начин на размислување.
Како трето, во филмов видовме бајаги отапени луѓе, всушност тоа беа сите освен двата главни лика. Дали можеме да го обвиниме општеството за таквата бесчувствителност на поединците? Дали колку повеќе пател некој човек, тоа што е отапен можеме повеќе да го оправдаме или такви ствари немаат оправдување затоа што освен што се последица на бедните услови стануваат меѓу другото и причина за истите (бидејќи никој на никого не помага)?
И така, гледајте го
Слободно искажи се дека за бело робје е филмот, повеќе луѓе ќе го гледаат :).

X-Men: First Class Movie Trailer



Икс мен почетокот, па да и затоа е филмот како се има создадено заедницата на мутаните нивните сомнежи кон луѓето итн. Посебно се става акцент на животниот пат на Професорот икс и Магнето. Добри ефекти лоша снимка не почекав наредниот ден беше ставен со подобра снимка, ама глупо ми е ваков вид на филм два пати да го гледам.
 
П

Паган-др

Гостин
Hall Pass (2011)



Оженети мажи, жениве ги пуштаат на "hall pass". Една недела исто како да не се во брак, да праат што сакаат. Овие мислат ќе биде исто ко на колеџ, само првите два/три дена праат некои глупости со другите пријатели. Искрено, очекував малку повеќе од филмов. Не е нешто посебно, ама е добар за тепање време и одмарање мозок.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
It's Kind of a Funny Story (2010)
http://www.imdb.com/title/tt0804497/

Ретко гледам вакви филмови,али во недостаток на филмови се решив да го изгледам овој..
Се работи за комедија каде еден 16 годишник сака да изврши самоубиство, но наместо тоа се упатува во болница каде кажува дека има самоубиствени мисли. Го задржуваат во болницата 5 дена каде запознава разни луѓе, секој со свој проблем, а меѓу нив се и Bobby (Zach Galifianakis) и Noelle (Emma Roberts) со кој има посебни врски и случувања.. Доста позитивно ме
изненади филмов и за разлика од другите комедии, за мој вкус е доста солидна комедија.

Оцена - 10/10
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
National Treasure 2


- По успешната прва мисија, др. Гејтс заедно со екипата се впуштаат во нова авантура поттикната од страна на г-дин Вилкинсон кој го оцрни презимето на неговата фамилија откривајќи во јавноста дека предок на Гејтс го има издадено и дирекно учествувано во атентатот на претседателот Абрахам Линколн. Нивната цел е да го пронајдат ''златниот град'' Сибал, кој единствениот доказ за невиноста на прапрадедо му на Бен ..

Не ме воодушеви толку како првиот дел. Изостануваше напнатост и имаше преголем праг на толеранција, дури и за овој филм. Сакале да доловат уште по mind blowing приказна во однос на првата, ама во мои очи не им успеа .. Фалеа и доста историски тврдења и муабети, кои изобилуваа во кецот.

5/10
 
S

smexy

Гостин
Paul (2011)
http://www.imdb.com/title/tt1092026/
Само што го гледав филмов,па меморијава ми е тазе.

Станува збор за двајца британски sci-fi nerd-ови кои на патување во САД налетуваат на вонземјанин заглавен на Земјата со години.

Вонземјанинот,по име Paul,се разбира е главната фаца во филмот.

Тој веднаш по crash landing-от е одведен во американска база,каде што живеел во илузии дека е нешто како вработен,за по 60 години конечно да избега од она што всушност е затвор.
Дејството се врти околу неговите обиди да стигне на meeting spot-от каде што треба да очекува мисионери од неговиот народ кои доаѓаат да го спасат,во неговиот план,ќе се вметнат и двајцата гикови но и една девојка која целиот живот го минува во ментални пранги кои ги поставил татко и.
Авантурата за нив ќе биде како еден отварач за очи,па дури и за Пол.

Пол е ултра-вулгарен,самоуверен,и често,накратко jerk,кои придонесуваат за хуморот во филмот,карактеристики кои се надополнети од неговата храброст и несебичност.
Филмот навистина добро успева да ги исмее стереотипите и незнаењето кон E.T животни форми кое тлее дури и денес.
Инаку на филмов му давам силна 8мица.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Ike

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184


Филмот ги надмина моите очекувања. Мислев дека е некое тешко срање ( што за некои можеби и е ) но мене лично филмов ми направи ќееф. Нема да ви откријам ништо, ќе ве оставам сами да одлучите дали да го гледате или не. Само еден мал hint - кој го гледал Inception и сака филмови од таков калибар, тогаш ова е must watch!

Оценка на IMDB - 7.7/10
Моја оценка - 9/10
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Кратко ќе се вмешам и да кажам дека последно изгледани филмови ми се баш овие два филма во постовите над мене Paul и Source Code и сум воодушевен и од двата филмови, особено од Сорс Код, кој е навистина предобро смислен и реализиран, секоја им чест за идејата.
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
I've watched a bunch of movies these days, some of which I'll review...and I'll try to keep it as short as I can :giggle:

This is Spinal Tap

Фантастична комедија, која без размислување би ја сместил меѓу најдобрите од жанрот.
Во филмот, на еден оригинален (за декадата во која е снимен) сатиричен начин, се прикажани доживувањата на рок групата Spinal Tap, и нивната турнеја низ САД. Сето ова е прикажано како документарец, режиран од филммејкерот Marty DiBergi. Но токму преку таа сатира, ни се покажува суровата реалност низ која поминуваат рок групите, нивните брзи подеми, но и уште побрзи падови.
This is Spinal Tap е еден од првите филмови кој целосно го заслужува називот mockumentary(Rockumentary :LOL:)
Оценка 9/10

All the President's Men

Веројатно сите сме запознаени со, или барем сме слушнале нешто за аферата Watergate. Овој филм ја разработува токму таа позната "црна дамка" во американската историја, но од перспективата на репортерите Carl Bernstein и Bob Woodward (кои одлично ги глумат Dustin Hoffman и Robert Redford, во веројатно најдобрите години од нивната кариера). Токму тие се оние кои што ја обелоденуваат целата оваа афера, која на крај завршува со импичмент на тогашниот претседател Richard Nixon. Тие почнуваат со нивната соработка веднаш по апсењето на крадците од Watergate. Овие млади репортери упорно ги следат сите траги на кои наидуваат, постојано завршувајќи во ќорсокак, но цврсто убедени дека можат да ги сложат сите делови во оваа комплицирана сложувалка.
Истражувачкото новинарство е претставено на многу интересен начин, дејствието ве држи во неизвесност цело време (Even though you know the outcome), солидни изведби, посебно од споредните актери. Едноставно, начинот на кој што приказната се отвара е маестрално изработен, секоја чест на режисерот и сценаристите...And don't forget, we have president Nixon and his administration to thank for this great movie!
Оценка 9/10

Big Fish

Симпатично филмче во режија на Tim Barton...човек за чии филмови имаме прилично добра идеја како би изгледале!
Сторилајнот на овој филм не води низ животот на Ed Bloom, кој што упорно, низ целиот свој живот се обидува на својата животна приказна да и даде еден фантастичен, митолошки карактер. Но колку и да е тоа филмски направено, сметам дека секој може да се поврзе и да размисли за тоа што всушност е пораката на овој филм. Исто така на многу добар начин се претставени заладените односи помеѓу татко и син. Актерите одлично си ја извршиле својата работа, исто како и Barton, со неговата секогаш присутна ексцентричност.
What more can I say, it's definitely a heart-warming story, a movie for people of all ages!
Оценка 9/10

Dogville

Филм кој долго време се канев да го гледам, и на тој чекор се одлучив веднаш по препораката на Psyside (y)

Не знам дали некогаш сум гледал нешто слично на овој филм. Филмот е предолг, а дејствието многу споро....Fantastic :LOL:
Филмот претставува една freaky обзервација на однесувањето на човештвото, во случајов во едни екстремно сурови услови во мало гратче, хмм...уствари селце goddammit, со едвај 20 жители!
Токму во тоа селце завршува Grace (Nicole Kidman :love:) бегајќи од своето минато, убедена дека тука ќе го пронајде мирот кој го бара. На почетокот граѓаните (селаните де) од нејзе бараат да им помага во секојдневните работи како замена за тоа што и овозможуваат засолниште, но како што поминува времето "добродушните" селани го покажуваат своето вистинско лице.
Морам да ја пофалам сценографијата на филмот (кој го гледал знае за што зборувам), за која на почетокот си мислев, oh no, the whole movie is gonna be like that...ама крајниот впечаток е многу позитивен.
Освен тоа што е тежок за гледање, филмов е во голема мера застрашувачки, и дефинитивно ќе ве натера да размислувате за природата на човековото однесување, and for all the Dogviles out therе...
Актерската екипа е навистина одлична, а морам да го спомeнам и името на режисерот на филмот Lars von Trier (The Nazi :)), extra credits to him.
This time the last will be the least...Оценка 8/10 (Колку да се разликува од трите други филмови погоре)
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.633
Поени од реакции
10.353
Source Code (2011)
Нема што многу да се кажува мора да се погледни, вистинско ремек дело, најдобар филм засега во 2011
Не е како другите филмови каде што за да се стигни до главнотото дејство поминува пола филм, овде одма уште од првата минута, напнатост и акција! Jake Gyllenhaal заслужува оскар/златен глобус за улогата, еден од најдобрите актери на денешницата.
10/10
 
Н

'Никола'

Гостин
Twelve Monkeys (1995)

Брус Вилис, Бред Пит, Меделин Стоув...

Случајно шетајќи по имдб и правејќи си листа на гледани филмови, налетав на овој. Првпат го сретнав да бидам искрен и ме заинтригира тоа горе десно во ќошот едно малецко такво Sci-Fi. Никогаш не сум можел да останам рамнодушен на тој жанр.
Го ставив во watchlist и одвај дочекав да правам пауза од учењево и да го изгледам.

Не знаев ништо за филмов како што спомнав погоре, и од ко дознав не прочитав ништо, преферирам да гледам на црно, со колку што е можно помалку информации. На тој начин ми се намалени очекувањата, и често можам да добијам повеќе од колку што очекувам. Секако тука е и обратното, кое одвреме навреме се случува. Но тоа е, мора да има рамнотежа, така функционира и универзумов цел.
Кога сум кај универзумот, тоа ме носи на приказната во филмов. Уште еден со фамозното патување низ универзумот, не низ неговиот простор, туку неговото време. Но тоа не е акцентот на филмот, односно не се базира на тоа како и зошто луѓето почнале да го користат истото, туку можам да го наречам алатка за потребите на приказната. Ова е исто, како што јас си ја нарекувам математиката алатка на физиката.
Во кратки црти, имаме сцена што се повторува повеќе пати низ филмот, односно присеќање/сон на еден човек што го прогонува цело време. Тој истиот човек е "доброволец" за мисија за да собери колку што може да собери повеќе информации од минатото, односно каде што ќе го пратат. Сето тоа е со цел за враќање на нормала на човештвото на оваа планета. Можеби има некое си малецко терминатор клишенце, ама сепак поминува тоа.
Да кажам и за глумата два-три збора. Брус Вилис, ко Брус Вилис, онаа фацана негова што не ја менува во ниеден филм ни тука не е исклучок. Никогаш не ми бил некое актериште (или можеби го немам гледано вистинскиот филм кај што бил), но сепак солидно си ја истерува улогата. Од друга страна, Бред Пит, за споредната улога што му е дадена, добива 9.5 од мене. Во некои моменти ми наликуваше на совршеноста на Хит Леџер како џокерот. Со некои потези што ги правеше и внесеноста што ја имаше во улогата.
Тоа е тоа, филмов заработи едно 8че кај мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom